ПРОМОВИРАН ПРВИОТ ТУРСКИ БЕСПИЛОТЕН АВИОН "АНКА"
Posted 17.07.2010 11:50:45 UTC
Updated 17.07.2010 11:50:45 UTC
Првиот беспилотен авион „Анка“ на Турција од хангарот излезе со свечена церемонија.
Стапувањето во акција на Анка ќе има голем придонес во борбата на Турција против тероризмот.
Со производството на „Анка“
по САД и Израел, Турција стана трета земја во светот која произведува беспилотно летало.
Беспилотното летало на средна височина и на подолг домет во воздух може да остане 24 часа, а исто така може да лета на 9 илјади метри височина над морето.
Беспилотнот авион може да фотографира и снима деноноќно во сите временски услови и податоците да ги пренесе во центарот за податоци. Во случај на прекин на врските меѓу двата центри, може да преземе улога на воздушен терминал и на тој начин да обезбеди комуникација. По потреба може да предизвика пречки во електронскиот систем на непријателот и да води електронска војна.
Турција со „Анка“ со голема предност ќе се стекне особено во борбата против тероризмот.
Со првите пробни летови, беспилотниот авион „Анка“ ќе започне во септември.
http://www.trtmacedonian.com/trtworl...D0%BA%D0%B0%22
Турски крипто уред за тајните на НАТО
Тајните на НАТО ќе ги чува турски крипто уред.
Posted 25.02.2009 11:10:21 UTC
Updated 25.02.2009 13:48:42 UTC
Институтот за научни и технолошки истражувања на Турција познат по кратенката ТУБИТАК разви уред со висока безбедност за криење на тајните информации и документи меѓу земјите членки на НАТО.
Од овој крипто уред наречен СИР, за потребите на НАТО беа произведени 60 уреди.
Уредот за меморија USB по име СИР кој што е целосно производ на национален и оригинален дизајн, успешно ги помина сите тестови. Благодарение на овој USB уред за меморија, информациите можат да се кријат со шифра.
И во случај да се изгуби овој уред не може да се открие тајната информација во меморијата.
При обид за насилно отворање или погрешна шифра меморираните податоци автоматски се бришат.
Производот е прв уред во светот кој што располага со вакви карактеристики на безбедно криење податоци.
Нема друг производ со вакви технички карактерисики што би можел да му конкурира на овој USB уред за меморија кој што воедно може да ги обезбеди техничките и административни услови на НАТО.
http://www.trtmacedonian.com/interna...5-6a4bc09d393a
Plus
evo Turcija sto proizveduva,i toa 100% domasno proizvodstvo,,a inace ima i so licenci sto proizveduva, ama tie nema da gi navedam..
http://www.aselsan.com.tr/default.asp?lang=en
http://www.roketsan.com.tr/index_eng.php
http://www.tubitak.gov.tr/en/ot/10/;...6292EF00D6E622
http://www.tai.com.tr/taimain.aspx
http://www.mkek.gov.tr/foUretimYerleri.aspx?iKodUretimYeri=13
http://www.sarsilmaz.com/
http://en.wikipedia.org/wiki/Altay_(tank) Altay Turkey
--- надополнето: Dec 4, 2011 11:31 PM ---
ПРВАТА ЛАСЕРСКА ВОДЕНА ХЕЛИКОПТЕРСКА РАКЕТА ПРОИЗВЕДЕНА ВО ТУРЦИЈА
Posted 15.05.2011 12:23:02 UTC
Турската компанија РОКЕТСАН го заврши ракетниот проект кој досега дури ни од страна на САД не беше развиен и постигна низа договори на тоа поле. Ракетата ЏИРИТ (CİRİT) на РОКЕСТАН има дострел од 8 км и може да се монтира на хеликоптер и благодарение на координацијата за водење, предвидената цел може да ја уништи само со еден истрел.
Ласерски водената ракета ЏИРИТ 2.75 беше промовирана на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија ИДЕФ 11.
Хусејин Бајсан, Генералниот директор на Рокетсан рече дека најзначајната карактеристика на ракетата е можноста од монтирање на хеликоптер, потенцирајќи дека тоа е првата ласерски водена ракета која може да се монтира на хеликоптер. Дури САД сеуште се наоѓаат во фаза на истражување и развој на оваа ракета рече генералниот директор Бајсак, истакнувајќи дека во период кога САД ќе го завршат проектот, ракетата ќе има дострел само од 6 км. Дострелот на нашата ракета изнесува 8 км. Што значи дека во период кога САД ќе го завршат проектот, нашата ракета ЏИРИТ од аспект на одредени карактеристики ќе биде надобра.
Хусејин Бајсак меѓудругото рече дека потпишале договор со „Еурокоптер“, кој држи над 50 насто од светскиот пазар на хеликоптери, нагласувајќи дека Еурокоптер бара на хеликоптерите што ќе ги произведува да ги монтира ракетите ЏИРИТ. Најзначајната карактеристика на ракетата ЏИРИТ е податокот дека истрелот се врши автоматски. Благодарени на ласерското водење, ракетата која се заклучува на целта, само со еден истрел го уништува целото подрачје.