Ај пред да си легнам, еден мал апдејт да направам...За новиот е...
Намерно се понашам ладно према него, уствари топло-ладно му правам...И гледам до кај ќе оди за да добие внимание од мене...Тоа ми е индиректно мерило колку е загреан за мене...
Живее во друг град и минатиот цел викенд беше овде(демек ме убедуваше ради мене дошол...)
и двата вечери по ред бев со него, гледавме филмови, утакмици...И не му дозволив да ме допре...За инат!!!
Дури и по малку жал ми падна за него...
А зашто вака правам...???
- Затоа што сеуште не го познавам доволно...Кога ќе осетам дека треба да се зближам со него, ќе го направам тоа...А до тогаш - со резерва ќе бидам и тоа голема...И на него му го реков тоа...
Мистериозно ми делува некако, како да крие нешто...Тивок е, смирен, тактичар во душа...
А јас сум обратното од него ( импулсивна, темперамента, нестрплива, брозплета...)
ЈБГ - тоа е...!
Не сакам да бидам повредена... !!!