Прееска на вестите на канал 5 имаше вклучување на некој од управата на МЗТ (не се сеќавам за кого точно стануваше збор) и даде одговор на неколку прашања.
Најпрвин истакна дека зимово ќе има чистка во МЗТ. Несватливо било како може играчите да даваат едвај 20-30% од своите можности. Посебно беше запрашан за Стефанов. Рече дека е смешно играч кој планирале да ја реши утакмицата да не постигне ниту еден поен...
За смената на Ацо, додаде дека неговата понудена оставка била одбиена расди тоа што веќе во четврток МЗТ игра ново дерби и не било убаво да се менуваат туку така тренери пред дербиња, особено затоа што немале алтернативно решение.
Направи и споредба со лани, кога беше избркан Петровиќ (мислам) а подоцнежните тренери се покажале како уште поголеми дибеци.
На крај го прашаа чива одлука била да не се задржат Јане, Зивчевиќ, Кире и Аврамовски.
Рече дека за ниту еден играч, Ацо не пресекол да каже, овој несакам да го имам во тимот. Кога дознале дека МЗТ ќе има големи амбиции барале преголеми договори. Се преговарало со сите, но сепак МЗТ не сакал да биде уценуван...
Им биле понудени за 30-40% поголеми договори од оние кои ги имаат во Работнички/Лирија и не им било сватливо како можеле да се одлучат да играат за помала плата во други тимови, а ги одбиле договорите од МЗТ...
Посебно потенцираше за Кире. Со него се преговарало уште од март. Наводно Кире не верувал во големите амбиции на МЗТ, па си работел и на страна. И кога сите мислеле дека договорот е постигнат, Кире им соопштил дека имал преддоговор со Фени уште од поодамна...