смешна понуда, клиперси можат да понудат многу повеќе ( гордон-џордан-мо-пик од минесота шо би требало да биди топ 5)
само шо двајт неќи во клиперси
веројатно ќе заврши во лејкерси за некоја смешна понуда околу бајнам
Грифин е недопирлив во Клиперси, посебно знаејќи го сопственикот нивен. Никогаш нема да даде играч што му носи толку пари... макар и за титула да се работи. Затоа и Клиперси никогаш немаат направено ништо, човекот е задоволен и со тоа што си прави профит.
Хауард може да е покорисен и докажан играч, ама на најгледаните клипови (со забивања) се гледа Грифин а не Хауард.
Инаку Клиперси и те како имаат што да понудат за замени, плус имаат многу кап простор. Очекувајте да донесат некое звучно име во секој случај.
Би било ептен интересно ако по некоја шанса во Клиперси се најде Хауард.. Од друга страна нетси имаат шанси да го земат Хауард дека сега овој милијардеров руски што ги купи многу амбициозно почна.. Се гради нова сала за нетси и се планира многу да се набилда тимот.. Дечкото планира да собере многу звезди.. Иначе ќе може некој да ми објасни за сејлери-кеп..? Не дека не знам ништо али не сакам ’’тропнам’’.. Слушнав нешто дека газдава на нетс сакал да плаќа нешто плус како оштета за одење преку селјери кеп и да им дава пари на звездиве што сака да ги донесе колку што добивале ако се едини звезди на тимот.. Со други зборови да ги плаќа многу..
Капот е сличен како што беше само парите за играчите се помалку, договорите се пократки, минимум ветеранските плати се исто доста помали. Така да Русот не може да плаќа „повеќе„.
Хауард во Нетси може да заврши само ако Русот понуди понуда „која не може да се одбие„...
Со други зборови, Хауард нема шанси да се сложи да оди таму. Градот не е голем маркет (како NY, LA, поголеми пари од реклами), тимот им е за Никаде (Н-то е намерно големо). Што ќе го привлече Хауард да дојде баш таму за истите пари што ќе ги земе каде и да оди?
Нетси немаат ништо што ќе го примами Орландо на замена баш со нив. Ситна боранија и Брук... Кој?
Нормално е сега сите да пишуваат понуди со желби и честитки. Ви текнува на постсезоната кога ЛеКвин... ова ЛеБрон му пуштаа понуди скоро сите тимови? Или Кобе кога требаше да го продолжи договорот со Лејкерси?
Хауард или ќе остане во Орландо, или ќе отиде во ЛА каде ќе добие и пари и шанса да игра во шампионски тим веднаш и сега (имаше и гласини каде Хауард во разговор со некој неформално кажал дека би сакал да игра во ЛА).
Со тоа што Лејкерси се очајни за плејмејкер така да не го задржувајте здивот, мислам дека прво ќе се обидат да го средат тоа одколку да го носат Хауард.
Играта под кош беше и е најмал проблем за овој тим на Лејкерси.
Фишер е стар за било што повеќе од 10тина минути по натпревар и се разбира, ветеранско водство. Блејк не го бива. Трет плеј не ни има. Брзи мали играчи како Бареа, Роуз, Паркер и слични ќе бидат смрт за ЛА се додека не се најде барем просечен (во одбрана) плејмејкер.
Хауард немаше да смени многу против Далас лани, не можете од центарот да барате да излегува надвор на секој напад каде плеј-от не може да остане на својот играч во одбрана на пик анд рол. А во тој дуел Бареа секој втор напад остануваше сам против повисокиот играч во пик-анд-рол нападот со Новитцки, што Далас го форсираше до бесвест напаѓајќи ја едиснтвената слаба страна на Лејкерси... и заслужени победи.