Вашата “дефиниција“ за Бог...

Член од
12 јули 2011
Мислења
28
Поени од реакции
5
Многу ме интересира мене: Која е правата вистина? Која е вистинската религија?
Неодговорените прашања пак.
Neznam zosto tolku se pridrzuvate na Stariot Zavet, Nisto ne citirate od Noviot Zavet. Ne samo sto treba poveke pati da se procita Noviot zavet, tuku treba ubavo da se procitaat delata na Svetite Otci i Sedumte Vselenski sobori, pa posle da zboruvate za ovaa tema. Sekoja recenica izvadena od kontekst moze sekako da se protolkuva. Toa e samo moj sovet, a vie si imate pravo da si izbirate za sebe vo sto ke veruvate ili sto ke citate.
--- надополнето: Nov 6, 2011 11:36 AM ---
Сегде со сила се спроведуваше христијанизацијата. Во Византија беа со закон забранети други религии освен христијанството, со закон беше забрането посетување на пагански храмови, беа уривани хрмовите, беа забранети принесувања жртви на други богови, беа забранети дури и пагански ритуали човек да си ги практикува кај себе дома, приватно. Или си христијанин или си надвор од закон. И тоа е наметнување со сила нели?
Kako toa smetas deka bilo pogresno toa sto bilo zabraneto da se prinesuvaat zrtvi? za tebe e vo red sto se prinesuvale deca kako zrtva, sto gi ubivale za da udovolat nekakvi si bogovi napraveni od kamen ili drvo? Site macenici odbile da prinesuvaat zrtvi, i ne se otkazale od Gospod Isus Hristos, a od niv se baralo da prinesuvaat zrtvi. Gospod vika: Koj ima u[i neka cue". Toa e golema vistina.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Kako toa smetas deka bilo pogresno toa sto bilo zabraneto da se prinesuvaat zrtvi? za tebe e vo red sto se prinesuvale deca kako zrtva, sto gi ubivale za da udovolat nekakvi si bogovi napraveni od kamen ili drvo? Site macenici odbile da prinesuvaat zrtvi, i ne se otkazale od Gospod Isus Hristos, a od niv se baralo da prinesuvaat zrtvi. Gospod vika: Koj ima u[i neka cue". Toa e golema vistina.
Во византија не се принесувале човечки жртви, тоа беа жртви во вид на плодови, вино, млеко, животни. Поентата е каде е тука изборот на човекот на која вера и религија ќе му припаѓа?? Со забрана и со сила се тера човек да верува? во она што МОРА а не што сака? Со сила се наметнуваше христијанството.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Насилното покрстување (кое нема врска со библиското крштевање) и ткн. „христанизација“ (која нема врска со Христовото и апостолско ширење на верата) започна со римскиот император Костантин Велики кој воопшто не бил христијанин. Иако католиците и православните верници го слават како светец и го нарекуваат свети Константин, сепак со една внимателна анализа на неговиот живот и делување лесно се покажува дека тој не бил христијанин, туку вешт политичар кој маневрирал со сите религии во Римската империја и имал единствена цел да го зачува мирот и единството во земјата (Pax Romana)
Во тоа време се создала институционализираната „црква“ која не го следела Христос, туку политичките интереси.
Затоа, доколку некој сака да биде вистински следбеник на Христос, треба да го следи христијанството проповедано од Христос и апостолите (библиското новозаветно христијанство), а не одлуките на вселенските и помесните собори кои го носела институционализираната ткн. „црква“.
 
Kako sto veke prethodno poveke pati kazav: sekoj si ima pravo da si misli sto saka, da veruva vo sto saka, toa e individualen izbor, samo isto taka ke naglasam: Koj ima usi ke cue.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ne samo sto treba poveke pati da se procita Noviot zavet, tuku treba ubavo da se procitaat delata na Svetite Otci i Sedumte Vselenski sobori, pa posle da zboruvate za ovaa tema.
Вселенски собори имало многу повеќе од седум, но денешните православни цркви ги одбрале овие 7 затоа што токму тие одлуки им се допаѓале. Пред седмиот вселенски собор имало четири вселенски собори кои ги анатемисале иконите и иконопоклонството, а потоа по декрет на царицата Ирина (значи повторно политички потег) тие биле прогласени за „богоугодни“ а биле прогласени анатеми за сите оние што не им искажуваат почит на иконите.
Многу од одлуките на вселенските собори се спротивни на Библијата и праксата на Христос и апостолите. Во нив имало повеќе политика, отколку внимателно читање на Божјото Слово.

Некои од делата на ткн. „свети отци“ се корисни и полезни за читање, но треба да се внимава да не се идолизираат, затоа што сепак тоа се човечки зборови и човечки интерпретации на Светото Писмо.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Stravot od Boga znaci da gi pocituvas zakonite koj gi kazal Gospod, od koi najvazni se dve: Sakaj go Boga so seto svoe srce, i sakaj go blizniot so seto svoe srce. A blizen e sekoj covek, bez razlika dali e toa licnost koja ti e prijatel ili nekoj koj zboruva loso za tebe ili ti pravi loso. Treba za sekogo ednakvo da se molis i da pravis dobro, samo dobro, nikomu so loso da ne vrakas. Ako se plasis od Boga ke gi ispolnuvas ovie dve najvazni zapovedi, zosto site ostanati zapovedi zavisat od niv, togas si mudar i ne samo sto si obezbeduvas mesto vo Vecnosta-Carstvoto nebesno, tuku i na sekogo mu pravis dobro i pomagas.
Во моменти како овој.......страшно ви завидувам на неспособноста да знаете што е љубов.
Колку само би сакал да можев како вас, да сакам или не.....само затоа што некој или нешто ми заповедал така. :(
Вие никогаш нема да страдате, никогаш нема да имате скршено срце........за вас љубовта е само уште една заповед плус, запишана во вашето упатство како да се биде послушен слуга господов.
Ако таа книга ви каже дека стравот е пат до љубовта, вие во тоа верувате....Ако таа книга ви каже дека е блажено да сте бедни по дух, тогаш бедата ја сметате за блаженство.....

Можеби никогаш нема да ја спознаете љубовта......но никогаш нема да ја спознаете ни горчината....кога сакаш, а знаеш дека е залудна таа љубов. И токму поради таа неспособност, страшно ви завидувам.....
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Sekoj ima pravo da veruva vo ona vo sto ke izbere, nikoj ne e prinuden vo nisto, edinstveno katolickata crkva ostavi pogresen vpecatok so nejzinoto nasilno pokrstuvanje na novoosvoenite teritorii, no taa uste pred eden vek otpadna od vistinata i zatoa od nea se rodija tolku mnogu sekti. Samiot covek odlucuva za sebe, nikoj drug.
Сите се ОК, само Католичката црква оставила погрешен впечаток. Честитки насекаде!

Секој навистина може да верува во што сака. Но тоа не го прави неговото/нејзиното верување вистина. Ти тука се обидуваш да го направиш токму тоа - да севираш верување како вистина. Тоа е погрешно. Не знам дали си свесна за ова или не, ама тоа го правиш. Една била вистината и тоа баш твојата, пошто така пишувало во книгата.

Во Дедо Мраз не веруваш, ама веруваш во Господ, а и за двајцата има книги. Не веруваш во Алах, а веруваш во Исус. Шива и Вишну постојат 3000 години подолго од Светиот Дух, ама они немаат везе - глупа е цела индија што верува у нив, ти, православната, си била таа среќа да се родиш у вистинското под-христијанство... go figure...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Well, she is a lucky bastard, isn't she?

:D

Мислам, навистина треба да имаш среќа, да веруваш во Бог, и да се родиш во вистинско време и на вистинско место, за да бидеш припадник на вистинската религија...

Некој луѓе едноставно се раѓаат среќни...

:pos:
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Една од темите на подфорумов ме натера да размислам за ова. Има слична тема но не иста.

Постојат многу религии на светов, со најразлични верувања и сите го спомуваат Бог, севишниот, семоќниот, будниот чувар или како сакате наречете го.
Што за вас претставува Бог? Како го замислувате?
Личност, енергија, чуство или нешто сосема различно и невидено.
Кажето го својот начин и својот поглед кон Бог.
Темата е само заради тема. Нема никаква смисла. дефиниција за Бог. За кој Бог? За мојот Бог, за твојот Бог, за неговиот Бог?
Не гледам смисла.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
То шо викаш... им нема крај. Како да избереш, да не згрешиш?!?
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Натсвест, моќно присуство кое ме остава без текст во моментот. Во тој момент знам дека Бог не е ништо од се она што мислам дека е.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Натсвест, моќно присуство кое ме остава без текст во моментот. Во тој момент знам дека Бог не е ништо од се она што мислам дека е.
Она што те остава без текст е лошото образование...

Ако не е ништо од она што мислиш дека е, тогаш е токму тоа, ништо...

Знам, мислењето е тешка работа...
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Бог е да речеме љубов, но што е љубовта ако не си свесен за неа? Само збор. Кога си свесен, те остава без здив. Барем кај мене.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Бог е да речеме љубов, но што е љубовта ако не си свесен за неа? Само збор. Кога си свесен, те остава без здив. Барем кај мене.
Бог е љубов е веројатно најголемата фраза, и најпразната реченица во религиската историја. Не ти е срам да бидеш толку банален?

Бог е љубов? Не заебавај...
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Тоа што го кажувам е дека тоа чувство не може да се опише и сфати рационално. А ти тоа не го сфаќаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom