Шо имаш слушнато од РадиоГлава? Creep и Fake Plastic Trees само?
Оти Џеф го имам доволно слушано, па знам шо зборувам, ти напамет пишуваш.
Каков алтернатив жити све свиреле Пинк Флојд? Алтернативот го почнуваат панкерите за прв пат. Ох!
Наведов 2 албуми снимени наеднаш, а жанровски различни. Even better.
Знаеш зошто не дава интервјуа? Оти он е музичар. Некој треба да ги оценува неговите музички дела, а не неговиот приватен живот, или да ја објаснува неговата чудна поезија. Го слушаш =>ти се креваат сите влакна од телото. Завршена приказна.
П.С.
Еве шо била фората. Ауу, голема работа.
да ти беше Афекс Твин омилен музичар, и да кажеше дека имал влијание врз целата музичка кариера на Том Јорк, ќе ти подадев рака.
Јоан пишуваш постови од типот сам себе го убијал. За да изгледа дека пишувам на памет треба да отидам во темата за Рејдиохед и да тупам за Бакли, ама тоа не го правам јас, туку ти го правиш тука. Темава не е за Рејдиохед, да беше ај ќе те разберам ти како вака ептен еклатантен член и посветен фан да ми попуваш што сум преслушала од нив. Сам ги вмеша во темава. Сигурно не очекуваш онаа смешна класификација на 8/8 различни жанрови да ти ја прифатам како валидна, особено што во самиот опис си пишал ЧУДЕН ЖАНР и ЖАНР ШТО НЕ СЕ ОПИШУВА и дури три пати си пишал дека албумите имаат примеси од алтернативен рок. Има овде фанови на Рејдиохед, (ако и сами не се крстат на смешнава класификација) ако постов твој држи вода, нека потврдат да ме убедат. Се знае што се музички жанрови, прогуглај малку ако ти треба потсетник. Има и музички магазини, фино си пишуваат оценки на албуми и ги класифицираат по жанрови. Не за џабе Рејдиохед се става во класа бендови кои свират алтернативе рок со мешавина на електронска музика. Да беше ти како што викаш, ондак ќе беа ставени во некоја си група од типот:
Бенд што свири музика што не се опишува.
Друга работа, Ох, Ах, Ух или како сакаш немој со тие детски финти, убаво си пишав, прочитај уште еднаш, два па и три пати ако имаш потешкотии да разбереш во суштина многу проста реченица, од која не знам кај ја извади онаа глупост дека Пинк Флојд биле алтернативен рок бенд. Да појаснам зашто очигледно има потреба, Мјуз се алтернативен рок бенд, а Пинк Флојд рок бенд. Е тако децо.
Околу она зошто Јорк не дава интервјуа, твоето објаснување е дека он е музичар и сака делата да зборуваат за него. Па ти ко да си му брат или најдобар другар, ако не дава интервјуа, од каде па ти знаеш зошто не ги дава. Не кажал никаде ништо нели? Додуша тоа не е ни најмалку важно, негово право. Во суштина ти ги девалвира сите музичари во кои има легенди на кои Јорк може вода да им носи, а кои замисли дале чат пат некое интервју. Они да не ти биле музичари во суштина.
П.С Ако ова не е инат не знам што е, јас ти давам линк, ти викаш Јорк не дава интервјуа нема шанси ова да го кажал, ти викам прогуглај да видиш дека самиот продуцент им сугерирал на Рејдиохед да учат од Бакли ти очигледно Гугл не користиш. И што останува после ова? Очигледно требаше оваа дискусија да заврши кога еден музички албум го стави под ЖАНР ШТО НЕ СЕ ОПИШУВА.
Ај сега оди пишувај си во темата за Рејдиохед, зашто јас бар имам почитување кон било кој фан да не се правам поголем познавач од него. Може ти знаеш за момциве и нивната музика повеќе од мене, ама за Бакли сигурно не знаеш така да....