имам макс адсл и сега нетот ми е спор му се јавувам на батката за техничка подршка и ми вели дека не е до нив туку слаби ми биле каблите сега ме интересира колку брзината ја диктират каблите ? Дали можеби некој вирус да ми го успорува нетот
Вирус - не, тоа некој друг нека лажат. Во врска со каблите најверојатно сакале да ти кажат дека доколку кабелот што излегува од сплитерот и оди до модемот е подолг од 10ина метри, тогаш се јавуваат проблеми како слаба конекција, паѓање на интернет и слично.
Биди упорен кај оние од техничка, инсистирај да ти пратат екипа да го провери проблемот. Ако не успее тоа, јави се на 177, пријави дека имаш проблем во линијата (често снемува интернет, телефонот не работи секогаш и сл.), па тогаш мора да дојде некој и да провери каде е проблемот. Доколку си во можност, замени го сплитерот и пробај со нов, види дали ќе добиеш на брзина. Исто (доколку е можно) кабелот од разводната кутија, стави го директно во адсл портата (без сплитер) па види дали така ќе има подобрување на брзината.
Поради тоа што пиша дека имаш макс адсл пакет, претпоставувам дека користиш d-link рутер.. кај нив неможеш да пристапиш во мени и да провериш колку точно брзина ти имаат пуштено, тоа можеш да го сториш на тој начин што ќе отидеш на
https://moj.telekom.mk/ADSL.aspx?id_page=0 и ќе кликнеш на
Провери ја моменталната брзина
.
Така ќе дознаеш колкава брзина ти имаат пуштено од централата.
Се надевам дека помогнав, ако имаш билокакви нејаснотии, слободно прашај