Видео од Вардар - Охрид има ?
Еве ти пост со мое гледиште на настаните а во него има и мало видео со две шанси и головите.
СОсема заслужена казна за Охрид, според мене треба да му лепнат една доживотна казна на цуркузантон да води тимови во Македонија. Судијата повеќе судеше за Охрид отколку за Вардар, и немаше ништо спорно во утакмицата освен што немаше ни 5 минута активна игра со оглед на тоа што Охриѓани не станаа од теренот.
Потегот на Оса да даде уште еден гол, го оправдувам тотално пошто сто пати претходно го испровоцираа. Да не беше Оса во тој момент на теренот верувам дека никој друг немаше да отиде и да даде гол. Ама него посебно го испровоцираа кон средината на полувремето и затоа го направи тоа.
Ваквиот потег не е прв за охридскиот тим сезонава, на мечот со Тетекс, фудбалерите на Охрид не задоволни од случувањата во клубот, во знак на револт на стартот на мечот исто така статираа. Но тогаш “тетовци“ се покажаа како многу поголеми џентлмени од момците од “градот убав“ па додека охриѓани седеа, се додаваа меѓу себе не напаѓајќи го противничкиот гол. Тоа не беше случај со “црвено-црните“ тие својата моќ ја покажаа кога охриѓани стоеа, бидејќи единствно така можеа да дојдат до чиста ситуација за да постигнат погодок.
Револтот на “рибарите“ на судиските одлуки беше силен, а дека охриѓани беа во потполно право покажува и снимката од мечот.
А овој дел од текстот е најглупавото нешто што сум го прочитал во животот. Како прво двете ситуации си немаат врска една со друга. Тогаш лежеле ради револт кон управата, и што ти ја знам. Овде ни самите не знаеа што сакаа. Ако не ајде ќе си легнеме сите, па 90 минути да си лежиме и нека заврши 0-0.
За болдот: Завораваат дека веќе водевме со 1-0 откако почнаа да стојат. Охрид идеше на 0-0 и не успеа во намерата.
Што покажала снимката од мечот???
Ајде нека стават снимка од мечот и дел по дел ќе коментираме. Ако има една одлука на штета на Охрид јас си го бришам акаунтов на кајгана.
Си дозволуваат лица што воопшто не ни биле на мечот сда коментираат свашта. Јас да сум во управа на Вардар одма ќе излезам со контра соопштение. Срамота е да се обидуваат да прикажат дека на Вардар некој сака да му ја подари титулата.
Бујрум нека кажат дали некогаш ни помогнале судиите. Јас можам да набројам низа утакмици каде што судиите го фаворизирале противничкиот клуб, а ниту една каде што решиле нешто драстично во наша полза.