- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Дали ти се дефинираш како христијанин? Одговори ми на ова па ќе правиме муабет!
Шверцување, реторики, ѕидови, фарбање, чекани....и останато не ми мешај ок?
Да. Така се изјаснувам. Исто така се изјаснувам и како Македонец и како политички лево ориентиран либерал. Дали тоа значи дека се слагам во потполност со сите Македонци или леви либерали? Маневарот да ги буташ сите Христијани во еден куп ти е фејл. Ова е fallacy of association.
Обидот да обвиниш за „пласирање“ ти е исто така фејл. Секое оформено мислење е изнесување на некоја идеја, искажување став. Пласирање значи иснесување. Провери ја етимологијата на зборот. Разликата во квалитетот на пласираните мислења е во аргументацијата. Кога си немоќен да ја побиеш аргументацијата обвинуваш за пласирање.
Оперираш со двојни критериуми. Кога ги напаѓаат сатанистите, се вадиш дека ти си следбеник на сатанизмот на ЛаВеј и дека другиве верзии на сатанизам не те занимаат. Ти смета ваквото бутање во ист кош кога се работи за тебе, а ич не ти е тешко да го применуваш на други.
На темава не застапувам никакви трибални ниту колективистички идеи. Дискутирам како личност со свои сопствени издиференцирани погледи и одговарам за нив. Не понуди никакви конкретни аргументи против моите постови и непотребно напињаш.
--- надополнето: Nov 28, 2011 6:42 PM ---
Се слагам со најголемиот дел од постот. По болдот: мене ми ја упатуваш таа замерка?Ниту еден не е.
Тој на верниците(ќе го хомогенизирам) го претставува Бог како постоење кое е непоимливо за нас, како омнипотентен, сеприсутен, сезнаен. Таквиот агол не е прифатен од pax humanica лобито, затоа што самата помисла на неизлечива инфериорност и подреденост кон невидлив puppet master гадно оди во спротивност со нашето его и суета.
Основната фрустрација на атеистите е таа теза која верниците ја туркаат дека не е можно научно да се објасни постоење на таква омнипотенција затоа што ние сме прирасток на Бог и како такви немаме ниту моќ ниту потреба да го спознаеме, for we are who we are and we are part of Him, whoever he is.
Ти не смееш да го изоставиш фактот дека овде христијаните ја застапуваат и бранат библијата. Од таму ги црпат информациите и аргументите. Јахве во библијата напати го прифаќаат и има тенденција да им нанесува гаден pwn на релативно недолжни луѓе(како што е Јов). Кога веќе верниците преку догма ја продаваат својата вера, фер е и овие другите да ја користат против нив.
Атеистите застануваат зад Dawkins, Дарвин, телетабиси and what not(имаат далеку поголем избор) и нивните дела ги библизираат. На нивните научни цитати следува кроше во форма на транседенталната логика која е неспоива со нашата маленкост и когнитивна способност, со што сите атеисти се еквивалентни на евреите под Синај и нивните идоли од злато.
Заклучно, нема објективна издржаност и информираност. Односот со Бог е интимен однос, објаснувањето за поимањето на Бог е индивидуално, секој за себе и со свои средства доаѓа до Бог. Или Сатаната. Или Снежана.
Иако многу пати сум бил прекоруван на форумов затоа што пропагирам став на немешање, сепак стојам зад тоа дека не треба да ја наметнуваме нашата вистина како објективна и дистрибутивна кон неприучените. Тоа е врв на ароганција!(Освен во случаи кога гледаме платеници на форумов кои се тука за да жнеат души, на што мора да се реагира и алармира).