NBA Сезона 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113
Nba.com is back !!!

forever-alone-happy-meme.jpg
 
Дап, солиден плејмејкер е најважна потреба во моментов.

Ама ако испадне шанса да се земе Хауард за Бајнам, менаџерот Купчак нема да се мисли многу, кога успеа да го земе По Гасол за Кваме Браун тогаш ова е секако возможно. Дури и да мора да го даде и Одом пак се исплати работата, иако би сакал да им го увалат Блејк и/или Артест наместо Одом.
Бајнам е добар центар ама во одбрана е послаб од Двајт Хауард, посебно во одбрана на пик анд рол.

Орландо ќе мора да се свести дека подобро е да земе нешто за Хауард, додека може да се земе нешто, а Бајнам е млад добар играч окулу кој може да се гради тим и кој има уште 3-4 години договор. Да не заборавиме дека Бајнам во Лејкерси е трета опција во нападот а статистиките му се на ол-стар ниво. Како прва опција би бил уште подобар но Двајт Хауард е секако подобар играч.
 
ја забораваш најважната работа, дека бајнам нонстоп се повредува
 
И ако Бајнам се повредува нон стоп, тука се Гасол и Одом. А вака со Фишер/Блејк шо прајме? Од почеток сме 4 против 5 на терен. И немој некој да ми спомнал дека е "клач" играч за Лејкерс, да игра како што треба, нема да има потреба од неговите херојски "клач" шутеви. Типови како Вестбрук и Бареа вртат кругови околу него.

Нормално ако може да се направи трампа Бајнам/Хауард, сум за. Но приоритет мене би ми било плеј и замена за Коби на двојка.
 
И ако Бајнам се повредува нон стоп, тука се Гасол и Одом. А вака со Фишер/Блејк шо прајме? Од почеток сме 4 против 5 на терен. И немој некој да ми спомнал дека е "клач" играч за Лејкерс, да игра како што треба, нема да има потреба од неговите херојски "клач" шутеви. Типови како Вестбрук и Бареа вртат кругови околу него.

Нормално ако може да се направи трампа Бајнам/Хауард, сум за. Но приоритет мене би ми било плеј и замена за Коби на двојка.

Ондак, this is the man!

Jose+Juan+Barea+Dallas+Mavericks+v+Los+Angeles+TmLz2u3uZ1Zl.jpg


Ако не можеш да го победиш, нека ти се приклучи :)
 
Ондак, this is the man!

Ако не можеш да го победиш, нека ти се приклучи :)
Не бе, Бареа има Мис Универзум за жена, кој ќе го гледа Коби пак по судници :)

Озбилно сеа...Пол/Дерон изгледаат малку возможни. Ако збораме за реално/дофатливо - Ремон Сешнс или Бареа ќе завршат работа.
 
Не бе, Бареа има Мис Универзум за жена, кој ќе го гледа Коби пак по судници :)

Озбилно сеа...Пол/Дерон изгледаат малку возможни. Ако збораме за реално/дофатливо - Ремон Сешнс или Бареа ќе завршат работа.

Лејкерс без скандал... не е тоа тоа... :)
 
ја забораваш најважната работа, дека бајнам нонстоп се повредува
Важно е дека повредите не се од повторувачки вид. Бајнам прерано започна со професионална кошарка, одвај 18 имаше наполнето. Дечкото има голема висина и тежина, мора сериозна физичка подготвеност за да се издржат напорите на кои телото е изложено во самата игра а тој прерано почна и неподготвен. Мислам дека ќе биде ок со здравјето.

Најважно за Орландо е што може да добие за Хауард, еднаш кога ќе стане јасно дека нема да потпише екстензија.
Од тоа што им се нуди по медиумите, Бајнам плус нешто (лејкерси би го дале и Одом) е најдобрата понуда дефинитивно. Или можеби како што се спомнуваат варијантите со три тима каде во варијата влегуваат и Милвоки со Богут, Богут во Орландо, Двајт во ЛА, Бајнам во Милвоки.
Еднаш кога Орландо ќе види дека Хауард не потпишува, ќе го заменат пред да успееш да трепнеш... никој не сака да му се случи уште еден ЛеКвин. :)

Да, да... Крис Пол рече дека нема да им потпише екстензија ако го заменат во Бостон и сега Ејнџ се прави луд, он всушност не сакал да го менува Рондо!
Нека се сложи Крис Пол па ќе видиш колку не сака да го замени. :P

Ондак, this is the man!

Jose+Juan+Barea+Dallas+Mavericks+v+Los+Angeles+TmLz2u3uZ1Zl.jpg


Ако не можеш да го победиш, нека ти се приклучи :)
Бареа после играта во плејофот е кандидат за најпреплатен играч во лигата. Достапен е и проаѓа како плеј ама проблем му е играта во одбрана заради малата висина.
Дефинитивно не е за лејкерси.

Аке не се успее да се земе Крис Пол (тешко) се надевам на замена или амнестија на Бајрон Дејвис или Калдерон, па еден од нив некако да се земе.
 
Бареа после играта во плејофот е кандидат за најпреплатен играч во лигата. Достапен е и проаѓа како плеј ама проблем му е играта во одбрана заради малата висина.
Дефинитивно не е за лејкерси.

Аке не се успее да се земе Крис Пол (тешко) се надевам на замена или амнестија на Бајрон Дејвис или Калдерон, па еден од нив некако да се земе.

Се сложувам, Бареа од подценет ролплеј играч, може преку ноќ да стане преценет стартер или 6-ти играч во некоја екипа.
Го обожавам Бареа, феноменален кошаркар со големо срце - но ако се погледне реално и објективно порториканецот е солиден кошаркар само како 7-ма или 8-ма опција во добра екипа, со ротација од некои 13-15 минути максимум. Мислам дека со поголема улога ќе падне неговата ефективност.
Пазарот ќе се нафати на мамката и веројатно екипата која ќе го земе ќе смета на него како стартер или најмалку 20+ минути играч на теренот.
Најпрво би сакал и догодина да го гледам во мојот Далас, но ако тоа не е можно тогаш му посакувам се најдобро во неговиот следен тим. Ако ништо друго, Бареа е еден од ретките играчи во НБА кои навистина заслужуваат шанса за добар договор и повеќе време на паркетот.

Лејкерс нема играчи за Пол, Бајрон Дејвис најверојатно останува во Кливленд (барем според последното што го прочитав), како ментор на Ирвинг, додека Калдерон е навистина интересна опција која звучи примамливо, но мислам дека Лејкерси немаат што да му понудат на Торонто за него.

Самиот Мич Хупчак изјави дека трансфер периодот ќе биде навистина тежок за езерџиите. Можеби најдобра варијанта за нив би била Т.Џ. Форд, ефтин и солиден играч кој може да одигра солидна сезона опкружен со добри играчи, од кого нема да се бара премногу. Мајк Биби и Карлос Аројо се други варијанти, кои според мене се полоши од Форд.
 
Да, да... Крис Пол рече дека нема да им потпише екстензија ако го заменат во Бостон и сега Ејнџ се прави луд, он всушност не сакал да го менува Рондо!
Нека се сложи Крис Пол па ќе видиш колку не сака да го замени. :P.

Абе задремал ми е сакал нејќел Пол, Ејнџ правил ли се будала или не, битно Рондо да си седе у Бостон :P
 
Директна замена не е императив, можно е да се вклучи и трет, па и четврт тим во менувањето, за тимовите како Хорнетс, Рапторс или Кавалиерс да го добијат она што го посакуваат.

Хорнетс, да не заборавиме е во сопственост на лигата. Управата нема да гледа да прави шампионски тим по секоја цена, а од друга страна е свесна дека по оваа сезона Крис Пол ќе си оди од тимот. Сега најверојатно разгледуваат која понуда е најповолна, Њујорк не е опција зошто нема ама ништо што да понуди во замена. Мислам дека на крај ќе се сложат и на инфериорна замена со било кој клуб што ќе се сложи на замена без Пол да потпише екстензија, клуб кој се надева дека ќе го предомислат пред следната сезона.
Земање титула со Лејкерси би била прилично добра причина да остане, нели? ;)

Инаку Кливленд по тоа што се чита низ медиумите, е спремен да го даде Дејвис за вистинска понуда или исто е веројатно да го амнестира. До 2013та треба да земе $28,650,000, што за ребилдинг тим како Кливленд е премногу. Како ментор и не баш некој (ако судиме спрема лошиот однос низ кариерата со некои од тренерите). Ако не најдат добра замена мислам дека ќе го амнестираат.

Аројо е во најоптимистички аспект добар само за бекап од 10-15мин по натпревар и одбраната не му е за завидување. За таа намена и Стив Блејк не е полош, а него Лејекрси веќе го имаат под договор до крајот на 2013та.
Мајк Биби е уште полош, нема таков плеј во НБА што тој може да го брани а шутот, единственото нешто што му остана, му беше доста лош во последнава сезона во Мајами. Особено во плејофот.
Башка постојано се смеам, кога ќе се сетам како ноншалантно си ги сечеше ноктите во 5тата утакмица во финалето на западот, против Лејкерси... за да на крај незаборавно да ја загубат одлучувачката утакмица во серијата.

Форд, да бидам искрен, не го имам гледано многу и не знам што да мислам за него. Ако Лејкерси земаат просечен/подпросечен играч, мора барем одбрана да игра добро. Кобе и Одом може доста да помогнат во организирање на нападот, ама одбрана е обрзителна способност за новиот плеј. Можеби Марио Чалмерс ако веќе навистина не најдат нешто подобро.
 
Делонте Вест да не беше толку "жешка глава" би изгледал супер. Солиден дефанзивец, добар шут, и ок асистира.
 
Ниско крило, 2-ка бек, непостојан шут... Артест е слична позиција и подобар избор, освен за шутот. На Лејкерси многу им фали шут од далечина.

П.С. Отворив тема: Анализа на играта на одделни НБА тимови за NBA Сезоната 2011/2012
http://forum.kajgana.com/threads/Ан...и-НБА-тимови-за-nba-Сезоната-2011-2012.56349/
 
чалмерс е многу потценет играч.. Дечкото во финалево искина со 3ки а одбраната му е стварно многу добра.. На крај секогаш одбраната ги добива утакмиците али сепак според мене лејкерс не би било лошо да го дадат блејк и можда кеш за чалмерс кој би играл прва постава пред фишер. Фишер е еден од играчите кој навистина ги ценам .Има лавовско срце,ќерка му имаше леукемија(или нешто така) и типов од болница директно во 2ро полувреме се појави на некоја важна утакмица.. Во кариерата имал многу блескави моменти ко на пример во финале на запад пред некој 6-7-8 години кога играа со минесота( ја сечев вени за гарнет) им даде на 0.4 секунди пред крај кош од пола терен.. а одбраната му е феноменална.. Е сега веќе е во години али сепак мислам дека има уште да понуди и да им помогне на лејкерс..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom