Денес патував и јадев Вопер оброк како за споредба према Германија. Цената е релативно скапо, поскапо од Германија на пример. Е сега не знам дали секаде по аеродромите е поскапо, највероватно да но сепак цената е доста висока. Вкусот и скоро ист, не видов некоја разлика само што малку се штедеше на кромид. Ми падна исто така во очи дека се штеди на помфрит што го имам исто така видено во МекДоналдс во Скопје, но вкусот си беше ист.
Исто така ми беше малце чудно што вработените не зборуваа на Македонски. Меѓусебе зборуваа турски а со муштериите англиски и највероватно се Турци кој треба да обучат локални работници, така барем ми се виде и вкујна, може да се види до негде.
И да, точно е дека Бургер Кингот се наоѓа во Шенген зоната но не сум сигурен дали ресторанот е достапен само за тие што патуваат во Шенген зоната пошто малку луѓе имаше тоа време и еден лет само беше, значи сите патници тука беа.