И? што постигнал со тоа што ги зашамарал? Демек после тој чин ќе станат фини и културни дечки и ќе им отстапуваат место на баби во автобус?
Да се разбереме, факт е дека денешниве деца ( звучам као пензионерка) се крајно дрски и безобразни, ама тоа не е нивна вина, туку на нивните родители.
Во денешно време општествените вредности се целосно изместени, а родителите во борбата за гола егзистенција или пак зафатени со матни бизниси, забораваат на домашното воспитување. На крај, резултатот е видлив, деца кои на просветните работници гледаат со презир и ги сметаат за дебили кои работат за мизерни плати, идоли им се мафијаши и новопечени богаташи.
И тоа нема да се смени со со два - три шамара, треба време и ангажирање, првенствено од родителите , а и од професорите за да се промени нешто.
Добар просветен работник умее да го наметне својот авторитет без употреба на физичка сила. Јас, а верувам и вие, сум имала професори и наставници кои никогаш не удриле некого, па сепак уживале респект, многу повеќе од оние што шамараат.