Самоубиство!

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Според мене,многу себична работа е самоубиството.
Тоа,според мојата филозофија,е мислење само на себе,а не мислење на другите околу тебе,мајка тактко роднини пријатели.
Ти може со тоа што ќе се самоубиеш ќе си направиш добро на тебе,ама треба да се размисли и на другите околу тебе,како ќе им е нив.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Пријателе, некогаш постојат проблеми кои не треба да се решат. На некои луѓе единствено нешто што им останало е самоубиството.Напротив, за да си го одземе некој животот треба муда. Не е тоа кукавичлук и слаб карактер, туку единствен излез од дадена ситуација (се разбира, не секогаш е така).
Јас не оправдувам самоубиства од типот „се самоубил пошто не му купиле рандом ствар“ или „се самоубил зашто го оставил/а партнерот“. Верувај, сум сретнал луѓе кои имале стварно добри причини за да се самоубијат.
Слушај ваму сеа другар.. сум видел толку мртви тела од луѓе што се самоубиле, што немаш ни толку прсти на рацете, и веруј ми можам за сите тие самоубиства да ти кажам и како изгледале и каков бил начинот на кој го извршиле самоубиството, така да во тоа стварно добра причина за самоубиство, ама не ти верувам.. Не дека нешто ги сожалувам затоа што се мртви, а најмалку па затоа што имале проблем додека биле живи (а ги знам повеќето животни приказни од тие што се лишиле од живот).
Искрено не се слагам дека тоа е единствен излез, оти да беше така, тогаш сите ќе посегнеа по самоубиство, како прво, а како второ, што треба да кажат оние малине деца што питачат, или пак клошарние по жена парк што спијат смрдени и стуткани в ќебиња лете и зиме, а? Тие проблеми се решаваат, само кој да се нафати!

Него коа сме веќе кај самоубиство, знаеш која е добра причина за самоубиство? Да немаш апсолутно никаква, туку да си го свирнеш баш затоа што ти текнало. Што велиш за тоа, си разислил малку за тој аспект?
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
38
Поени од реакции
1
ako nekoj se samoubil sigurno si imal svoi pricini bez razlika dali nas ni izgledaat realni ili ne.sebicno od strana na samoubijcite so ne mislat na drugite,i sebicno od nas so sudime bez da znaeme kakva e rabotata.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Според мене самоубиството е бегање од реалноста, нехрабар чин направен од страв и голема избезуменост во тој момент. Скоро сите луѓе што направиле или сакале да направат самоубиство го направиле тоа во многу несвесна состојба на умот, т.е. биле толку исфрустрирани и уплашени што не биле при себе ако во моментот на самоубиство би можело само за момент да се запре особата да се поврати кон постабилно мислење сигурно ке се откаже од самоубиството, ке му текне чекај имам деца , жена , маж, татко мајка, плус требаше ручек да направам и утре сметките некако да се платат.
Многу смешна работа ми е кога ке ми текне дека негде во законите пример во америка самоубиството е илегално, кривично дело и згора на се се казнува па уште со смртна казна:vozbud:. Самоубиството е човеково право без разлика на се човек ако сака веке да не живее би требало да има целосна слобода да си го одземе живото. Барем тоа е мое мислење. Е сеа јас лично не би се сложил со самоубиство бидејки толку е добро да си жив а и онака уште колку ке поживееш 10, 20, 30, години како и да е доврши ги до крај и биде креативен направи го секој момент екстатичен тогаш нема ни да помислиш за самоубиство бидејки и онака смрта не постои.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
nothing. :icon_lol:
--- надополнето: Dec 3, 2011 11:37 PM ---
смрта е нај големата лага во ова наше постоење. Не викам дека фисизчката смрт не е реална, таа е насекаде но дали е и таа е стварно смрт или само трансформација на материјата, бидејки ништо во овој универзум не исчезнува се се трансформира и се менува така да замисли со енергијата т.е. свеста која е самиот живот во телото, кое не може да функционира без неа зар она исчезнува?
--- надополнето: Dec 3, 2011 11:38 PM ---
капиш
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Слушај ваму сеа другар.. сум видел толку мртви тела од луѓе што се самоубиле, што немаш ни толку прсти на рацете, и веруј ми можам за сите тие самоубиства да ти кажам и како изгледале и каков бил начинот на кој го извршиле самоубиството, така да во тоа стварно добра причина за самоубиство, ама не ти верувам.. Не дека нешто ги сожалувам затоа што се мртви, а најмалку па затоа што имале проблем додека биле живи (а ги знам повеќето животни приказни од тие што се лишиле од живот).
Искрено не се слагам дека тоа е единствен излез, оти да беше така, тогаш сите ќе посегнеа по самоубиство, како прво, а како второ, што треба да кажат оние малине деца што питачат, или пак клошарние по жена парк што спијат смрдени и стуткани в ќебиња лете и зиме, а? Тие проблеми се решаваат, само кој да се нафати!

Него коа сме веќе кај самоубиство, знаеш која е добра причина за самоубиство? Да немаш апсолутно никаква, туку да си го свирнеш баш затоа што ти текнало. Што велиш за тоа, си разислил малку за тој аспект?
Мислиш дека јас зборувам за финансиски проблеми нели? Не бе пријателе. Зборувам за нешто кое повеќето од вас нема никогаш да го сфатат (и подобро е). Ти велиш си видел мртовци. Но јас сум слушал животни приказни кои многу лесно можеа да завршат на вести.

@Bodhidharma
Без навреди, но се надевам дека никогаш нема да сфатиш. Верувај подобро е да не знаеш.
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
nothing. :icon_lol:
--- надополнето: Dec 3, 2011 11:37 PM ---
смрта е нај големата лага во ова наше постоење. Не викам дека фисизчката смрт не е реална, таа е насекаде но дали е и таа е стварно смрт или само трансформација на материјата, бидејки ништо во овој универзум не исчезнува се се трансформира и се менува така да замисли со енергијата т.е. свеста која е самиот живот во телото, кое не може да функционира без неа зар она исчезнува?
--- надополнето: Dec 3, 2011 11:38 PM ---
капиш
Па верувам дека кога луѓето ќе речат смрт, мислат на онаа физичката што ја спомнуваш ти. Дека енергијата во нас се трансформира тоа е факт. Индивидуалната свест се придружува на колективитетот подготвен за нови, уникатни ментални целини.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Мислиш дека јас зборувам за финансиски проблеми нели? Не бе пријателе. Зборувам за нешто кое повеќето од вас нема никогаш да го сфатат (и подобро е). Ти велиш си видел мртовци. Но јас сум слушал животни приказни кои многу лесно можеа да завршат на вести..
Не бе другар, какви финансиски проблеми.. воопшто не реков дека зборуваш за тоа..многу добро те сфатив за какви проблеми мислиш, затоа и толку директно ти пишав за самоубиствава. Абе ти реков, сум ги видел и мртовците а ги знам и повеќето нивни животни приказни, сакаш да чуеш некоја, па и детаљи околу тоа како изгледа кога е мртов, како мириса, начинот заради кој се самоубил?
Тоа двата примери што ти ги дадов воопшто не се ни однесуваат на тоа дека стриктно финансиски се проблемите поради кои луѓето се самоубиваат, ги наведов затоа што без оглед на нивната имотна состојба, тие сепак се на работ на очај, а запаѓаме во очај....
--- надополнето: Dec 4, 2011 9:37 AM ---
Дека енергијата во нас се трансформира тоа е факт. Индивидуалната свест се придружува на колективитетот подготвен за нови, уникатни ментални целини.
А како тоа е факт дека енергијата во нас се трансформира, го докажал тоа некој, и кој? Не гледам нешто енергично во јагленосан труп, полураспаднат и сл исл..

А ова со индивидуалната свест што се придружува на колективитетот итн итн, на тоа ли мислиш како факт дека енергијата се трансформира?
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424
najlesen nachin da se izbega od odgovornosta za problemot /ite koi ., nikogash ne se sozdavaat sami od sebe., i toj shto posegnal po sopstveniot zhivot ., voglavnom e i najgolemiot krivec za sozdadeniot problem., i nvidum vo bezizlezna sostojba reshava da go reshi problemot na toj nachin ., ili poveke problemi....a istite ostavajki drugi da gi reshavaat..........e kako sega tie drugite ke najdat reshenie za problemot a toj shto se samoubil ne uspeal da najde izlez .,a onie posle nego ja reshile nereshlivata sostojba., zhivotot e takov /.., valkan i pokvaren ., i dokolku ne se izigra so rezon ., nastanuvaat problemite ., a ni eden problem ne e nereshliv .osven medicinskite ., ante finem., koi ionaka zavrhuvaat taka kako shto zavrshuvaat.,......

nosenjeto odluka a da si go odzemat zhivotot zaradi problemi., bez pritoa da ne konsultiraat za izlez od istite., vo najmala raka e egoizam ...vrz sopstveniot zhivot .,....iako nikoj ne ne prashal dali sakame da dojdeme na ovoj svet., .no koga sme veke tuka ., postojat mal milion raboti koi mozhat da pomognat za ilez od navidum bezizlezna situacija
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Не бе другар, какви финансиски проблеми.. воопшто не реков дека зборуваш за тоа..многу добро те сфатив за какви проблеми мислиш, затоа и толку директно ти пишав за самоубиствава. Абе ти реков, сум ги видел и мртовците а ги знам и повеќето нивни животни приказни, сакаш да чуеш некоја, па и детаљи околу тоа како изгледа кога е мртов, како мириса, начинот заради кој се самоубил?
Тоа двата примери што ти ги дадов воопшто не се ни однесуваат на тоа дека стриктно финансиски се проблемите поради кои луѓето се самоубиваат, ги наведов затоа што без оглед на нивната имотна состојба, тие сепак се на работ на очај, а запаѓаме во очај....
--- надополнето: Dec 4, 2011 9:37 AM ---


А како тоа е факт дека енергијата во нас се трансформира, го докажал тоа некој, и кој? Не гледам нешто енергично во јагленосан труп, полураспаднат и сл исл..

А ова со индивидуалната свест што се придружува на колективитетот итн итн, на тоа ли мислиш како факт дека енергијата се трансформира?
Па дека енергијата се трансформира, а не исчезнува имам учено на час по физика. Човечкото тело користи енергија за да функционира, кога ќе настапи смртта на телото тогаш таа енергија се користи за наредниот потребен процес во универзумот и се трансформира во друг вид според потребите.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Па дека енергијата се трансформира, а не исчезнува имам учено на час по физика. Човечкото тело користи енергија за да функционира, кога ќе настапи смртта на телото тогаш таа енергија се користи за наредниот потребен процес во универзумот и се трансформира во друг вид според потребите.
Па те прашувам, затоа што не се сеќавам дека баш така сум го учел по физика...па да ми објаснеше...ама гледам дека не ми го објаснуваш баш најдобро, поготово со ова: „кога ќе настапи смртта на телото тогаш таа енергија се користи за наредниот потребен процес во универзумот и се трансформира во друг вид според потребите“. Не знам во која книга по физика го пишува ова.. Да не мислиш на потенцијална и кинетичка енергија? Или можеби електромагнетна индукција? Или можеби па Њутнови закони, или релативитет - посебна теорија или генерална? Малку ме збуни да ти кажам право..
И каква врска има тоа со самоубиството како акт?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Според мене,многу себична работа е самоубиството.
Тоа,според мојата филозофија,е мислење само на себе,а не мислење на другите околу тебе,мајка тактко роднини пријатели.
Ти може со тоа што ќе се самоубиеш ќе си направиш добро на тебе,ама треба да се размисли и на другите околу тебе,како ќе им е нив.
Значи, ако некој сака да се самоубие, не треба тоа да го прави затоа што мајка му ќе плаче?

:vozbud:

Еве објасни му го тоа на некој со ваков ментален склоп.

 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Самоубиството не мора да биде чин на кукавичлук, напротив може да биде храбар чин, само помислете колку е тешко да се оди против нагонот за самоодржување, тоа е директно одење против нашите нагони и треба храброст и смелост тоа да се направи. Второ, самоубиството не значи дека дотичниот не сака да живее воопшто туку не сака онака како што мора во околности кои се однапред одредени.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Самоубиството е лична работа, онолку колку што животот е лична работа и исто толку колку што се лични проблемите = значи во целост е лична одлука. Нема што вие тука да оправдувате или да не оправдувате, тоа е туѓ воздух, туѓа одлука, туѓи проблеми и туѓо срцебиење. Дури и кога се работи за сопствено дете, фактот што сте го донеле на овој свет не значи дека вие сте тие кои ќе одлучите кога тоа ќе замине. Смртта на дете е најболна во било каков облик и да дошла, дали заради своја одлука, дали заради други надворешни околности.

Она што човекот е комплетно неспособен барем засега да го разбере, е дека животот е лично право, и не е никакво табу ( барем не би требало да биде) тој да се прекине. За мене секоја возрасна изградена личност може да одлучува за себе. Дете (па и возрасен) кое се уште не ги видело сите животни осцилации, треба комплетно да биде одвратено од таква помисла.Сметам дека се додека човекот не е комплетно свесен што се носи животот, што значат падови, порази и победи, т. е додека не му се приложени сите прилики за да види дали во нив би можел да опстои во никој случај не би смеел да си дозволи да си "замине". Доколку смета дека не би можел да го поднесе тоа, тогаш може да прави што сака со себе. Но, факт е дека она што не можеме да го разбереме не значи и дека треба да го осудуваме.

Мислите дека финансиите се најголемата причина за самоубиствата? Јас не се согласувам со тоа. Барем не денес, овде и сега. Друг е проблемот. Ние сме истренирани умови, навикнати да конзумираме и да бараме уште и уште. Ова е малку, она е малку, и кога тлото се ниша под нозе, не можеме да замислиме да живееме без тоа малку. Боречки клуб на Чак Паленик целосно се врти околу таа поента. Се претворивме во конзумирачи, на кои да се има нешто, макар била и ситница им значи премногу. Патот до тие ситници е тежок, но никогаш не задоволува. Не задоволува ни фактот кога ќе имаш се. Па колку милионери си го имаат одземено животот? Моментот кога стоиш над сите свои желби, многу е возможно дека светот ќе изгледа сосем празен. И после оди битката сам со себе и својата глава. Денес стресот ги тера луѓето да скокаат од згради, да пијач апчиња, да си пукаат во глава. Стресот доаѓа од стравот од малку и желбата за уште. Затоа пред да осудите сосема здраворазумна личност која решила да ја нема веќе, запрашајте се колку ви се цврсти темелите на кои стоите. Додека сте здрави, имате топол дом, родители, пријатели, кафани, работа, се е добро, макар што не е совршено. Моментот кога останувате на улица, без работа, болни и сами почнува да ви ѕвони еврејската изрека и со сигурност барем на кратко ќе погледнете во очи на бесполезната битка. Не судете пред да се најдете таму, што се надевам дека на никој од вас нема да му се случи.

Малите човечиња кои викаат дека една женска не вреди за да си свирнеш куршум во глава, се многу исплашени и многу често површни луѓе. Тие посекако не можат да ја замислат менталната слика на човекот кој се одлучува на тој потег, не е женската или парите проблемот. Проблемот секогаш е неможноста за контрола. Кога се ти бега од раце, одлуките се поинакви.

Како и да е, јас секогаш повеќе ги почитувам луѓето кои ја очекуваат неочекуваната смрт без страв, но не можам а да не се запрашам колкава храброст е потребна за човек да стави крај на се на таков начин. Да се соочи дека нема веќе да види изгрев, насмевка, да помине уште една незаборавна вечер, да почувствува прегратка од некого, да ја нема веќе потребата да биде овде и сега, зашто друга таква можност веќе нема да има.

Цела фудбалска јавност е вџашена од потегот на Гери Спид. Читам по сите весници, коментарите се во смисла, но човекот имаше се што може еден човек да посака, зошто би го направил тоа? Можеби зашто престанал да посакува, кој да знае....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom