Ест дека последните години Барса игра добар фудбал, и дека Меси е ѕвер но:
Чудно е тоа што Челзи, Арсенал, Реал Мадрид па и Милан (Аквилани го допре Чави по рамото и овој падна) сите беа оштетени кога играа против вас. И тоа во клучни утакмици и во клучни моменти. Еве за потсетување:
Кај сите големи клубови има играчи што глумат, кај вас се СИТЕ ДО ЕДЕН.
За жал. Штета, пошто играте добар фудбал, но ете.....
Ајде ќе почнеме од Челзи, да имаше пенал за Челзи, можеби и 2, беа оштетени на таа утакмица, али ако судиите секогаш судеа без грешки ондак Барса немаше да патува у Лондон со 0-0. Зашто ? Затоа што на првиот натпревар од тој дуел имаше исто така чист пенал над Анри како и втор жут кој требаше да го добие Балак при еден остар старт. Зар мислиш дека ако беше досуден пеналот како и вториот жут врз Балак ( што значи и играч мање) Барса ќе патуваше со 0-0 у Лондон ? Не верувам друже, резултатот ќе беше сосема друг со пенал и играч више за Барса, а аналогно на тоа ќе следевме сосема подруг натпревар у Лондон.
Арсенал, зашто го спомињаш, претпоставувам мислиш на црвениот на Ван Перси ? А кај ти е меморијата за првиот натпревар ? Чист поништен гол на Меси, играње со рака у шеснаесетник на Арсенал, зар тоа го заборави, или ќе пишуваме само тоа што ни одговара.
Реал што ? Ти текнува како Реал извади лани 1-1 на Бернабе у Примера ? Со пенал кој беше дајв од Марсело !
Е сега, црвениот на Пепе, неговиот старт у реален момент изгледаше страшно а на успорена снимка може да се види дека и не беше како што изгледаше на прв момент, али ипак , на успорена снимка, плус и пред тој старт дечкото си имаше груби стартови за кои не доби ни жут, башка се работи за играч што сам си створи лоша репутација кај судиите после мајмунското однесување на дуелот со Гетафе и ритањето клоци. Епа јебига, ќе си пати кога треба и кога нетреба. А и неможеш да очекуваш да се дели црвен само кога некој ќе остане осакатен на терен, битна е и намерата.
За Милан, прво не беше клучна утакмица, двата тима беа пласирани, не се играше толку за прво место колку за престиж и за забава.
Друго, вчера после натпреварот Арсенал - Дортмунд следуваше ревју за Милан - Барса на Скај Спорт 2 англискиот, гости беа поранешни легенди на фудбалот меѓу кој и легендата на Милан Руд Гулит, епа кога он кажа дека тоа било чист пенал над Чави што ќе пишувам поише...
За дајвањето, ок, кај сите има такви фудбалери па исто и кај Барса. И мене ме нервира Бускетс со неговите театрални вртења, понекад и Педро и Алвес, али како што кажав, тоа е појава во сите клубови, кај некој помалце кај некој повеќе, само неможеш да генерализираш за цел клуб.
Што не се каже нешто лошо за Меси, Иниеста, Чави, Абидал, Пујол, Пиќе...
Ако не се лажам фан си на Реал, погледни го Ди Марија кој дури е бетер и од Бускетс, види си го Марсело, види го Роналдо, сите овие тројца си дајваат.
Поздрав.