Мислам значи постојам

Мислам значи постојам

  • Да

    Гласови: 23 54,8%
  • Не

    Гласови: 19 45,2%

  • Вкупно гласачи
    42
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Ах, премудриот Ирски бискуп, еден од моите херои во филозофијата.

:)

Тој заговарал солипсизам на ниво на поединец, јас заговарам кокреација на ниво на врста. Постои огромна, принципиелна разлика помеѓу тие две гледишта, која ми дозволува да претпоставам дека другите врсти кокреираат друга стварност во согласност на нивниот перцептивен и разумски апарат...
Имаш тука огромна бездна која треба да ја прминеш: како свеста ќе ја препишеш на ниво на колектив (врста). Единствен излез би бил ваљда некој панпсихизам, ама тоа е уште полизгав терен, особено земен со било кој вид солипсизам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Не те разбирам. Мислиш како би припишал свест на некоја друга врста различна од човечката?
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Не не, прво мораш да припишеш свест на човечката врста. Пази, врста, не поединец.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не не, прво мораш да припишеш свест на човечката врста. Пази, врста, не поединец.
Легендарниот проблем на другите умови. Не постои логичен начин да се премости проблемот, освен се разбира произволното заклучување по аналогија. Но, како што велеше Хјум, екстремниот солипсизам е невозможно да се побие по логички пат, но ствара многу малку убедување дека е исправен...

Реално гледано, не постои потреба од таква екстремна чистина во методологијата. Понекогаш, здравиот разум е доволен.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Ако овде не расчистиш методолошки кој е носител на свеста и си земеш произволно да ја припишуваш на се и сешто, инстантно одиш во правец на француските шарлатани. Наскоро ќе почнеш да дрвиш за "колективното несвесно" и слични водени лудории. Цврста методологија е основа на било која аналитичка филозофија.
 
Се слагам, но солипсизмот на Беркли има една магична особина. Имено, тоа е единственото стојалиште во филозофијата кое не може да биде побиено по логички пат. Со годините, научив да ја почитувам неговата генијалност.

Не верувам дека било кој аналитички филозоф би ми замерил што проблемот на другите умови го решавам по аналогија и по бихејвиористички :( (ма начека, признавам) пат. Нема друг излез, тоа е...

Претераното инсистирање на методолошка чистина понекогаш потсеќа на лудак кој нон стоп си ги мие пречистите раце.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Дилемата дали постои материјален свет независно од нашите сетила.
Мислиш на паралелни димензии?

Инаку се е веројатност, нешто у стилот на компјутерскиве
игри. Се рендерира графика само таму кај што се движиш(кај што е свеста) :)
 
K

Khabs Staadnau

Гостин

Паралелни димензии? String theory?
Не мислев на нешто такво, малку погрубо зборам.
Зборувам за сеприсутноста на енергијата, индиректно набљудувана величина.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Се слагам, но солипсизмот на Беркли има една магична особина. Имено, тоа е единственото стојалиште во филозофијата кое не може да биде побиено по логички пат. Со годините, научив да ја почитувам неговата генијалност.

Не верувам дека било кој аналитички филозоф би ми замерил што проблемот на другите умови го решавам по аналогија и по бихејвиористички :( (ма начека, признавам) пат. Нема друг излез, тоа е...

Претераното инсистирање на методолошка чистина понекогаш потсеќа на лудак кој нон стоп си ги мие пречистите раце.
Хмм, тврдење што не може да биде логички побиено. Попер ќе имаше овде многу што да ти напише.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Паралелни димензии? String theory?
Не мислев на нешто такво, малку погрубо зборам.
Зборувам за сеприсутноста на енергијата, индиректно набљудувана величина.
Спомна енергија, што со енергијата во вакумот?
Субквантната кинетика и Paul LaViolette на пример.
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Спомна енергија, што со енергијата во вакумот?
Субквантната кинетика и Paul LaViolette на пример.
Што со енергијата во вакуумот? Знаеме дека не постои апсолутен вакум ниту во вселената, не го порекнува фактот дека енергијата постои независно од перцептор.
LaViolette вели дека не можеме да збориме за енергија на субквантно ниво. Зошто?
Од друга страна, субквантната кинетика не е поддржана од експерименти кои ќе не доведат до емпириски докази.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Што со енергијата во вакуумот? Знаеме дека не постои апсолутен вакум ниту во вселената, не го порекнува фактот дека енергијата постои независно од перцептор.
LaViolette вели дека не можеме да збориме за енергија на субквантно ниво. Зошто?
Од друга страна, субквантната кинетика не е поддржана од експерименти кои ќе не доведат до емпириски докази.
На ова мислев.

Инаку батали за субквантната кинетика, кој прочитал
ќе знае нешто.:) Вака на форум да образлагаме е страшно
напорно, и бесцелно од друга страна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom