Самоубиството е лична работа, онолку колку што животот е лична работа и исто толку колку што се лични проблемите = значи во целост е лична одлука. Нема што вие тука да оправдувате или да не оправдувате, тоа е туѓ воздух, туѓа одлука, туѓи проблеми и туѓо срцебиење. Дури и кога се работи за сопствено дете, фактот што сте го донеле на овој свет не значи дека вие сте тие кои ќе одлучите кога тоа ќе замине. Смртта на дете е најболна во било каков облик и да дошла, дали заради своја одлука, дали заради други надворешни околности.
Она што човекот е комплетно неспособен барем засега да го разбере, е дека животот е лично право, и не е никакво табу ( барем не би требало да биде) тој да се прекине. За мене секоја возрасна изградена личност може да одлучува за себе. Дете (па и возрасен) кое се уште не ги видело сите животни осцилации, треба комплетно да биде одвратено од таква помисла.Сметам дека се додека човекот не е комплетно свесен што се носи животот, што значат падови, порази и победи, т. е додека не му се приложени сите прилики за да види дали во нив би можел да опстои во никој случај не би смеел да си дозволи да си "замине". Доколку смета дека не би можел да го поднесе тоа, тогаш може да прави што сака со себе. Но, факт е дека она што не можеме да го разбереме не значи и дека треба да го осудуваме.
Мислите дека финансиите се најголемата причина за самоубиствата? Јас не се согласувам со тоа. Барем не денес, овде и сега. Друг е проблемот. Ние сме истренирани умови, навикнати да конзумираме и да бараме уште и уште. Ова е малку, она е малку, и кога тлото се ниша под нозе, не можеме да замислиме да живееме без тоа малку. Боречки клуб на Чак Паленик целосно се врти околу таа поента. Се претворивме во конзумирачи, на кои да се има нешто, макар била и ситница им значи премногу. Патот до тие ситници е тежок, но никогаш не задоволува. Не задоволува ни фактот кога ќе имаш се. Па колку милионери си го имаат одземено животот? Моментот кога стоиш над сите свои желби, многу е возможно дека светот ќе изгледа сосем празен. И после оди битката сам со себе и својата глава. Денес стресот ги тера луѓето да скокаат од згради, да пијач апчиња, да си пукаат во глава. Стресот доаѓа од стравот од малку и желбата за уште. Затоа пред да осудите сосема здраворазумна личност која решила да ја нема веќе, запрашајте се колку ви се цврсти темелите на кои стоите. Додека сте здрави, имате топол дом, родители, пријатели, кафани, работа, се е добро, макар што не е совршено. Моментот кога останувате на улица, без работа, болни и сами почнува да ви ѕвони еврејската изрека и со сигурност барем на кратко ќе погледнете во очи на бесполезната битка. Не судете пред да се најдете таму, што се надевам дека на никој од вас нема да му се случи.
Малите човечиња кои викаат дека една женска не вреди за да си свирнеш куршум во глава, се многу исплашени и многу често површни луѓе. Тие посекако не можат да ја замислат менталната слика на човекот кој се одлучува на тој потег, не е женската или парите проблемот. Проблемот секогаш е неможноста за контрола. Кога се ти бега од раце, одлуките се поинакви.
Како и да е, јас секогаш повеќе ги почитувам луѓето кои ја очекуваат неочекуваната смрт без страв, но не можам а да не се запрашам колкава храброст е потребна за човек да стави крај на се на таков начин. Да се соочи дека нема веќе да види изгрев, насмевка, да помине уште една незаборавна вечер, да почувствува прегратка од некого, да ја нема веќе потребата да биде овде и сега, зашто друга таква можност веќе нема да има.
Цела фудбалска јавност е вџашена од потегот на Гери Спид. Читам по сите весници, коментарите се во смисла, но човекот имаше се што може еден човек да посака, зошто би го направил тоа? Можеби зашто престанал да посакува, кој да знае....