Словенечкиот суд прв пат донесе одлука
Католичката црква да исплати 50.000 евра, како компензација, на жена која ја злоставувал свештеник кога имала седум години.
Окружниот суд во Марибор одлучи дека надбискупијата во Целје мора да и исплати компензација на жртвата, наместо свештеникот обвинет за злоставување кој умрел во 2007 година, објави весникот „24 часа“ цитирајќи го адвокатот на жртвата.
„Оваа пресуда претставува преседан. Таа ќе ги охрабри другите жртви да ја бараат правдата и да ја натераат црквата да го промени својот став“ изјави адвокатот.
Жената која била злоставувана пред 20 години, кога била седумгодишно девојче, покрена приватна тужба против свештеникот и бараше 140.000 евра компензација за психолошка траума и сериозно загрозување на здравјето.