Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Како поминавте? :)
Многу е чудно колку луѓето се различни од тоа што ги гледаме по телевизии или од тоа како телевизиите се обидуваат да ни ги презентираат. :)
Јас сум презадоволна како помина, имаше многу конструктивна дебата, заклучокот е јасен, „традиционалните“ медиуми (ТВ, радио, весници) се во канџите на политиката, и тешко дека набрзо тоа ќе се смени. За среќа, барем сега ги имаме социјалните медиуми (twitter и fb, разни блогови и сл.) па преку нив може да се стигне до јавноста, за жал сеуште само до помладата. Имаше доста интересни моменти, но вака не може да се доловат. :)
И двете новинарки понудија реална поддршка и контакт од нив, за работи каде што би можеле да помогнат. Блогерот веќе ни има многу помогнато.
Инфо-центарот на ЕУ е совршено место за вакви дебати, се надевам ќе има следна, на која исто така ќе бидете поканети.:)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Човекот си умре, кучињата си лаеа, караванот си врвеше. На југоистокот ништо ново.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Човекот си умре, кучињата си лаеа, караванот си врвеше. На југоистокот ништо ново.
Баш ме интересира ти што би направил за да има нешто ново. Знаеш, човекот учи додека е жив.:)

Инаку, кучињата уште лаат, почнаа по малце и да гризаат ;)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Баш ме интересира ти што би направил за да има нешто ново. Знаеш, човекот учи додека е жив.:)

Инаку, кучињата уште лаат, почнаа по малце и да гризаат ;)
Би се иселил. На Балканот нема ништо ново во последниве 2300 години, од Александар. Само нови робовладетели, нечиста крв и братоубиство.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Би се иселил. На Балканот нема ништо ново во последниве 2300 години, од Александар. Само нови робовладетели, нечиста крв и братоубиство.
Е да, се согласувам дека најлесно е да се избега, само проблемот е што ќе треба на друга планета да одиме.
Ај ако средиш превоз, викај ме :icon_mrgr:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.799
Поени од реакции
8.821
И после Цитро, Прпл Пума и Македонцки и останати ќе те убедуваат ако земеш бугарски пасош си предавник... овие што се? :ROFLMAO:

Знаев дека државава е отидена по канализација ама дека до волку се работиве страшни на ниа сон...
Полицаец, власт, судија, адвокат, службеник на шалтер, не се никој и ништо за големината на Македонија.
Не ме мешајте мене онаму каде што не треба.
--- надополнето: Nov 30, 2011 3:40 PM ---
Патриоти, бидејќи тој збор денес во земјава е редефиниран, на протестите едвај 100 души се собираа, на контра протест организиран за 1-2 дена, над 300, каде се сега тие 300 партиски послушници да бркаат правда, зашто нели тогаш за убеното дете излегоа на улица, а не зашто тоа им го наложила партијата за да само учествуваат во манипулацијата на јавноста преку Сител и остнатите партиски мегафони, дека оние другите, кои протестираат, се соросоиди организирани од СДСМ.
Пак ќе прашам, а знам дека многумина од нив ја пратат и темава на форумов, каде сте сега ?

Еднаш реков, ќе кажам пак, утре ако нечиј брат, сестра, роднина од тие 300 контрапротестанти биде изгазен на раскрсница од некоја фаца од МВР или некоја друга владина институција ( пупу, недај боже ), и тогаш камерите нема да работат, баш тогаш некои проблеми ќе имаат и нема да функционираат. ;)

Јас не излегов ниту на протест, ниту на контрапротест.
Токму зошто беа партиски препукувања.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Полицаец, власт, судија, адвокат, службеник на шалтер, не се никој и ништо за големината на Македонија.
Не ме мешајте мене онаму каде што не треба.
--- надополнето: Nov 30, 2011 3:40 PM ---



Јас не излегов ниту на протест, ниту на контрапротест.
Токму зошто беа партиски препукувања.
И Пол Пот беше премал за големината на Камбоџа...па реши да ја намали во размер...:)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Баш ме интересира ти што би направил за да има нешто ново. Знаеш, човекот учи додека е жив.:)

Инаку, кучињата уште лаат, почнаа по малце и да гризаат ;)
Ја би да обесам некој главоња на сред плоштад, одма до Ацета, ама не ми се лежи затвор сама за сите :вонзем:
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Ја би да обесам некој главоња на сред плоштад, одма до Ацета, ама не ми се лежи затвор сама за сите :вонзем:
Ја би сите главоњи, многу ги имаме, ќе снема место на плоштад. Инаку јас не те оставам сама :icon_mrgr:
А ако за некое чудо се обединиме како народ и заедно го спроведеме планов, нема лежење затвор :sneaky:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ја би сите главоњи, многу ги имаме, ќе снема место на плоштад. Инаку јас не те оставам сама :icon_mrgr:
А ако за некое чудо се обединиме како народ и заедно го спроведеме планов, нема лежење затвор :sneaky:
Ако се обединевме до сеа, немаше да не ду*ат у здрав мозок.
Знаеш како викаат:Од тројца комити, четворица кодоши :треп:
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Ако се обединевме до сеа, немаше да не ду*ат у здрав мозок.
Знаеш како викаат:Од тројца комити, четворица кодоши :треп:
Кодошите се производ на немоќ за лична реализација, и компензираат со подмолно однесување, а тоа на големо е искористено од центрите на моќ. И кога ќе успееат со помош на кодошите да го свртат народот сам против себе, многу лесно си ја обезбедиле моќта. Ама владетелите не се криви, криви се оние што дозволиле животот да им биде директно раководен од други, а на штета на сите. Тие таквите кога ментално ќе еволуираат, тогаш народот ќе се обедини.
А јас Македонке се надевам дека ќе го дочекаме тој ден, макар со внуци покрај нас :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Полицаец, власт, судија, адвокат, службеник на шалтер, не се никој и ништо за големината на Македонија.
Не ме мешајте мене онаму каде што не треба.
--- надополнето: Nov 30, 2011 3:40 PM ---



Јас не излегов ниту на протест, ниту на контрапротест.
Токму зошто беа партиски препукувања.
Ти го бранеше Спасов, добро се сеќавам. А ваквите службеници, полицајци, судии, адвокати ја сочинуваат државава.

Ова е исто ко да кажеш дека голманот не е важен за еден спортски тим пошо не е играч од поле, а фактички да не е тој ништо не праат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom