За бројот на возила, постои точен податок од Републичкиот завод за статистика и точно може да се види колкав е бројот на лесни возила. Сегашниот број е околу 250 иљади во цела Македонија и тој број е нешто помал од пред 20 години.
Генерално се согласувам за другите работи што ги пишуваш, но горниот податок е проблематичен.
Едноставно, не е логично денес да има помалку коли во Скопје (и во Македонија) споредено со пред 20 години: секој ден сме сведоци на поголемата гужва по улици денес отколку пред 10 години, на пример.
Причината зошто денес има статистички помалку коли е затоа што има многу нерегистрирани коли во употреба (прашај ги осигурителните фирми). Пред 20 години немаше шанси некој да не ја регистрира колата, затоа што менталитетот беше друг и затоа што имаше налепници кои се лепеа на предното стакло и веднаш се гледаше кој е регистриран а кој не е. Сега можеби 30% се нерегистрирани (бројкава ми е од сеќавање на текст во весниците).
Иначе, имам неколку негативни лични искуства со Градски Паркинг, и можам да потврдам дека системот по кој работат е невидено измамнички-ориентиран.
Еве зошто:
Ситуација 1: До лани, често го користев паркингот пред Телеком и Мобимак (мислам дека е зона А1, 45 ден час). Секогаш плаќав со СМС. Често ми се случуваше на една пратена порака за КРАЈ на паркирањето, да добијам две или три повратни потврди дека "паркирањето е успешно завршено и цената е таа-и-таа". Едно време го игнорирав ова, мислејќи дека една фирма во сопственост на Градот и една софтверска фирма како Некстсенс што тврди дека е сериозна, не би дозволила двојна наплата и дека системот им е 100% сигурен. Се додека еден ден не седнав да ги споредам моите пораки што сум ги пратил, со тоа колку сум платил вкупно за паркинг преку сметката за мобилен. Тоа што го видов е дека во 5-6 случаи од 10 паркирања во зона А1, паркингот ми бил наплатен ДУПЛО. Ова ги објаснува дуплите или тродуплите пораки што стигаат од Градски Паркинг кога стартуваш или завршуваш паркирање.
Мене лично ова никогаш не ми се случило во зона Ц, туку само во А.
Нека не се обидува некој да ме демантира, затоа што поседувам докази: СМС историја и сметки од мобилен, а иста кола не може да се паркира во исто време на две места.
Верувам дека го знаат овој проблем во Градски Паркинг, и намерно не го исправаат, затоа што е во нивна корист да остане вака што подолго. Знаат дека малку луѓе ќе приметат и дека уште помалку ќе се жалат (процедурата е да поднесеш писмена жалба во нивните канцеларии карши Беко, кој има време за таква факинг заебанција).
Ситуација 2: Во зона Ц, во 15:01 часот, праќам СМС за старт на паркирање. Одам на кафе во близина, и памтам дека накај 16:00 треба да пратам порака за крај. Во 16:00 праќам СМС, и ми стига повратна порака "Вашето паркирање заврши, цената е 50 денари". (Значи ми наплатиле за 2 часа, до 17:01) Си викам, штом ми наплати 2 часа, да не се брзам, ќе отидам малку покасно.
Се враќам кај колата во 16:30, гледам веќе ставена канџа!
Да го скокнам објаснувањето што разговарав со "извршителите" на ГП на улица и со нивните надлежни по телефон, поентата е дека во тек на времето кое ми е веќе платено, тие ставаат канџа!
(Платив 1300 денари РЕКЕТ, планирав да поднесам жалба, но после едно препраќање од типот "дечки, не тука, туку ќе одиш во таа и таа канцеларија", си реков батали)
Без разлика кога сум го пратил СМСот, ОСНОВНА ДЕЛОВНА ЛОГИКА и КУЛТУРА е да ми се овозможи услуга за која сум платил во времето за кое сум платил.
Не може да казнуваат исто некого кој не ни пратил никаква порака, и некој кој уредно платил.
И уште нешто: И да сум сакал да пратам НОВА, втора порака во 16:05, и ДВОЈНО да си го платам тој саат од 16-17ч, системот на ЈП не дозволува да пратиш веднаш нов СМС! Значи, откога ќе пратиш СТОП смс, МОРАШ ВЕДНАШ ДА ГО НАПУШТИШ ПАРКИНГОТ!?!
Ова се глупости кои било која приватна фирма ги решава уште на почетокот на работењето. Фирма како Градски Паркинг која краде преку двојна наплата на паркинг преку СМС во зона А1, никогаш нема да ги корегира правилата за конфликтни ситуации како погоре-опишаната.