Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Дека воздухот во Скопје е загаден,загаден е.Доказите се тука,било какво подмачкување очи нема да пројде.Наша должност е да се активираме и побараме да се превземе се што е потребно за намалување на загаденоста,а не да се претвори ова во уште една дебилна дневно политичка дебата.

Тачно. Ја мислам да се вклучи тоа фабриката во Велес, можеби почист ќе биде воздухот.

Џст сејин. :)
 
Кее изгинеме луге ова е ненормално воздухот е хаоссссссссссс
 
Лондон

еве уште
strata-tower-006.jpg
Да видиш и мене ми кажаа пред некој ден само станици за вентилација во градов ке не спасат.И дека се скапи бајаги...Но можат едино они да створат вештачки ветер и проветрување кое природно Скопје го нема....Ни дрва ни ништо неможе..Како во Лондон..да...Али јас не сум информирана околу тие станици ....но ми делува како многу добра идеја..Ако знае некој нека објасни..
 
Нека ги запустуваат другите градови и селата, нека се населат сите во Скопје и уште толку нека се дозагади!
Кога властите(сите овие 20 години, а посебно последниве 5-6 години) се стационираат во скупи, требаше ова да се случи, па можеби ќе се сетат дека има и други места во републикава каде ќе може да се работи и живее!
 
ФОТО: Кога воздухот во Скопје е најзагаден?


Споделете ја веста со Вашите пријатели
%D0%BF%D0%BC10%20%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8.PNG
Доколку се погледне графикот за изминативе дванаесет часови објавен на сајтот „Скопје дише“ јасно се гледа дека нивото на ПМ10 честици постојано, во било кое време од денот, па дури и ноќе е над 250 микрограми на метар кубен. Светската здравствена организација за горна граница за застапеност на овие канцерогени честици зема 50 микрограми на метар кубен.

Од графичкиот приказ, се гледа дека во раните утрински часови, односно после пет часот наутро (кога со работа започнуваат најголемиот број индустриски објекти) ПМ10 честиците достигнуваат дури 700 микрограми на метар кубен, што е ниво поголемо дури четиринаесет пати од она кое СЗО го смета за нормално.

Откако во центарот на Скопје е поставена станица која го утврдува квалитетот на воздухот, на очиглед на граѓаните се ставени драстично зголемените количестваПМ10 честици во воздухот, кои што се опасни по здравјето.

Причинителите за загадувањето не ги обелоденува ниту една од надлежните институции, а градоначалникот Коце Трајановски им ги припиша на временските неприлики, односно на маглата. Денес во Скопје, немаше магла, а заради викендот беше намален и сообраќајот во центарот на градот.

Сепак, денес сајтот Скопје дише, им препорача на граѓаните да избегнуваат било каква физичка активност надвор и да останат дома. Наши читатели прашуваат како оваа препорака да ја испочитуваат, кога ги чекаат работни обврски и коментираат дека воздухот во домовите е оној истиот од надвор.

Мерењата во станицата се вршат во согласност со европските стандарди EN 14211, EN 14212 и EN14626.


%D0%BF%D0%BC10%20%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8.PNG
ИМА ДОСТИГНАТО 700
:place: :place: :place: :place: :place: :place: :place: :place: :place:
АЛАРМАНТНО: Прашината ПМ10 предизвикува мозочни и срцеви удари


Воздухот деновиве во Скопје е многу загаден и е на највисоко опасно ниво, покажуваат мерењата од мерните станици на веб страницата „Скопје дише“. Од веб страницата „Скопје дише“ апелираат деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари, да не излегуваат надвор.

Како што објави вчера Плусинфо Скопје и дефинитивно е најзагадениот град во светот. Според податоците на Светската здравствена организација од пред извесно време, во светот најзагаден е градот Ахваз во Иран со просек од 372 микрограми ПМ10 прашина на метар кубен, но во моментов според веб страницата на Град Скопје – „Скопје дише“ во главниот град на Македонија оваа прашина е застапена со 488 микрограми на метар кубен.

Инаку границата на СЗО за ПМ10 е 50 микрограми на метар кубен воздух.

Овие честички инаку се многу опасни по здравјето на луѓето, па ви презентираме дел од научните студии изработени во светот.

Што се честички ПМ10?

Суспендираните честички ПМ10 се појавуваат по горење на јаглен, гас, нафта и нејзините деривати, како и на дрво и други биолошки материјали, а најмногу се производ од согорувањето на горивото во автомобилите и работата на возилата. Овие честички, исто така се зголемуваат и при секој процес во кој се „подига прашина“, како што е мелењето и дробењето на различни материјали во градежништвото и рударството.

Овие честички, загадувачи на воздухот, поделени според нивната големина честопати се нарекуваат и ултра-фини и се со големина помеѓу 0.1 и 2.5 или помеѓу 2,5 и 10 микрони ( се гледаат под микроскоп) и поголема од 10 микрони кои се видливи со голо око. Додека дишеме воздух и внесуваме честички, можат да влезат во респираторниот систем и оттаму во алвеолите.
Тие подоцна предизвикуваат иритација, а со намалувањето на имунитетот и под влијание на други околности можат да предизвикаат сериозни проблеми, особено кај луѓето со веќе развиени кардиоваскуларни или респираторни болести.

Кои се последиците?


Концентрацијата на честички во атмосферата е тесно поврзано со појавата на болестите па дури и смрт. За секое зголемување од 10 микрограми на кубен метар честички, стапката на смртност се зголемува од 0,5 на 5 проценти.

Загадувањето со честички придонесува за различни болести и состојби:
- Се зголемува бројот на мозочни удари


- Се зголемува бројот на луѓе хоспитализирани од хронична опструктивна белодробна болест
- Се зголемува бројот на респираторни инфекции
- Се зголемува бројот на напади на астма
- Се намалува функцијата на белите дробови


Постојат неколку начини како честичките ПМ10 можат да ја зголемат смртноста на населението:
- Честичките предизвикуваат тахигардија. Научниците веруваат дека повеќе од половината од смртните случаи од срцеви болести се последица на честичките.
- Честичките придонесуваат за зголемување на воспалителните процеси во респираторниот систем, кои, пак, предизвикуваат смрт кај луѓето со хронична опструктивна белодробна болест.
- Честичките можат да предизвикаат и дијабетес


Како можеме да се заштитиме?

Само ние можеме да си помогнеме. Помалку да се возат автомобилите, државата да превземе мерки со казни за загадувачите и секако секое слободно време да го поминеме на планина или на место за кое знаеме дека нема честици ПМ10.

http://www.plusinfo.mk/vest/25167/ALARMANTNO-Prashinata-PM10-predizvikuva-mozochni-i-srcevi-udari

http://www.time.mk/read/2cb19d16fa/f282913d48/index.html

ИЗВОРИ
 
џабе везевме у темата Скопје 2014 ...јас сум непатриот кога спомињав дека не бива да се гради све тоа у 2-3 населби и само у Скопје, у центар административни згради, министерства...ќе летаме со хеликоптери и ќе дишеме на шкрги. Пошто проектот е огромен, дали некој направил анализа на промена на струењата на ветерот, висината на загадување и зголемување на број на возила при оптоварување со нови админ. и други објекти и згради низ центар? ...Да? Не? :confused: Башка греење како во среден век, башка прашање колку има контрола во индустријата...
Не може ова да е паднато од Марс

Што е причината за загадувањето во Скопје!?
Микроскопските честички, наречени ПМ10, можат да се вгнездат длабоко во белите дробови и се многу канцерогени соопштуваат познавачите.
Како мерка за претпазливост се препорачува да се избегнува секаква физичка активност на отворено . Денес во Скопје количината на вакви микрочестички достигна до 488,99 микрограми на кубен метар, што е неколку десетици пати над дозволените граници.
Надлежните смируваа , но граѓаните се загрижени.
Познавачите велат дека ова е поради нерамномерното градење во центарот на Скопје на разно-разни градби, а уништување на зелените површини, што може да донесе до зголемена смртност кај хронично-болните, а може да предизвика и мозочни удари, како и сериозни здравствени заболувања.
 
Еве како изгледа америка http://airnow.gov/ 90% е на зелено ниво.

Канада 95% на зелено http://airnow.gov/index.cfm?action=airnow.canada

Европскиве градови мах 50 индекс имат http://www.airqualitynow.eu/comparing_home.php


Овде е стварно најзагаден воздухот а ниту приближно не е развиена економски како гореспоменатите....

Тоа е најболното во цела ситуација, што некој се прави на триипол и вика било прашина не било страшно.

Страшно е, мал град како Скопје што нема ни милион жители, со неразвиена индустрија а такво ниво на загеденост.

Ама логично е, еколошките стандарди во индустријата се како идустријата на САД и Англија во 30 годин на 20 век, објектите се стари, сообрќајот ни е на ниво на европа од пред 15-20 години (колку што се стари и поголем број од возилата што се возат во РМ), а има некои заштитени мечки во бизнис светот во Македонија на кои ништо не им се може.

Како кај нас во Кавадарци, ги донираше ФЕНИ сите пари за новиот плоштад, никој веќе не праша за еколошките стандарди на комбинатот.

Така и во Ск. некој од загадувачите сигурно е голем донатор на градот Скопје, владата или на владејачките партии.
 
Добро бе, што ви е на сите? У Скопје од пред две недели ли е загадено?! Као ретардирани сте да му ебам мајката, само тоа што на телевизија ќе ви го принесат го дискутират и што е најтрагично, на све веруете. Јес да со воздухов од пред милион години јасно беше дека е никаков, ама што сега го дрват сите више две недели не разбирам.

Мислев дека као секоја глупост ќе помине за три дена, уште го дрват сите.
 
Ова е "баравте, гледајте."
Најголем процент на производни капацитети се сконцентрирани во Скопје.
Да не речам сите, но најголем дел од вложувањата во нови капацитети одат за Скопје.
Целата администрација е таму. Затоа не е ништо чудно што толкав број на луѓе од внатрешноста мораат да доаѓаат во Скопје, како за административни потреби така и да се снаоѓаат за работни места.
Би било интересно некој да објави податок за процент на невработеност во Скопје и посебно за внатрешноста на Македонија.
Да не навлегувам во друга тема за висината на платите кои и покрај повисоките трошоци за живот во скопје се далеку поголеми од оние во внатрешноста.

Ондак граѓани на метрополата, на здравје нека ви е.
 
Скопје со години и децении е загадено...али последнава деценија со концентрација на народ, капацитети, згради, администрација, со константно нерешавање на проблемот со греење на населбите и немање контрола што се гори во печките, со огромниот број возила на старо... се поинтензивно се загадува. Некои нешта можеа да се решат или избегнат.
Се додека не почнаа да објавуваат не знаевме (посебно хроничните со аспираторни и кардиоваскуларни проблеми) точно колку, секогаш докторите ни велеа си настинал од некој што кивнал у автобус:confused: , слаб имунитет, оди работи ама немој да пушиш, штетно е за бронхитот :D .
Гледаме дека е во групата на најзагадените во светот. Посебно што нели треба да ги следиме ЕУ директивите каде вели дека дневниот максимум честички е 50 µg/m³ и тоа само 7 дена во годината. Имаме и министерство кое зема проекти и пари, кое е платено, задолжено да контролира и регулира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom