Еве дел од законот да не коментираме
Ако треба за нешто пишете ми ќе ви пратам или одговорам.
Член 44
(1) На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно
регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните
сообраќајни знаци за учесниците во сообраќајот ги имаат следниве
значења:
- црвено светло - забрана на минување,
- зелено светло - слободно минување и
- жолто светло - забрана на минување, освен за возилата кои во моментот
кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од
светлосниот знак што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го
поминат тој знак, а за другите учесници - забрана на минување, освен за
оние пешаци кои веќе почнале да го преминуваат коловозот.
(2) Жолтото светло запалено истовремено со црвеното
светло, служи за предупредување на учесниците во сообраќајот за
блиското престанување на забраната на минување и за појавата на зелено
светло.
(3) Жолтото трепкаво светло ги обврзува сите учесници во сообраќајот
да се движат со зголемена претпазливост.
(4) Зеленото трепкаво светло служи за предупредување на учесниците
во сообраќајот за блиското престанување на слободното минување и за
појавата на жолто, односно црвено светло.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на
овој член.
(6) Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на пешак
кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.