Грчката влада со нова одлука против Македонците

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Се зголемува листата на Македонци кои се закана за внатрешната безбедност на Грција. Од пред неколку дена во сила стапила одлука на грчката влада според која на граничните премини со Македонија треба да бидат вратени сите Македонци со пасоши од трети земји на кои во местото на раѓање им пишува Macedonia.
getImageThumbnail.axd

Македонец со американски пасош кој инсистира на анонимност завчера на граничниот премин Богородица- Евзони кај Гевгелија бил вратен од пограничните власти на Грција со образложение дека има погрешно место на раѓање на американскиот пасош.

Заедно со него биле вратени уште десетина други Македонци кои патувале со пасоши од трети земји. На документот кој го издале грчките граничари е заведено дека вратените лица претставуваат закана за грчката јавна и внатрешна безбедност исто како и во образложението на забраната за влез издадена на авторот на овој прилог пред две недели.

За да можат во иднина да влезат во Грција сите Македонци од Америка, Канада, Австралија, Нов Зеланд и сите земји кои не се членки на Европската Унија ќе мораат да извадат нови пасоши на кои како место на раѓање мора да стои Скопје.

Од забранетата листа е издвоена Европската Унија најверојатно поради страв дека тоа ќе предизвика нов анимозитет контра Грција пред декемврискиот самит во Брисел. Во иднина за да влезат во Грција, Македонците ќе треба сами да побараат од своите матични држави да им издадат пасоши во кои се менува името на државата.

За разлика од пред 2004 кога на американските пасоши пишување ФИРОМ сега Грција не го признава ниту тоа решение, официјална Атина бара како име на држава да стои името на главниот град Скопје.

Информацијата неофицијално ја потврдуваат и македонските гранични власти кои биле информирани од своите грчки колеги дека Атина подготвува нова блокада овој пат за Македонците од дијаспората.

Горан Момироски, Канал 5
24.11.2011, 18:35​
 
дали они тоа не примаат државјани на америка да влезат во нивната земја -.- ?
 
Грција не е против македонците, Грција е против фалцификуваната историја на Груевски,каде што не знае дали има антички или словенски корени..
 
како мислиш не ? па нели македонец по потекло ама државјанин на америка бил човеков

а бре и од Марс ако сака нека е ако му пишува дека е роден во Македонија не го пуштаат..
 
Грција не е против македонците, Грција е против фалцификуваната историја на Груевски,каде што не знае дали има антички или словенски корени..

Абе оди убиј се
 
а бре и од Марс ако сака нека е ако му пишува дека е роден во Македонија не го пуштаат..
да бе добро ама муабетот е вратиле државјанин на САД не е тоа туку така ќе се пожали он у амбасадата на сад и што прајме после ... од глупост у глупост влагаат грциве
 
Ретардирана нација ова гејциве, само глупости да се тресело:drk:
 
Јас да сум никогаш нема да стапнам во таа Грција, незнам зошто нашиве упорно и упорно И УПОРНО одат таму кај што ги плукаат. Откачи ги бе не им прави промет нека испоцркаат од сиромаштија таму.. боооооо чуден народ сме значи
 
да бе добро ама муабетот е вратиле државјанин на САД не е тоа туку така ќе се пожали он у амбасадата на сад и што прајме после ... од глупост у глупост влагаат грциве
Мислиш првпат враќаат американски граѓани од грчката граница??
 
Грција не е против македонците, Грција е против фалцификуваната историја на Груевски,каде што не знае дали има антички или словенски корени..

Сега стварно ме просветли.Не знаев дека сиве овие години кога го немаше Грујо и кога Албановлахија(јбг,таков е правиот етницитет на Грција) ни маваше ембарга,ни ги понижуваше спортистите,војниците,уметниците,обичните граѓани итн итн беше само едно обично недоразбирање.Тоа Албановлахија ни го правела од љубов.
 
Јас да сум никогаш нема да стапнам во таа Грција, незнам зошто нашиве упорно и упорно И УПОРНО одат таму кај што ги плукаат. Откачи ги бе не им прави промет нека испоцркаат од сиромаштија таму.. боооооо чуден народ сме значи
Што да испорцркаат бе кога скоро сите бизниси зависат од неа .... не зборите туку така како што ти лежи на срце и толку , гледај те малку од страна како би остоела мак-економија кога не би функционирале 2-3 гранични премини од каде би се организирал транспортот и се останато ?
 
хаха ако не им идеме они ке испоцркаат хахахах... они заглавени во гомна и ке се извлечат како така и ако не им идеме не е некоја голема пропаст за нив, а тоа со пасошите можат да прават што сакаат нивна земја и можат да одлучат кого сакаат и како сакаат да пуштат да влезе!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom