(Не сум запознаен со сите религии, ептен многу ги има, затоа би сакал дискусијава да се врти околу оние Аврамовите. Вака, денешната наука побива еден куп религиски приказни. Сметам дека не може да се прифатат постулатите на модерната физика, астрономија или биологија и да се остане вистински верник. Јахве/Алах е семоќен и сезнаен, тој не смее да греши, прифаќање на денешната наука значи признавање дека твојот бог погрешил).[/quote]
А кога отвараш тема за религиите во 21 век само Јудеизмот, христијанството и исламот ли ги рачунаш за религии, а другите религии кои ги има многу да, но нај оригиналните и автентично живите религии како Таоизмот, Зенот, Суфизамот, Хасидизмот итн... за нив нејќеш да збориш баш за тоа прашање кое си го поставил во врска со науката и религиите дали одат заедно. Најновие научни сознанија се повеќе се доближуваат до откритија кои наликуваат се повеќе на тие на Мистиците од погоре набројаните религии кои тврделе од свое лично искуство дека се што постои во главно е енергија, дека материјалното е само привидна ствар- движењето на атомите и молекулите е толку брзо што ги прави нештата да добија привидно густина материјалност, слично е како кога пушташ вентилатор да се движи, како убрзува се повеќе наликува на целосен круг а не на одвоени перки, доклоку би се движело доволно брзо би можело да се допира со прсти и да изгледа како цврст материјал бидејки ке има толку ситен празен простор да не речам наномилиметри во наностотинка помеѓу, нема да може да пројде ништо низ него. Нешто слично е и со материјалноста на оваа реалност се што посоти е енергија и затоа би рекол дека не е потребно да се оделува науката од религијата или спиритуалноста бидејки нема никаква оделеност помеѓу нив, во науката се постапува на екстровертен начин на експериментирање со објективната реалност која во најдлабоката суштина е енергија, а во религијата или духовноста се пристапува интровертно или експериментирање со субјективната реалност на индивидуата. Од една страна науката навлегува преку материјата, а од другата страна духоноста навлегува преку свесноста или енергијата, но и двете навлегуваат во истата реалност,од едната страна е манифестирана и има форма на постоење,а од другата страна е безформна но со бесконечна потенцијалност за манифестација. Преку балансот на овие две нешта се трансцендира и се доаѓа до реалноста, но за сето ова е потребна тотална свесност.
("Чорбаџија, post: 4607035, member: 8767"]На кој „остаток“ мислиш? На еволуционистите? Факт е дека не се сите научници христијани, како што не се сите ни муслимани, ниту пак се сите атеисти, ниту пак се сите будисти. Заради верските војни во минатото историјата ги научила луѓето дека образованието и политиката мора да бидат демократски и секуларни и да не се фаворизира ниту една религија/вера. Затоа верата и верските книги се држат понастрана од официјалното образование, НО тоа не значи дека не постои дебата во научните кругови околу вистинитоста на теориите од типот на Биг Бенг, Кант-Лапласовата хипотеза за настанокот на Сончевиот систем и сл. Сите објективни, чесни и непристрасни научници се согласуваат дека овие се хипотези - што буквално значи „научни претпоставки“ за кои е не возможно да се докажат со научниот метод.
Од друга страна, Библијата не е научен учебник, ниту пак се декларира како таква за да се проучува во универзитетите (освен во теолошките факултети и библиски колеџи се разбира). Библијата има духовна порака и дури и таму каде што се провлекуваат научни вистини, воопшто не е водилка прашањето „како“. Значи самиот писател на библиската книга немал за цел да објаснува како нештата се направени, како тие функционираат и слични детали. Тоа е задача и цел на научните книги, а не на Библијата.)
Во погоге болдираното сам си докажа дека (Цитирам: освен во теолошките факултети и библиски колеџи се разбира) христијанската вера е ништо повеќе од секта, религија која може да се научи во колеџ или факултет е лажна религија, бидејки вистинската религија или подобро кажано религиозност како квалитет на индивидуата произлага одвнатре како процветување на самата свеснтост. Тоа што денес многу секти го имаат завземено местот во општеството како религии и тоа на религии со голема масна на луѓе е доказ за мал квалитет на интелигенција во светот.