Професор со шлаканици воведувал ред на час

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Секој „ќотек“ носи некое добро по себе ...
дојдовме до тој степен како народ без одговорност и несериозност и да се спротиставуваме ... се знаеше што е ќотек порано шамарот и балет почнуваш , прачка и крем за раце си купуваш :D ... а не ова .
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Овој инаку како може да го продолжи часот ако има некој во училница и му изигрува мајмунлак?
Ти не читаш изгледа јас што пишувам,ќе го избрка од час!
Како поинаку да ти кажам? Ќе го отстрани, ќе му рече надвор да оди и крај на приказната.
Значи предавам сега јас, пример, двајца ученици ми зборуваат, ги опоменувам еднаш, два пати и на крај им викам излезете надвор и точка. Нема шо повеќе муабет да се праи.
Ако треба со тројца ќе држам час, ама ќе слушаат.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Овај е некој што не знае да се снајде на поинаков начин со учениците, па мора шлаканици. :pos:РЕТАРДА!
Да, ретарда како не му е срам.Требало да остави професорот да му се качува на глава секое невоспитано говедо.Макар и да му извадат пиштол, да седи со скрстени раце........
--- надополнето: Nov 26, 2011 1:09 AM ---
Ти не читаш изгледа јас што пишувам,ќе го избрка од час!
Како поинаку да ти кажам? Ќе го отстрани, ќе му рече надвор да оди и крај на приказната.
Јас читам но ти не читаш:
Ако не му е гајле нека продолжи и ќе си биде избркан од школото.
Ти го спомена ова.Ова правило јас ти реков не важи.Ако мислеше за останатиот дел од коментарот, мој тоа не се однесуваше за тебе.
Не знаеш ни самиот што пишуваш.Полека, и смирено во ред?
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Мене дневници од глаа ми пукаа,зашо не сум сакал да ги соберам топките после час физичко..
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Да, ретарда како не му е срам.Требало да остави професорот да му се качува на глава секое невоспитано говедо.Макар и да му извадат пиштол, да седи со скрстени раце........
Има покултурен начин за решавање на тој проблем, кај директорот нека го пријавеше и готово, кај родителите, ехее колку други начини има. Само кој знае, нешто фамилијарно ваљда изнервиран и ај на децата ќе се испукуваме. :eek:
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
премногу разгалени деца кујзне што праеле воопшто не го обвинувам професорот
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Ако мислеше за останатиот дел од коментарот, мој тоа не се однесуваше за тебе.
Овој инаку како може да го продолжи часот ако има некој во училница и му изигрува мајмунлак?
Добро де, знам дека не се однесуваше на мене, ама ти одговорив, оти гледам дека си у забуна. Значи ја откривме Америка, ако му смета ќе го избрка од час.
Сега сфакаш како ќе си го продолжи часот?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
По ОТО наставникот Богче секој час чакмаци ми маваше оти бев беља дете,ама еднаш го начекав на поминување под прозор,пунење набрзина 25 литарска вреќа со вода,џиткање од прозор,правење утоп на наставнилот и слатко и тивко смеење на нос за наплаќање на ластиците
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Нит учениците се злато - нит професорот требал да се праи фраер да мава шлаканици.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Има покултурен начин за решавање на тој проблем, кај директорот нека го пријавеше и готово, кај родителите, ехее колку други начини има. Само кој знае, нешто фамилијарно ваљда изнервиран и ај на децата ќе се испукуваме. :eek:
А што ако претходно веќе неколку пати го има пријавувано кај директорот и видел дека тоа нема ефект?
Друго, сум работел како чувар во школо (преку ден) и знам на денешниве деца на која стапка им е свеста за дисциплина и култура.Нула.Реков, и јас не сум бил совршен во школо, нормално е сите сме деца тие периоди и ни работат жичките, но кога ќе ме опоменеле сум знаел и да се смирам.Денешниве не, уште од мали се размазени, телефони вредни колку два компјутери им купуваат, скапи брендирани облеки.Што и немам ништо против, ако ги подучувале нивните родители како да се однесуваат во школо и до која граница треба да одат со глупирањата.Имаше и исклучоци ама како што реков, тоа се само исклучоци.
--- надополнето: Nov 26, 2011 1:20 AM ---
Добро де, знам дека не се однесуваше на мене, ама ти одговорив, оти гледам дека си у забуна. Значи ја откривме Америка, ако му смета ќе го избрка од час.
Сега сфакаш како ќе си го продолжи часот?
Па ако знаеш тогаш каков е тој начин на обраќање?Кога знаеш дека тој дел од коментарот не се однесува на тебе, тогаш нема потреба од такви бурни реакции.
Ти не читаш изгледа јас што пишувам,ќе го избрка од час!
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Туркиш-шќиптаркиш паралелка...ГИВ ДЕМ ДИ ШАМАРС,НАУ!!!
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
А што ако претходно веќе неколку пати го има пријавувано кај директорот и видел дека тоа нема ефект?
Друго, сум работел како чувар во школо (преку ден) и знам на денешниве деца на која стапка им е свеста за дисциплина и култура.Нула.Реков, и јас не сум бил совршен во школо, нормално е сите сме деца тие периоди и ни работат жичките, но кога ќе ме опоменеле сум знаел и да се смирам.Денешниве не, уште од мали се размазени, телефони вредни колку два компјутери им купуваат, скапи брендирани облеки.Што и немам ништо против, ако ги подучувале нивните родители како да се однесуваат во школо и до која граница треба да одат со глупирањата.Имаше и исклучоци ама како што реков, тоа се само исклучоци.
А што ако не ? И не ме болит ич за ученициве. И никој не мојт да ми кажит дека ниту еднаш во животот немале навредено професор или не му префрлиле некаков збор. Секој тинејџер мора да има направено нешто од ова (освен бубалиците). Мене вакво чудо до сега ми се нема случено, зависит до професорите. :confused:
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
И? Што постигнал со тоа што ги зашамарал? Демек после тој чин ќе станат фини и културни дечки и ќе им отстапуваат место на баби во автобус?

Да се разбереме, факт е дека денешниве деца ( звучам као пензионерка) се крајно дрски и безобразни, ама тоа не е нивна вина, туку на нивните родители.
Во денешно време општествените вредности се целосно изместени, а родителите во борбата за гола егзистенција или пак зафатени со матни бизниси, забораваат на домашното воспитување. На крај, резултатот е видлив, деца кои на просветните работници гледаат со презир и ги сметаат за дебили кои работат за мизерни плати, идоли им се мафијаши и новопечени богаташи.
И тоа нема да се смени со со два - три шамара, треба време и ангажирање, првенствено од родителите , а и од професорите за да се промени нешто.
Добар просветен работник умее да го наметне својот авторитет без употреба на физичка сила. Јас, а верувам и вие, сум имала професори и наставници кои никогаш не удриле некого, па сепак уживале респект, многу повеќе од оние што шамараат.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Ти не читаш изгледа јас што пишувам,ќе го избрка од час!
Како поинаку да ти кажам? Ќе го отстрани, ќе му рече надвор да оди и крај на приказната.
Значи предавам сега јас, пример, двајца ученици ми зборуваат, ги опоменувам еднаш, два пати и на крај им викам излезете надвор и точка. Нема шо повеќе муабет да се праи.
Ако треба со тројца ќе држам час, ама ќе слушаат.
Simple is that. Ако учениците не сакаат да учат, нека не учат де. Ќе даваме шлаканици за некој да учи. :confused:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
И? што постигнал со тоа што ги зашамарал? Демек после тој чин ќе станат фини и културни дечки и ќе им отстапуваат место на баби во автобус?

Да се разбереме, факт е дека денешниве деца ( звучам као пензионерка) се крајно дрски и безобразни, ама тоа не е нивна вина, туку на нивните родители.
Во денешно време општествените вредности се целосно изместени, а родителите во борбата за гола егзистенција или пак зафатени со матни бизниси, забораваат на домашното воспитување. На крај, резултатот е видлив, деца кои на просветните работници гледаат со презир и ги сметаат за дебили кои работат за мизерни плати, идоли им се мафијаши и новопечени богаташи.
И тоа нема да се смени со со два - три шамара, треба време и ангажирање, првенствено од родителите , а и од професорите за да се промени нешто.
Добар просветен работник умее да го наметне својот авторитет без употреба на физичка сила. Јас, а верувам и вие, сум имала професори и наставници кои никогаш не удриле некого, па сепак уживале респект, многу повеќе од оние што шамараат.
+1

Шамарање дефакто треба - ама од родителите.
А за професорот - следен пат нека испокрева на табла (цел клас) и нека изнашиба единици. Ќе видиш као ќе се мирни после.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom