The Dark Knight Rises

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
За филмовите мислам,цртаните горе долу скоро сите ги имам изгледано и ептен беа зверски во тоа време.
Точно дека концепциите на Бартон и Нолан во поглед на филмот се различни,исто како моите и твоите замисли.
Но муабетот ми беше,со Џокерот во филмот некако поинтересно ми делува,има многу акција,некако повеќе жив ми изгледа филмот.
Ги имам изгледано и двата филма во кој е Џокер,Џек Николсон во тоа време си беше топ и докажан актер,а Леџер не така многу докажан во поглед на улоги како Џокер,но сепак го одглуми Џокер за чиста 10-ка,многу се соживеа со улогата.
Не знам,мене повеќе ми се допадна како одглуми Леџер од Николсон,можеби е прашање на вкус.

Хех.. абе добро сеа.. види Џокерот е таков лик, дури и Бетмен во стриповите, а и во анимираните тртани Batman Beyond вели: „With the joker you have to expect the unexpected“.
Во секој случај, со ликовите од Бетмен секој си има своја прича... Малку бев скептик кога објавија дека Бејн ќе се појави како негативец во The DArk knight rises, ли коа простудирав малце што во суштина значи Bane, и што он има улога во стриповите за Бетмен, онда како еден континуитет во приказната на Нолан за Бетмен, тогаш тоа е одличен избор.
Можда малку бев разочаран кога се отфрли шпекулацијата за ликот на Др Хуго Стренџ како негативец во The Dark Knight Rises, али шо знам, ќе видиме.. Мислам дека Нолан многу добро знае што прави... не е толку наивен, а и сигурно не би си дозволил клише филм или некој дебакл...
 
Како се викаше негативецот што ќе биде во филмов (името во филмот)? Модераторот ги смалил буквите ништо не може да се види. Барем буквите на името на глумецот во филмот нека ги зголеми. :D
 
Сакав да кажам дека баш првите 2 филма Бетмен и Бетмен се враќа, се стрипски изведени, што е најважно ја има готичката атмосфера, Бетмен како карактер ми е многу кул, тивок и мистериозен, не зборува со никој, и плавуша му е увек женска.
Овој новиот е онака реалистичен, филмот е супер, ги сакам и бетмен почетокот, и бетмен мрачниот витез, ама првите 2 ми се у срце. Можда дека како дете израснав со тие филмови. :)
 
Само едно ме интересира, зашто тажите што ќе го нема во 3D?
За навистина да го гледаш во 3D треба и добра опрема за тоа, без наведеното немаш 3D.
За вистинско 3D доживување ќе почекаме уште некое време кога ќе се симне цената на 3D уредите.
Конкретно за филмот иако трејлерот не кажува нешто многу очекувам доследност во однос на претходните остварувања.
 
Како се викаше негативецот што ќе биде во филмов (името во филмот)? Модераторот ги смалил буквите ништо не може да се види. Барем буквите на името на глумецот во филмот нека ги зголеми. :D

Bane или Бејн.
 
Знам како се вика, поентата ми беше модераторот да ги зголеми буквите на името на глумецот.

аааааааа.. Не знам дали ги зголемил, но во секој случај - Том Харди..

Иначе ова би било интересно да се види...

b_batwing.jpg
 
Не бива без Mr. Freeze, Пингвинот, Riddler и Робин.

Ќе требаат уште најмалку 3 дела за да ти вметне сите.
 
Во Newark се снимаа делови од филмот, градот беше полн со Gotham City Police коли.
 
аааааааа.. Не знам дали ги зголемил, но во секој случај - Том Харди..

Иначе ова би било интересно да се види...

b_batwing.jpg

Што е ова на сликава црното? :D Ваљда не е од на Бетмен играчките.
 
Робин ни го нема од дамна. :(

и мене ми е криво за робин што го нема во филмовиве на Нолан,се надевам ќе има камео во последниов филм како изненадување за во наредните филмови кој и да ги прави да го вметнат него...ама тоа е!!
 
Нема да го има во последниов филм на Нолан... Бејл не сакал...

иначе еве го последниот постер...

The-Dark-Knight-Rises-2012-Movie-Poster1-600x887.jpg

--- надополнето: Dec 11, 2011 5:35 PM ---
Најдобриот Бетмен сопред мене, Бартон и Нолан се играчка за Турциве.


Брат ова е ептен чоџук добро! ахаха Јако се тепа турскиов бетмен, поготово коа ќе ми текне дека во исто време холивуд го снимаше оној со Адам Вест и Бурт Вард, каде што освен боксови и сликовити крици од боксовите, немаше ништо друго.. ова е бре КЛАСА!

Башка мора да признаам дека Бетмен ми е облечен како садо мазо глумец во истоимениот порно жанр... ЈАКО!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom