Колку програмери не има на форумов?

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
C/C++, C#, Visual Basic, HTML и сега го учам ASP.NET ...

Инаку C, HTML и ASP ги владеам најдобро. А никако да ми легне објектно-ориентираното програмирање засега :cautious:
 
Г

Гучи

Гостин
Pascal/Delphi - солидно
C/C++ по малце, недоволно да се положи ни еден од нив :LOL:
И летово почнав да учам Visual Basic, али ме фати мрза и баталив :oops:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
C/C++, Java, HTML но SQL најмногу сакам, во фаза на учење сум и засега најинтересно ми е :)
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Студирам Компјутерски науки и инженерство, па демек знам по малку :D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
И не е важно колку знаеш теорија туку практично а мислам дека сите шо набројувате да ве ставам на лаптоп да програмирате нема да знаете да оправете ниедна прогарама. :D
101% ги знам овие јазици.
C/C++, C#, Visual Basic, Јava, SQL, Web Design
од другите јазици синтакса и основни работи, а и нема потреба да ги изучувам овие се најбарани. ;)
 
McMurphy

натчовек
Член од
14 ноември 2008
Мислења
160
Поени од реакции
33

Web design програмски јазик, првпат слушам, ова да не е јазик во развој во тајната лабараторија на Google...
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
(PHP,HTML,АJAX,...) и тоа е еден начин на програмирање т.е пишување код. ;)
Кога веќе си ги групирал подобро PHP стави го во јазици, а и Javascript ... HTML не е програмски јазик, ниту пак SQL, а уште помалку Ajax.Репликиве инаку се веројатно поради твојата воведна реченица, а не дека не си во право :)
 
McMurphy

натчовек
Член од
14 ноември 2008
Мислења
160
Поени од реакции
33
(PHP,HTML,АJAX,...) и тоа е еден начин на програмирање т.е пишување код. ;)
Знам друже што сакаш да кажеш, ако некој сака да се направи попаметен од другиот секогаш може да најде начин, еве сега може да ти кажам дека пхп е скриптен, целта ми беше да не ги обесхраруваш луѓето со такви констатации дека само ти можеш само да програмираш и е многу тешко, треба труд да се вложи, ама не е ракетна наука програмирањето.
 
Член од
16 март 2011
Мислења
6
Поени од реакции
1
Delphi за програмирање и SQL за бази. Не ги знам другите јазици ама со овие работам од одамна и ги знам стварно добро.
 
Член од
6 октомври 2011
Мислења
8
Поени од реакции
0
Dali moze nekoj da mi pomogne so ovaa zadaca: 1+(1+2)+(1+2+3)...(1+2+...n) , treba da bide napisana kako potprograma vo pascal. blagodaram :)
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Кога веќе си ги групирал подобро PHP стави го во јазици, а и Javascript ... HTML не е програмски јазик, ниту пак SQL, а уште помалку Ajax.Репликиве инаку се веројатно поради твојата воведна реченица, а не дека не си во право :)
PHP и JavaScript се скрипти не јазици.
--- надополнето: Dec 1, 2011 3:11 PM ---
101 % не ги знае јазиците тој што ги напишал, а не ти бе друже.. мислам кажи си од што имаш познавање а не да се правиш GodFather :)
 
SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Воведот и развојот на темава се смешни... Прва работа... ако знаеш C++ конзолно програмирање тоа незначи дека знаеш C++ туку тоа може да се дефинира како познавање на основите на C++ (истото важи и за останатите програмски јазици). Друга работа... (x)HTML, XML, AJAX, .NET и други технологии и слично се наведени како програмски јазици... трета работа, се убацува некој што не прави разлика помеѓу скриптен јазик и скрипта... којзнае уште што нема да видиме на темава. :)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
кај мене делфи у 2ра учевме
Делфи во четврта другарче. :)
Ау ама се практични факултетиве во Македонија, јас разбирам дека треба наставна програма да се напише и све тоа, но јас Делфи го работев 97 и веќе сум го заборавил, пошто одамна не се користи баш многу многу. Ако веќе се вади кадар, нека се вади спремен кадар....
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Ау ама се практични факултетиве во Македонија, јас разбирам дека треба наставна програма да се напише и све тоа, но јас Делфи го работев 97 и веќе сум го заборавил, пошто одамна не се користи баш многу многу. Ако веќе се вади кадар, нека се вади спремен кадар....
никој не рече дека е застарена програма. но да те прашам нешто. запознаен си дека делфи до ден денес се користи во комерцијална банка на пр имер? и дека секоја можна апликација што ја имаат ( десктоп ) е Делфи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom