Голготава со Фантомот Икс започнува вака...
Пред едно година ипол две, мејлот и Фејсбукот ми беше константно хакиран, макар што менував пасворди постојано. Прво не ми ни падна на памет дека некој тоа го прави намерно, ама после некое време веќе ми падна сомнително. И така после година дена хакирање секој месец ми стига еден чудесен мејл од типот:
Здраво, јас сум тој и тој и постојано ти ги хакирам мејлот и Фб то зашто ми се свиѓаш и не знам како да ти пријдам. Дури и мејлов го направив само да ти пишам.
Прво не ми се веруваше дека е можно да постои човеков, си викам ова некој ме зеза. Фино лепо замолувам да прекине со активностите и тука почнуваат лавина од мејлови од типот: Вчера те видов во автобус ама ми беше срам да ти пријдам да не ме убиеш. Па ми напишал љубовен текст и го објави на конкурс (притоа не заборави да ми го прати на мејл за да му кажам мислење
). Текстот ноу комент.
Па после тоа имаше уште троа мејлови од типот јас тебе те знам ти мене не, те знам зашто идев кај што работеше. Почна језа да ме фаќа. И таман мислам дека заврши се тоа, оп ете ти покана на Фб од некој фантомски профил направен само за да контактира со мене, потпишан со име и презиме и слика која не ме асоцира на никој жив. Хммм си викам ова или е некој опседнат или нема попаметна работа. Па се стиши некое време, за сега кога направив нов профил за еден ден да ми пише дека он не ми го хакирал сега профилот ( ептен е младичот во тек). Сега добивам лавина од покани за кафе по пораки на ФБ. Се осеќам ко селебрити, некој ме демне, фали уште судска забрана за приближување.
А богами како тргнало и според прочитаното којзнае до кој ќе стигне ова.