Кај сте ФИНКИ-аши или како да ве условам... ФЕИТ-аш тука.
Јас не се префрлив на ФИНКИ, останав на ФЕИТ, затоа што реално ми е дојдено преку к*р секогаш мојата генерација да биде опфатена со експерименти и новитети хаха. Матурирав 2008 значи бев прва генерација што полагаше државна матура, еве сега во текот на моето студирање пак се најдов на расчекор да бирам меѓу ФЕИТ и ФИНКИ и избрав ФЕИТ, old school, јебига шта чеш.
Не се каам за оваа одлука, иако се нервирам што ФЕИТ многу лесно се “предаде“ и ги даде смеровите ИКИ и ИНФО под јурисдикција на ФИНКИ. Ја мислев ќе има посебни предавања за оние што избраа ФИНКИ и оние што останаа на ФЕИТ, али пак сите имаме исти предавања и не се знае кој на кој факултет е.
И доста само кењате дека требало потпис за одредени предмети, мислам дека тоа важи само за бруцошите т.е. оние што запишаа 1 год., а и оние на кои им се паднаа професори од ПМФ. Не ме плашете и мене непотребно.
Мене не ми предава ниеден професор од ПМФ (фала богу), така што веројатно не ми требаат одредени поени од колоквиум за потпис по ниеден предмет, така ли е (постари колеги потврдете!?
). Инаку на ИКИ сум, најбараната и најисполнетата програма секоја година.
И совет за сите вас тука: Не се бунтувајте многу, туку седнете и научете. Бунтот и негодувањето нема да ве води нигде, може само надоле! И јас имав одбивност према одредени предмети, ич нејќев да ги учам и ги мразев, па затоа сега цената ја плаќам со тоа што наместо да дипломирам како човек со мојата генерација во 2012, ќе ме фати уште една учебна година и здравје ќе дипломирам во 2013. Па и не е лошо, 5 години на електро е добар просек.
Еве сега се средив и станав прав електраш.
Верувајте ми дека нема предмет што еден разумен студент не може да го совлада. Потребно е само многу посветеност и работа. Ако гледате дека некој предмет ви оди послабо, па одете на настава и аудиториски, ангажирајте се! И решавајте задачи, мозгајте, мислете, помачете се малку, така се научува и тоа што ви се чинело невозможно на прв поглед и се станува инжинер!!! Башка, не се потпирајте целосно на професорите и асистентите, некои се стварно кварни и намерно ве учат - не доучуваат, т.е. не ви кажуваат есенцијални информации за да го положите предметот, туку намерно заташкуваат некои работи кои после ги даваат на испит. Користете го интернетот - најмоќното оружје на 21-иот век!
Имате безброј туториали, предавања на англиски од светски познати универзитети, после имате видео лекции (мој фаворит), каде што можете да станете “доктор“ по одреден предмет и да го исцепите со 10ка. Прашање е дали сакате до тој степен да вложите труд и да се посветите на факултетот. По мене знам дека кога не вложував доволно труд и сакав со учено-недоучено да поминам испит, не идеше едноставно. Имаше моменти на разочараност и фрустрација, али никогаш не се предадов и нема! Сега се стегнав, учам најјако што можам и затоа мамицата ќе му ја е*ам на ФЕИТ/ФИНКИ.
Некогаш на човекот му е потребен пад за да се освести до кај дошол и да почне да го гради патот кон врвот повторно. А верувајте ми посилен е оној кој паднал, станал и најдетерминирано, најјако и непобедливо решил да продолжил понатаму отколку некој кој никогаш не паднал.
Никој не е совршен и порано или покасно ќе доживее fail, а можеби некои од вас тоа го доживуваат на факултетот во моментов. Епа клучот на успехот е како ќе се справите кога ќе доживеете fail. Ако останете да лежите на земја предолго, готови сте. Ама ако станете, и чекор по чекор, бит по бит (компјутерска терминологија
) решите да продолжите напред без разлика на околностите нема да се покаете и ќе ја осетите моќта на непобедливоста и нескршливоста.
Еве ја ќе ви кажам дека имав некои предмети кои ги презапишував по 3 пати, и покрај тоа што се чувствував како shit т.е.
што ги слушам по толку пати, а истовремено знаејќи дека не сум глуп за да не можам да ги научам и положам, ги преслушував, идев на лабораториски вежби по кои требаше да идам и на крај ги положив кога решив да ставам крај на ова ср*ње и оттогаш нема више презапишување!!! Едноставно кога не учите, кога не се трудите доволно и сте мрзоволни ќе си го кркате. Верувајте повеќе во себе. Никој не е глуп да не може да седне и да научи нешто, прашање е колку време сакате да вложите за да го совладате материјалот. Колку тоа време е поголемо, толку прорпоционално расте шансата за положување на испитот. И ако нешто не ви е јасно додека учите, изгуглајте го, изјутубирајте го
на крај краева и ќе најдете видео каде што е убаво објаснето. Use your fu*king imagination!!!!!
Woooooooow, кој мотивирачки пост сум напишал!!!
Не ми беше цел да продавам муда за бубрези или да солам памет, али како електраш кој доста поминал и доста пропатил
, сакав да ви ги отворам очите ако уште не ви се отворени и да наметнете нова визија на гледање кон факултетот. Соочете се и помирете се со тоа дека сте студент и дека најголем процент од времето треба да го посветувате на факултет и учење. Учете максимално и никогаш не се предавајте дури и кога шансите ви се against all odds. Дајте го најдоброто од себе и не работете против себе со тоа што нема да учите и после ќе ги кривите професорите! И јас додека бев со ставот дека професорите се @#$%^&* и секогаш даваат најтешки задачи на испит не положував. Затоа, седнав, научив, положив и сега нема сила што може да ме спречи!
)))) Запомнете, секој положен испит ви дава крила и нова сила и енергија! Доволно е едукација од мене.