Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа тоа му е планот на Пеп,па да игра 3-4-3,или пак ова е некоја медиумска игра....

ако Пеп излези со 3-4-3 против задрид - не знам што ќе се случи,ама нема да биде на арно.......
 
ај да не викам пред време..
ама ќе ги спуштиме мадриѓаниве,многу се залетаа..
 
Guardiola: "Girls maybe won't like Cuenca very much, physically speaking, but at the pitch he does amazing things." #fcblive

Хахахах, сега нагло ќе му падне самодовербата на Куенка. :icon_lol:
Го боли курот, фудбалер е :D

Куенка, Санчез(y)
Останатите стандардно.
Не ми се верува какви аматери судат во Примера, ама тоа е...

Што се однесува до Ел Класико, мислам дека ќе го гледаме истиот состав од вчера, само место Куенка, ќе игра Алвес во одбрана и Пике место некој од Пујол/Маскерано. За Виља/Санчез, не знам што да мислам. Виља го бива за вакви натпревари, затоа мислам дека ќе добие предност пред Санчез.
 
Ibrahimovic (Milan): "For the Ballon d'Or, I'll vote for Messi. He has shown he's the strongest, I hope he continues like this"

Лиже сега...:D
 
Каков состав имаме, не би ме чудело ново трескање од земја на мадридистите во сабота, на ептен тврда подлога. Незнам што би требало да се случи за играчи како Меси,Иниеста,Чави,Цеск,Алексис да изгубат на Бернабе во формата во која се наоѓаат. Имајте доверба во Барса, најдобри сме!
 
Да не се креваме во облаци ние, оти ни Реал не се истите овци ки беа изминатите 3 години. :)
Откако Пеп е тренер, ова е најтешкиот Реал против кој ќе играме. Ѕвездите кои ги купија веќе се уиграни, а и на клупата го имаат преведувачот(колку и да е глуп, наша школа е, па мора да е добар тренер:D).
АМА, сетете се на сите годинашни киксови на Барса. Ремито со Сосиедад, од водство 0-2 им продадовме без веза да изедначат 2-2, против Билбао јебига нашите не се ватерполисти, 10 цм вода во длабочина имаше на теренот, поразот од Гетафе, среќата ни заврте страшно грб, против Севиља на Кампот нема потреба да се коментира. Само Валенсија на Местаља праведно изигра нерешено со нас, а тоа е пред се заради играњето 3-4-3 во прво полувреме.
 
Мадрид ни избега 6. Кој и да излезе на Бернабе, ќе даде се' од себе бидејќи има преголем мотив за триумф, во ваква ситуација не биле момциве одамна, а и притисокот ќе биде кај нив.

Големо прашање е составот на Пеп, бидејќи мора да пази на одбраната, дотолку игра со 3-4-3.
------------Валдес-----------
----Маске--Пике--Аби-----
------------Буски-------------
-----Чави---Фабре--Иние--
--Дани--Меси--Санчез--

Јас вака би излегол на Бернабе, бидејќи моментално овие играчи се во топ форма. Мора да игра Дани, и тој е клучниот играч во оваа формација, со што повеќе да се ориентира на средината со дефанзивни задачи, бидејќи таму е Роналдо.. а не се сомневам дека пак ќе успее да го убие.
Тактиката е кога Дани ќе биде поназад, Меси да оди подесно, а Фабре да влага како лажна 9-ка.

Дотолку нешто не тргне како што треба, се менува Дани со Виља, и тогаш се оди на се или ништо. :)

Но нешто ме тера да мислам дека Пеп уште со купувањето на Фабре има смислено перфектна формација само за Реал, која никој освен Пеп неможе да ја напише.

пс. Фабре дава гол.
 
Пеп кажал дека нема да играме со 3ца во одбрана против Реал. Не знам колку може да му се верува.
 
Ајде момци нека ни е честито победата против Леванте,одлична игра од нашите во текот на целиот меч..иначе за дуелот со Реал очекувам да излеземе со стандардната формација 4-3-3,а напред мислам дека Педро ќе стартува пред Санчез,но кога е Пеп во прашање ништо не се знае,и ќе биде многу тешко да се погоди тимот со кој ќе излеземе на тој меч:icon_lol:
 
Има изјава од Пеп дека би било многу голем ризик да се игра 3-4-3 на Бернабе, па водејќи се по таа изјава би сакал да верувам дека може да излеземе со 4-3-3. Ипак мислам дека нема шанси да го прогнозираме составот, затоа што верувам дека нема да го погодиме :D

П.С. Честито петарда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom