Премногу контрадикторноси се изнапишани на темава и секој гледа онака како што му одговара, упорно се трола и на крај секој си останува на своето, нејсе
И покрај многуте проблеми околу регулирањето на влезот во малата сала во Кале, поголемиот дел или поточно 50% од групата успеа да влезе и да го бодри клубот со што останатиот дел од групата беше разбиена од припадниците на МВР! Мора да се напомене дека при доагањето кон салата групата беше пресретната од 20тина шверцери кои го извекоа подебелиот крај и беше извојувана победа. Што да се каже околу целата утакмица прав делириум!Остро и до крај со многу емоции се следеше секој напад на клубот, со што резултираше со победа.
Ова беше напишано по мечот КК Вардар - КК Работнички, на официјалниот сајт на ЦПБ, ова го потврдија и самите членови на Комбат 87 кои беа присутни на натпреварот и навиваа за КК Вардар.
Ова се факти пред кои и боговите молчат, ко што и факт е дека на А трибина, далеку од јадрото на ЦПБ имало ете, некои си докажани фаци на шверцери, според сликава, 4-5 души биле.
Фактите налагаат и дека членови на Комити беа на трибина на овој натпревар, фактите налагаат и дека уште лани ако добро се сеќавате, а сите тоа го поздравивте на форумов, 1060 имаа фајт у еден автобус и оние другите го изедоа подебелиот крај иако претходно провоцирале и се пувале, ако добро памтам имало и некоја бремена жена во автобусот па дечкиве и за неа се погрижиле да не биде ни случајно допрена во ситуација кога и она може да настрада ..
Ова е пропуст кој за среќа поминал незабележано од одредени луѓе инаку хаос ќе се десеше на тој дел од салата, искуството тоа го налага, што во секој случај некому тоа ќе му одговараше бидејќи се чека и најмала грешка за да мечот биде прекинат а салата да биде испразнета а уз пут и касата на КФМ да се полни со пари. Но, ова е пропуст кој во иднина не смее да се случи,
факт.
КК Работнички повеќе нема пари за фрлање, прво, подршката од трибини е и те како потребна во вакви моменти кога финансиската слика не е нај нај а и состојбата на табела е таква каква што е, второ, парични казни и забрана за публика не доаѓа во предвид, и клубот го јаде дебело а и членовите на навивачката група кои киснат стандард по полициски станици, затоа и мора да се проголтаат некои работи ко на пример, да не се пеат песни кои повикуваат на национална омраза или да не се одговара на провокации кои можат многу лесно да резултираат до она што горе е наведено и со тоа и клубот и навивачите да изгубат многу. Лани неколку клучни дуели беа изиграни со празна сала, МЗТ тоа скапо го плати зашто првиот меч од полуфиналето дома го играа во празна сала и го загубија, Работнички сезонава ја почнаа без публика против Фени а и мечот со Вардар не се одигра и беше загубен службено поради неплатена казна.
И дај баталете ги овие дискусии, бар на оваа тема, користете ја темата за навивачки групи у подфорумот Фудбал за вакви преписки, тука за Се се прави муабет само не за она кое е главен онтопик.