Значи вака.... филмот што го барам е некаде од почетокот на 90-тите. Го гледав коа бев дете неколку пати сакам да си го симнам за во колекција. Дејствието се врти околу скејтборди... има две групи. Фини дечки 3-4рица, кои се замеруваат со некоја си панкерска дружина "ножеви" мислам дека се викаа. Едниот од фините дечки со кадрива коса (типот живее во камп приколка) се вљубува во сестрата на водачот на ножевите - и нормално како во секоја Америчка прича се млатат за на крај да оганизираат трка по една падина и се да заврши со среќен крај....
Ќе ви текне сигурно за филмот посебно вас постарите членови овде што се над 25год. па би ви бил благодарен ако ми кажете како се вика фимот.... Насловот е нешто у стилот "Летачи на тркала" ако ви е од помош - се утепав од барање на филм со сличен наслов, ама не успеав да најдам ништо