Мурињо ќе го вклучи Хесе Родригез, 18-годишниот играч од средниот ред на Кастиља, во првата екипа, за пативањето во Амстердам. Ова го објавува АС денеска, најавувајќи дека против Ајакс, Хесе би требало и да го има официјалното деби во првиот тим. Бисерот од Кастиља е еден од
најталентираните играчи од Фабриката, па така неговиоте игри не поминуваат незабележано и од Жозе Мурињо.
Хесе не е непознат за Мурињо. Аитор Каранка, уште по своето доаѓање во клубот, му го посочи Хесе на португалецот како огромен талент. И минатото лето, со едвај наполнети 18 години, Хесе патуваше со првата екипа на подготовките во претсезоната во САД и Кина. Настапи како стартер на дуелот со Филаделфија, а постигна и прекрасен гол со гради против кинескиот Гуанжу, по одличната асистенција на Ди Мариа. Хесе играше на 15 натпревари од вкупно 16те на Кастиља сезонава, од кои на 11 беше стартер. Досега има постигнато 4 гола. Но, неговите асистенции, неговите дриблинзи и продори, потсетуваат многу на големиот Зизу и на Кристиано Роналдо по малку. Последната негова мајсторија беше на дербито со Атлетико Б, минатиот викенд, каде што ја мина целата одбрана на противникот, и му асистираше на Хоселу за погодок.
Од друга страна, истите извори од АС највауваат дека Мурињо одлучил сега за сега, за сигурно, Касиљас, Рамос и Роналдо да не патуваат во Амстердам воопшто. А размислува да ги остави во Мадрид уште некои од неговите најкористени играчи, како Пепе, Марсело, Озил, Ди Мариа, Бензема......Адан ќе биде прв голман против Ајакс, а на клупата ќе биде или Мехиас, или Хесус. Во одбраната тандем стопери ќе бидат Албиол-Варан, а Коентрао се очекува одново да дејствува како лев бек. Арбелоа ќе биде десен бек ако стигне на време за дуелот, за да фати ритам пред Класико. Во средниот ред се очекува сигурно шанса да добијат Сахин, Алтинтоп, Гранеро, Каљехон, и Кака, за кој Жозе најави дека ќе биде стартер против Ајакс.