Што е полесно? Девојка да фати дечко или обратно?

Кому му е полесно да најде партнер?

  • Вкупно гласачи
    415

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За дечко да најде девојка мнооооооогу повеќе треба напор и труд да вложи од колку девојката.Уствари таа скоро и да не мора скоро ништо и да направи.............што уствари ја прави работата на девојките многу полесна.
Хм... не се согласувам. И на девојка после 10-15 излагања може да и се случи никој да не и пријде и тоа кај девојките исто многу влијае на самодовербата ти гарантирам.
И не е баш дека девојките не треба ништо да прават. Машкото приоѓа и девојката секако дека треба да се потруди да му го задржи вниманието, не е само он да пријде она да блее ко теле у шарена врата.
Вака до задутре може да се цитираме, единствено може да се согласиме да не се согласиме. :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Чекањето е потешко или еднакво тешко со приоѓањето?!
Потешка е неактивноста од активноста?
Хммм...некако ова се коси со првиот закон за термодинамика...:icon_lol:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Значи вака, се кажува ептен грда женска на шанк во кафиќ и вика кој сака цела вечер да помине со мене
а истото го прави и ултра згоден манекен?
Што мислите кој ќе има поголеми шанси, нормално грдата женска бидејќи ќе се направи редица од 100 мажи што ќе чекаат
додека манекенот може да го маваат и со шишиња. Ова е сосема непотребна тема бидејќи се знае кој е главен ловец.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Па јас не реков дека никој не им приоѓа, но факт е дека не се доволно приметувани. На крај краева, да, можеби е полесно за женско да се разголи, НО зошто да го прави тоа? За да ја забележат треба да прави нешто што не сака?
А ние САКАМЕ да се пуштаме? Стресот нервозата и неспиените ноќи смислувајки најдобар начин на приод ни е разонода? Ко ние глупи да сме и нејкеме да седиме и да бидеме ловени.

Најчесто машките се ловци, а девојките пленови. И тие бираат на крај краева на кого ќе се пуштат. И многу им е полесно да фатат девојка, доколку навистина тоа го сакаат. Ако пристојно нормално момче пријде на просечна нормална девојка, таа нема да го одбие за муабет и за размена на броеви, така да, него му е полесно да најде девојка, затоа што тој е оној кој приоѓа.
Argument invalid пошто е исто и во другиот случај, ако пристојно нормално девојче пријде на просечен дечко тој нема да ја одбие така да полесно и е нејзе да фатат дечко затоа што таа е таа која приоѓа.[/quote]

На тој што приоѓа иако оди на ризик, секогаш му е полесно да фати некоја, отколку на таа што чека да и пријдат.
Иии едината реченица со која се согласувам. So it's not a male/female thing but a matter of laziness и муда за ризик. Така да рамноправни сме на можностите thus не сте гревчиња ниту во понеповолна ситуација туку сакате сервирање на тацна. (генерализирам)
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665

Пак и е полесно на девојката што чека да и пријдат, доволно е да ги гледа мажите упорно во очи и ќе и приоѓаат :D
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Чекањето е потешко или еднакво тешко со приоѓањето?!
Потешка е неактивноста од активноста?
Хммм...некако ова се коси со првиот закон за термодинамика...:icon_lol:
Мене ми е јасно дека не им е лесно ни на машките, не велам дека е лесно да се пријде... И секогаш е за почит кога некој нормално ќе ти пријде и ќе ти направи муабет.

Но, ќе кажам поголем успех ќе има дечкото кој ќе пријде на неколку девојка. Од неколку девојки една ќе му го даде бројот, а на девојката која чека да и пријдат може да не се деси воопшто никој да не и пријде долго време и тоа секако дека ќе влијае на неа.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Мене ми е јасно дека не им е лесно ни на машките, не велам дека е лесно да се пријде... И секогаш е за почит кога некој нормално ќе ти пријде и ќе ти направи муабет.

Но, ќе кажам поголем успех ќе има дечкото кој ќе пријде на неколку девојка. Од неколку девојки една ќе му го даде бројот, а на девојката која чека да и пријдат може да не се деси воопшто никој да не и пријде долго време и тоа секако дека ќе влијае на неа.
Dude, you are still making it a gender thing.
--- надополнето: Dec 2, 2011 5:34 PM ---
Пишува горе пер, прочитај - аман. Полесно му е на оној шо се пушта - крај. НЕ е битно дали е машко женско или марсовец.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Пак и е полесно на девојката што чека да и пријдат, доволно е да ги гледа мажите упорно во очи и ќе и приоѓаат :D
Аха да. Секако.

А ние САКАМЕ да се пуштаме? Стресот нервозата и неспиените ноќи смислувајки најдобар начин на приод ни е разонода? Ко ние глупи да сме и нејкеме да седиме и да бидеме ловени.

Argument invalid пошто е исто и во другиот случај, ако пристојно нормално девојче пријде на просечен дечко тој нема да ја одбие така да полесно и е нејзе да фатат дечко затоа што таа е таа која приоѓа.
Да, но нормалното девојче може да се срами, додека пак машкото вака така ќе собере храброст и ќе пријде.
А не велам дека ви е лесно и на вас. Значи! Убаво реков дека ја разбирам и нервозата и знам дека е потребно храброст за да пријдеш некому. Дури и ви завидувам на храброста, мене ми се плетка јазикот од срам во такви ситуации. Значи симнувам капа, ама пак тврдам дека ви е полесно,

Иии едината реченица со која се согласувам. So it's not a male/female thing but a matter of laziness и муда за ризик. Така да рамноправни сме на можностите thus не сте гревчиња ниту во понеповолна ситуација туку сакате сервирање на тацна. (генерализирам)
Во ред, живееме во “современо општество“, па као демек сите сме рамноправни. Не е дека чекаме на тацна. Знам многу девојки кои приоаѓаат на машки и тоа е ок, но ја немаат сите таа храброст.

Dude, you are still making it a gender thing.

Пишува горе пер, прочитај - аман. Полесно му е на оној шо се пушта - крај. НЕ е битно дали е машко женско или марсовец.
Да, го прифаќам аргументот дека полесно му е на оној што се пушта, но факт е дека машките се тие кои почесто се пуштаат.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Во ред, живееме во “современо општество“, па као демек сите сме рамноправни. Не е дека чекаме на тацна. Знам многу девојки кои приоаѓаат на машки и тоа е ок, но ја немаат сите таа храброст.
“ја немаат сите ЛУЃЕ таа храброст“ и машките се исто психолошки (не)спремни како и женските (дури и вие сте и поспремни на психички план а ние сме по физички спремни (via studies))
Да, го прифаќам аргументот дека полесно му е на оној што се пушта, но факт е дека машките се тие кои почесто се пуштаат.
Taчно, али темава цели кон дека како вас ви е потешко - и јас тоа го одговарам - дека не се согласувам и дека е исто тешко и на машките и на женските. Така да не сте за жалење.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Dude, you are still making it a gender thing.
--- надополнето: Dec 2, 2011 5:34 PM ---

Пишува горе пер, прочитај - аман. Полесно му е на оној шо се пушта - крај. НЕ е битно дали е машко женско или марсовец.
Не се согласувам, бидејќи мажите се тие што се пуштаат секој маж пре би и пришол на девојка која го гледа во очи знае дека нема корпа да попие, и јас пре би и отишол на таа што ќе ме гледа во очи отколку на таа што гледа во таван, еднаш во град запознав една девојка до мене седеше на шанк, се размуабетивме но не бевме заинтересирани еден за друг, мене не ме привлекуваше, а просечна девојка беше, и почна ваков муабет нешто и девојкава ми вика глеј сега, ќе ловам мажи со очи, и лека полека девојкава почна, се опули во еден и цело време му праќа погледи и му се смее, и ете го типот за 5 мин. и пријде, правеа муабет 5-10 мин., и си отиде овој, и викам што му кажа, ми вика не е битно, после некое време пак се опули во друг, го гледа му се смее, и ете го и овој за некое време и пријде, и со овој праеше муабет и го откачи и овој, и така на уште еден му направи го гледаше, му се смееше и за кратко и овој и пријде, и пријдоа тројца за многу кратко време, а се што направи ги гледаше во очи и се смееше, а веруј девојкава не беше многу убава, беше само дотерана, средена.

ПС:одговоров е и за Crazy in love
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
поооо колку мажиња пичлемиња на темата хахааа...абе оди онаму истинкајтего по еднаш,не се прајте ебачи шармери.

Па уште глупоста да биди поголема енглески термини користат :ROFLMAO:
 
Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
И после толку време, јас се уште тврдам дека машките можат полесно да фатат девојка. Зборуваме за просечни момци и девојки. Просечниот дечко може на 5 девојки да им се стави, кај една ќе му успее. А просечна девојка која не е особено провокативно облечена, може цела вечер никој да не и пријде. Автоматски, машките се во поволна ситуација.
ама таква како што кажа ти девојка на 5 машки да им се стаи сите 5 ке ги фати, така да за женско е полесно
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
“ја немаат сите ЛУЃЕ таа храброст“ и машките се исто психолошки (не)спремни како и женските (дури и вие сте и поспремни на психички план а ние сме по физички спремни (via studies))
Taчно, али темава цели кон дека како вас ви е потешко - и јас тоа го одговарам - дека не се согласувам и дека е исто тешко и на машките и на женските. Така да не сте за жалење.
Не сме за жалење. Воопшто. Никогаш тоа и не го кажав.

ама таква како што кажа ти девојка на 5 машки да им се стаи сите 5 ке ги фати, така да за женско е полесно
Да, но тоа е само затоа што се уште живееме во ера каде од машките се очекува да се пуштат, па така што ако девојка пријде сите сметаат дека е храбра. Кога би биле сосема изедначени улогите и кога бројот на девојки кои приоѓаат ќе биде еднаков на бројот на машки кои приоѓаат, тогаш и девојките ќе добиваат ист број на корпи како и машките.

Не се согласувам, бидејќи мажите се тие што се пуштаат секој маж пре би и пришол на девојка која го гледа во очи знае дека нема корпа да попие, и јас пре би и отишол на таа што ќе ме гледа во очи отколку на таа што гледа во таван, еднаш во град запознав една девојка до мене седеше на шанк, се размуабетивме но не бевме заинтересирани еден за друг, мене не ме привлекуваше, а просечна девојка беше, и почна ваков муабет нешто и девојкава ми вика глеј сега, ќе ловам мажи со очи, и лека полека девојкава почна, се опули во еден и цело време му праќа погледи и му се смее, и ете го типот за 5 мин. и пријде, правеа муабет 5-10 мин., и си отиде овој, и викам што му кажа, ми вика не е битно, после некое време пак се опули во друг, го гледа му се смее, и ете го и овој за некое време и пријде, и со овој праеше муабет и го откачи и овој, и така на уште еден му направи го гледаше, му се смееше и за кратко и овој и пријде, и пријдоа тројца за многу кратко време, а се што направи ги гледаше во очи и се смееше, а веруј девојкава не беше многу убава, беше само дотерана, средена.

ПС:одговоров е и за Crazy in love
Тоа е индивидуален пример. Не мора да значи дека ако девојка гледа машко, дека тој сигурно ќе и се пушти. Прво зависи и од самиот карактер на девојка. Има девојки на кои природно им доаѓа кокетирањето, па знаат како да пратат поглед и истиот да биде заводлив.
А има девојки кои исто ќе гледаат, ама нема никој да им пријде.
Така да теоријава ти паѓа во вода.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom