Уапсени криминалците Ѕвонко Веселиновиќ и неговиот брат Жарко
Српската полиција ги уапси овие криминалци во планината Копаоник - Србија.
Двајцата беа посочени како организатори на криминалните структури на северот на Косово , сомничени се за палење на граничните премини , напад врз силите на КФОР и ЕУЛЕКС , како и за убиство на косовски полицаец.
Останува непознато дали ќе бидат екстрадирани на Косово.
Во Кралево им е даден 48 часовен притвор , според српската полиција , уапсени се заради нелегално производство и пуштање во употреба на оружје и експлозивни направи.
Често косовските медиуми пишуваа за овие криминалци , а меѓународните сили имаа снимки во кои се потврдуваше улогата на браќата во насилствата во северот на Косово.
http://gazetaexpress.com/?cid=1,15,69998
-
Масовна тепачка меѓу србите на северот на Косово
Вчера околу 23 часот на северот на Митровица избила тепачка помеѓу 60тина срби на улица.
Следењето меѓу нив и тепањето продолжеле низ неколку улици. Настрадале 2 српски автомобили , излогот на една продавница и еден полициски автомобил.
9 срби побарале помош во болница заради повреди од употреба на тврди предмети
Полицијата морала да употреби солзавец и да пука во воздух.
Се препоставува дека инцидентот е борба меѓу хулигани заради конфликт на интереси.
Вакви инциденти на северот на Митровица населен со срби , имало и порано.
http://gazetaexpress.com/?cid=1,15,70016