Зошто градоначалниците не го слушаат гласот на народот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Па ако пресметаш колку пари се вложуваат наоколу (капитални или не) плус зголемувањето на пензии, администрации (непрофитабилни, во секој случај), бесплатно образование и ред др. работи кои не даваат никаков капитал... малку останува за крадење :)

Гледам и статистичар си, епа пресметај колку пари ќе се исперат од Ск 2014.
Да не се лажеме, нема власт која не краде.
Ама едната е со усул, едната без усул кај нас :)
И да се најде некој што нема да сака да краде, погоди колку долго ќе владее ;)

are_you_serious_tshirt-p235590767571624555trlf_400.jpg
 
Абе сте ги гласале, ќутете сеа, кој ве тераше оној си лицено ко тиганица тинекс сељачанана да го бирате? ебаве тоа, еве за 15 месеци имате избори пак не го гласајте или пак ќе се продаете за 500че?
Жив се јадам што гласав за него. Ветуваше дека ќе ги одстрани рампите. На демонстрациите против рампите кој Зелен пазар, стоеше до мене заедно со Сопругата. Ајде биди паметен... Единствено сега можам да не пазарам во неговите дуќани
 
Гледам и статистичар си, епа пресметај колку пари ќе се исперат од Ск 2014.

are_you_serious_tshirt-p235590767571624555trlf_400.jpg

Сериозна сум, иди па најди некој ,,сосема чесен и чист како солза,, политичар. А немам намера да пресметувам.
--- надополнето: Nov 23, 2011 9:04 AM ---
Зошто градоначалниците не го слушаат гласот на народот?

Затоа што гласот на народот е премногу тивок. ;)

И затоа што народот не е едногласен Таруно.
--- надополнето: Nov 23, 2011 9:05 AM ---
Прост пример е како послушаа во Велес... ама велешани беа едногласни, па сите по ред ги послушаа.
 
Сосема ги извртуваш работите од незнам која причина. Ако под бараки мислиш на Чичко Стоилко тогаш незнам што да ти кажам.. бараки што треба да ги урнат се оние зад Рамстор - погребална бутел и некое друштво за народни танци. ОК знам дека е јужниот булевар под земја и не ми пречи тоа но зборот ми е дека за објекти кои имаат историско значење и за кои сме емотивно врзани (Чичко Стоилко и Зеленото пазарче во случајов) треба да се направи еден референдум во кој граѓаните од Центар ќе си кажат дали сакаат или не сакаат да се урне дотичниот објект. Така е правично според мене.. Така и би требало да биде во практика
И од каде толку сигурен дека 60% би биле за СК 2014? Без референдум можеш само да си претпоставуваш

За мене Стоилко и пазарот немаат ама никакво емотивно значење и немаат барем за луѓето кои јас ги познавам.
Историско и емотивно значење Стоилко ?!

Жити селото што сме биле.....
--- надополнето: Nov 23, 2011 9:21 AM ---
На ова мислев :

И што не ти е јасно? Одговорив на тоа прашање.
 
За мене Стоилко и пазарот немаат ама никакво емотивно значење и немаат барем за луѓето кои јас ги познавам.
Историско и емотивно значење Стоилко ?!
Океј, можеби за тебе и мене немаат но гледај од друга страна. Тие објекти постојат од времето кога Скопје повторно се градело. Шемата била да се чекаат пред Чичко Стоилко (па и ден-денес некои луѓе практикуваат да се среќаваат таму). Не мислев буквално емотивно поврзани за сендвичарата колку што е за локацијата која им останала во сеќавање за едно убаво време во младоста на нашите родители па и баби/дедовци. Со самото рушење на таа сендвичара се создава една празнина која ќе предизвика тага и уште поголема носталгија на постарите кон времето во кое тие биле млади. Во наредните генерации тоа место комплетно ќе се заборави и Скопје ќе изгуби уште еден белег од старите времиња.
 
Во таа насока, пензионерите уште 10 чичковци Стоилко ќе продадат и ќе заборават, ако уште малце добијат привилегии во државава, како животни во изумирање ги чуваме, од поголеми пензии, до бесплатни бањи, до бесплатен превоз, итн итн итн. Верувај, стари скопјани (сега пензионери) ама ич уво не ги заболе за Стоилко.
Е сега, немам ништо против местото да си добие табла и да се вика ,,агол Стоилко,, ,,плоштад Стоилко,, ,,фонтана Стоилко,, итн што и да биде. Но сендвичари од таков тип никаде не ми одговараат, има ѓубришта, народот нема основна култура.
И да не се збуниме, истото го мислам и за другите бараки кај сака нека бидат - како тие зад Рамстор. Ако има што подобро да постои од нив, немам ништо против. Сеуште чекам да видам што ќе има кај Стоилко.
 
За мене Стоилко и пазарот немаат ама никакво емотивно значење и немаат барем за луѓето кои јас ги познавам.
Историско и емотивно значење Стоилко ?!

Жити селото што сме биле.....
--- надополнето: Nov 23, 2011 9:21 AM ---

И што не ти е јасно? Одговорив на тоа прашање.
Зелен пазар е постар од 120 години. Во него се вработени околу илјада луѓе. Убеден сум дека не си рамнодушна кон судбината на овие наши сограѓани.
 
Зелен пазар е постар од 120 години. Во него се вработени околу илјада луѓе. Убеден сум дека не си рамнодушна кон судбината на овие наши сограѓани.

Кои ќе се ,превработат, ? Воопшто не сум рамнодушна ако останат на улица. На пример, Цветниот пазар си доби нова локација, современи објекти. Зошто да не биде истото и со Зелено Пазарче, без оглед дали на оваа или друга локација?
 
Во таа насока, пензионерите уште 10 чичковци Стоилко ќе продадат и ќе заборават, ако уште малце добијат привилегии во државава, како животни во изумирање ги чуваме, од поголеми пензии, до бесплатни бањи, до бесплатен превоз, итн итн итн. Верувај, стари скопјани (сега пензионери) ама ич уво не ги заболе за Стоилко.
Е сега, немам ништо против местото да си добие табла и да се вика ,,агол Стоилко,, ,,плоштад Стоилко,, ,,фонтана Стоилко,, итн што и да биде. Но сендвичари од таков тип никаде не ми одговараат, има ѓубришта, народот нема основна култура.
И да не се збуниме, истото го мислам и за другите бараки кај сака нека бидат - како тие зад Рамстор. Ако има што подобро да постои од нив, немам ништо против. Сеуште чекам да видам што ќе има кај Стоилко.
Споменик, што може друго да има, најлесно се перат така пари ;)
 
Кои ќе се ,превработат, ? Воопшто не сум рамнодушна ако останат на улица. На пример, Цветниот пазар си доби нова локација, современи објекти. Зошто да не биде истото и со Зелено Пазарче, без оглед дали на оваа или друга локација?
Ќе останат на улица... Понудено е - на местото каде што порано беше Цветен пазар, мислам Кам маркет гради трговски центар на четири спрата и таму, како што чув, во подрумот ќе се направи пазар со поставување на околу 50 тезги што ниту приближно не е доволно.
Од друга страна тој пазар е неопходен за Скопје и е туристичка атракција. Секаде пазарите се во центарот од градовите. Мислам дека нема да биде ништо од тоа рушење, тоа се само една од многубројните глупости на општинарите во Центар.
 
glasale ne glasale na nas obicnite smrtnici isto ni se faka,igrata pozadi zavesa ja vodat drugi za koi za zal mnogu od nas ne se ni svesni,taka da kako ke kazat tie taka i ke bide
 
Сосема ги извртуваш работите од незнам која причина. Ако под бараки мислиш на Чичко Стоилко тогаш незнам што да ти кажам.. бараки што треба да ги урнат се оние зад Рамстор - погребална бутел и некое друштво за народни танци. ОК знам дека е јужниот булевар под земја и не ми пречи тоа но зборот ми е дека за објекти кои имаат историско значење и за кои сме емотивно врзани (Чичко Стоилко и Зеленото пазарче во случајов) треба да се направи еден референдум во кој граѓаните од Центар ќе си кажат дали сакаат или не сакаат да се урне дотичниот објект. Така е правично според мене.. Така и би требало да биде во практика
И од каде толку сигурен дека 60% би биле за СК 2014? Без референдум можеш само да си претпоставуваш

:pos:
Што све нема да прочитам по форумов.. Лимот на Стоилко имал ИСТОРИСКО значење, а неговите сендвичи БЕЗВРЕМЕНСКО ? Стоилко е објект од ВРЕМЕН карактер, секој објект што нема темел е од таков карактер..само штета е што не го тргнаа уште од поодамна,него толку време му дадоа ..И да референдум треба за ова,како референдумот да е без пари ,па детски игри ќе си играме
--- надополнето: Nov 23, 2011 12:42 PM ---
Според некое мое вака лаичко согледување,ќе изнесам една листа на лоши градоначалници во МК

-Марјан Ѓорчев - Кисела Вода
-Тони ( не го знам презимето) - Гази Баба
-Стефчо (Карпош)
-Аце легендата - Охрид
-Зоран Дамјановски - ЦИЦ - Куманово
-На Велес
-Мерко на Струга (катастрофа)
 
Темава е инспирирана од самоволието на градоначалниците на град Скопје и на општина Центар кои носат одлуки за изградба на објекти без да ги прашаат граѓаните што тие мислат за нив. Дали е тоа во ред? Дали ние како граѓани имаме право да поништиме некоја одлука на градот и зошто градоначалниците не свикуваат референдум или јавен форум каде што би се гласало за секоја измена во деталниот/генералниот урбанистички план? Градот е заеднички и сите ние имаме право да даваме идеи во врска со неговото развивање. Како примери за нивното самоволие ќе ги наведам:
- уривањето на Зеленото пазарче
- уривањето на сендвичарите кај ГТЦ
- одлуката за изградба на сплавови на Вардар
- одлука за изградба на панорамско тркало
- одлука за изградба на висококатници на местото каде треба да се гради Јужен Булевар итн.
- целиот проект Скопје 2014

НАПОМЕНА: Темава не е со политичка заднина и целта е секој да го каже своето мислење во врска со овој проблем. Исто така сакам да напоменам дека за некои одлуки што ги носат градоначалниците сум согласен и ми се допаѓаат но сепак мислам дека не треба да се одлучува без најмалку 51 процентна согласност од граѓаните.

Градоначалниците на Центар и Скопје граѓаните си ги прашале на локалните избори а тоа што граѓаните не си ги читаат изборните програми никој не им е крив.Сега се поставува и прашањето за кого гласаме. За човекот кандидат,за партијата како должност кон неа или за програмата која е подобра од таа на тој другиот ?????? Глупаво би било да распишува некој референдум за Зеленото пазарче или за Сендвичарите.Не би рекол и да има референдум дека жителите на Дебар Маало би гласале за Зелениот пазар и би биле загрижени за нив кога го имаат Буњаковец(пример) .За деталниот урабнистички план секој граѓанин има право да го погледне,да даде свој предлог но ако тој предлог е издржан како решение и се вклопува во планот ќе биде прифатен.Како лаик и јас сум скептичен за подземниот Јужен Булевар но кога некое стручно лице од фелата би ми ги објаснило неговите бенефиции можеби ќе си го сменам моето мислење.

Конкретно ќе зборам за Зеленото пазарче 80% од луѓето кој живеат во Градски ѕид и во кулите сакаат дислокација на пазарот од неколку причини.Смрдеа,хаосот кој го прават дивите продавачи,проблемот со паркирање кој пазарџиите им го прават на жителите на зградите.Зашто никој не ја спомна фирмата во чија сопственост е пазарот,зашто таа иста фирма не вложи во модернизација на тој пазар.Ама тоа е веќе друга тема би била оф топик тогаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom