Трипати ти го читам постот и само едно ми доаѓа на памет - дали ти воопшто си свесен дека во твојата постсвест преовладуваат садистички идеи!?
"Никој на планетава нема право да не биде навредуван"
Не ја сфаќам поентата,да навредуваш некого без никаква причина (освен ако човек длабоко во себе го мачат некакви конфликти па тоа ги тера да се "празни" на ваков начин).
Ај погледни пак што пишуваш. На една страна стануваш бунтовник кон одредена популација додека од друга страна ги критикуваш бунтовниците, оние кои се водат според одредени правила и догми.
И друже, животот е суров и безкрупулозен само за тие кај кои зборот толеранција, разбирање, почитување...не се наоѓа во нивниот речник. За оние кои го следат вистинскиот пак на Мухамед а.с животот е и тоа како сладок и исполнителен затоа што за секое прашање има цврст одговор ( како во ниту една друга религија во светот).
И друже пред фактите е најдобро да се молчи одколку да се плука. Еве ќе ти кажам еден факт ( од стотичи кои постојат) кој во Коранот е добро објаснет...
Преносител на полот на детето е таткото а не мајката! Ова за науката било магла се до 20 век.додека со Коранот е објаснето уште пред 15 века.
Садистички идеи барај во умовите кои се водат според садистичко-мазохистички идеологии какви што се христијанството и исламот. Јас сум атеист. Јас немам врховен авторитет да му се плашам или неверници кои треба да ги истребам во негово име.
Поентата со навредувањето ќе ја разбереш ако си ја тргнеш предрасудата дека има една вистина и еден бог. Сите 5000 богови „активни“ на планетава денес, сите до еден, имаат
една и единствена вистина. Сите тие бараат послушност, покорност и отчет и за тоа предвидуваат
вечни казни и награди за своите коленичари.
Никој на оваа планета не може да очекува дека животот ќе го помине без да биде навреден. Мене ме вреѓа глупоста, незнаењето и слепилото. Ме вреѓа тупоста и коленичарењето на простата, неука маса. Ме вреѓа агресија врз немоќни и сатар за сиромашни. Сепак, јас не урлам наоколу и не се заканувам на моите соговорници повикувајќи се на некакво
фиктивно право да не бидам навреден. Такво
право не постои!
Ниту ти, ниту било кој друг муслиман, христијанин или атеист
нема право да очекува да биде ненавреден. Особено не на форум.
И, те молам, доколку си претерано осетлив на навреди, де, зауздај се малку со тоа вистините во Куранот, пошто ќе си добиеш по уши (значи вербално) и што си чекал и што не си чекал. Во Куранот нема ниту Н од наука. Куранот, исто како и бибилијата, е пишуван од пустински народи кои живееле во свет
ослободен од науката.
Чисто како мала ислустрација, СПОРЕД КУРАНОТ:
Солена и слатка вода не се мешала
Спермата ни искача од кичмата
Земјата е рамна плоча
Сончевиот систем има 11 планети
Пчелите јадат овошје
Инсектите имаат 4 нозе
Земјата е фиксирана во место
Постојат само две мориња
Градот (метеорологија) паѓа од планините
Сонцето навечер си оди на едно место да си се одмори
Месечината го следи сонцето во иста орбита
...
Мислам,
СКРОЗ НАУЧНО! До јаја, што би рекле брача срби... или
сува наука, што би рекол јас.
Повели да ме исправиш. По било која точка.