Зошто градоначалниците не го слушаат гласот на народот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Народот нема што да се буни за ова, тој гласал за ова. Е сега ако гласале, и не им се допаѓа....стварно незнам што да кажам. Невидено нешто :D
 
Народот нема што да се буни за ова, тој гласал за ова. Е сега ако гласале, и не им се допаѓа....стварно незнам што да кажам. Невидено нешто :D
Да, гласале ама во изборната програма не биле наведени тие туку сосема други работи.. Ова што се прави во градов е „спонтана“ работа без амин од граѓаните. Затоа народот треба да се буни.
 
Јас гласам бидејќи ја поддржувам агендата, и сега?!
Ако тебе ти е померак, нешто друго... на поголемиот дел од народот му е померак она што го изгласа.

Их како му е добро сега на народот, уште со своја глава да мислеше... ама не мисли, затоа е ваква ситуацијата во државава.
 
Мене ми се допаѓа тоа што се (на)прави во Скопје.
Порано беше како дупка, сега личи на главен град. Има и што да се види и со што да се сликаш кога од село ќе дојдеш у град :icon_mrgr:
Шегата настрана, зошто само кукате, градот заличува на европски град?!И зошто бре да нема панорамско тркало? Колкумина од нас/вас во животот ќе го видат Лондонското око (миленумското панорамско тркало) освен на слика? Зошто па да не си направиме реплика?
А за парите не треба толку да се секирате. Државата отсекогаш имала пари. Разликата е во тоа што едно време мотото беше „кради“ а сега е “гради“. Барем се трошат на нешто паметно. Да не е поарно да ги „здиплат“?
 
Их како му е добро сега на народот, уште со своја глава да мислеше... ама не мисли, затоа е ваква ситуацијата во државава.

Тука се согласувам. Конкретно, со една партиска познаничка, разговаравме на темата околу градоначалникот на Скопје. Девојката немаше поима за кого и зошто гласа... воедно, повеќето работи изведени во Скопје не и се допаѓаат... потоа заклучив дека гласањето е по наследна линија... каков татко, таква ќерка.
Е јбг. Во таква земја живееме.
--- надополнето: Nov 23, 2011 12:06 AM ---
Мене ми се допаѓа тоа што се (на)прави во Скопје.
Порано беше како дупка, сега личи на главен град. Има и што да се види и со што да се сликаш кога од село ќе дојдеш у град :icon_mrgr:
Шегата настрана, зошто само кукате, градот заличува на европски град?!И зошто бре да нема панорамско тркало? Колкумина од нас/вас во животот ќе го видат Лондонското око (миленумското панорамско тркало) освен на слика? Зошто па да не си направиме реплика?
А за парите не треба толку да се секирате. Државата отсекогаш имала пари. Разликата е во тоа што едно време мотото беше „кради“ а сега е “гради“. Барем се трошат на нешто паметно. Да не е поарно да ги „здиплат“?

Да не се лажеме, нема власт која не краде.
Ама едната е со усул, едната без усул кај нас :)
И да се најде некој што нема да сака да краде, погоди колку долго ќе владее ;)
 
Тука се согласувам. Конкретно, со една партиска познаничка, разговаравме на темата околу градоначалникот на Скопје. Девојката немаше поима за кого и зошто гласа... воедно, повеќето работи изведени во Скопје не и се допаѓаат... потоа заклучив дека гласањето е по наследна линија... каков татко, таква ќерка.
Е јбг. Во таква земја живееме.
--- надополнето: Nov 23, 2011 12:06 AM ---

Да не се лажеме, нема власт која не краде.
Ама едната е со усул, едната без усул кај нас :)
И да се најде некој што нема да сака да краде, погоди колку долго ќе владее ;)
А која краде со усул?
 
Од каде знаеш со Гујо пиво да не пиете на градска плажа па све ти кажуе? :icon_mrgr:

Па ако пресметаш колку пари се вложуваат наоколу (капитални или не) плус зголемувањето на пензии, администрации (непрофитабилни, во секој случај), бесплатно образование и ред др. работи кои не даваат никаков капитал... малку останува за крадење :)
 
И пресмета ли ти, дај кажи баш ме интересира колку украде Банко а колку Гујо, многу ме интересира :D
 
И пресмета ли ти, дај кажи баш ме интересира колку украде Банко а колку Гујо, многу ме интересира :D

И да сум пресметала, ќе добијам бан за такви муабети.
Да си се вратиме на темата.....
 
Темава е инспирирана од самоволието на градоначалниците на град Скопје и на општина Центар кои носат одлуки за изградба на објекти без да ги прашаат граѓаните што тие мислат за нив. Дали е тоа во ред? Дали ние како граѓани имаме право да поништиме некоја одлука на градот и зошто градоначалниците не свикуваат референдум или јавен форум каде што би се гласало за секоја измена во деталниот/генералниот урбанистички план? Градот е заеднички и сите ние имаме право да даваме идеи во врска со неговото развивање. Како примери за нивното самоволие ќе ги наведам:
- уривањето на Зеленото пазарче
- уривањето на сендвичарите кај ГТЦ
- одлуката за изградба на сплавови на Вардар
- одлука за изградба на панорамско тркало
- одлука за изградба на висококатници на местото каде треба да се гради Јужен Булевар итн.
- целиот проект Скопје 2014

НАПОМЕНА: Темава не е со политичка заднина и целта е секој да го каже своето мислење во врска со овој проблем. Исто така сакам да напоменам дека за некои одлуки што ги носат градоначалниците сум согласен и ми се допаѓаат но сепак мислам дека не треба да се одлучува без најмалку 51 процентна согласност од граѓаните.

За уривање бараки ли бараш референдум? Смешно,трагично
Јужен булевар ќе се гради под земја, така да тоа ти паѓа во вода..
А за СК 2014 да има референдум,100% сум сигурен дека ќе помине,барем со 60%
--- надополнето: Nov 23, 2011 1:19 AM ---
п.с.1. Како за потсетување, ММФ веќе нема да ни дава повеќе од тие поволните кредити со 8% камата на годишно ниво.

Ама ни даде Сити груп со камата од 4.25% ;)
И не туку тролајте кредити па кредити, една Америка зема билијарди кредити па како што гледам не е крај на свет
 
Прашањето е на место, само зошто воопшто би се актуелизирало? Повеќе од јасно е дека се гласа несвесно и на слепо, за 100 грама кафе, локум, пенкало се согласуваме на архитектонска тортура од 5 години... На гласачот му годи тоа, тој има апсолутна доверба во својот избраник иако не е свесен за кого го дал својот глас. Градоначалникот е свесен за наивноста на гласачот и си дава апсолутна слобода да прави што сака.
Моментално е тепачка за тоа чие име ќе остави траен белег за модерно Скопје. Не е Аце фраерот на денешницата, туку Коце и мистер прајминистер со невната бујна фантазија и пуста желба утре да се збори за нив како за преродбеници и будители на народната свест (Илинденците не упале па они ќе успеат... башка што пристапот им е спротивен од идејата за будење, како да не го сакаат тоа). Кога ќе се погледне Ченто, нема прво да ти текне дека бил претседател на Президиумот на АСНОМ, туку дека е поставен во ерата на Коце и газдата Тодоровиќ. Знам за уште неколку историски ликови со иста животна цел.
Идејата народот да одлучува за тоа што ќе се гради во неговиот град е дијаметрално спротивна со психата на народот. Прво е нужно тој да биде свесен при носење на одлуки. За жал сеуште е неспособен за тоа, така што градончалниците може што сакаат да прават.

Него подобро и нешто да се прави отколку само да го тераат мандатот по кабинетите како што тоа одлично и со искуство прави г-динот Марјан Ѓорчев, градончалник на општина Кисела Вода... Типот се кладам дека не знае ни кои делови од градот се под негова ингеренција и дека од Кисела Вода знае само општинската зграда (бедна барака) каде се наоѓа. Од локалните избори нема мрднато ниту со мало прсте конечно да го реши урбаниот хаос во општината... Но, не е ова трагичното за овој лик. На типот ова му е втор избор за градоначалник. Како и сега, така и предходниот мандат нема направено апсолутно ништо освен што земал месечна плата. Доколку народот не се учи на грешки, зошто воопшто тој да се труди да го мрдне задникот од удобната фотеља?
 
г-динот Марјан Ѓорчев, градончалник на општина Кисела Вода... Типот се кладам дека не знае ни кои делови од градот се под негова ингеренција и дека од Кисела Вода знае само општинската зграда (бедна барака) каде се наоѓа. Од локалните избори нема мрднато ниту со мало прсте конечно да го реши урбаниот хаос во општината... Но, не е ова трагичното за овој лик. На типот ова му е втор избор за градоначалник. Како и сега, така и предходниот мандат нема направено апсолутно ништо освен што земал месечна плата. Доколку народот не се учи на грешки, зошто воопшто тој да се труди да го мрдне задникот од удобната фотеља?

Баба ми живее во КВ и искрено, не ми е јасно што е проблемот со оваа населба за почеток. Значи, што и да прават (канализација... итн) веќе 1 месец е раскопана насреде улицата и практично нема начин луѓето да си стигнат со колите до двор. Јас разбирам дека КВ е пренатрупана, стара канализација и еден тон никнати згради, меѓутоа 1 месец има ров на сред улица.
Не знам кој го гласа овој човек и зошто - не ми е јасно, цел живот доаѓам во КВ и ништо позитивно не видов, болницата за зависности уште е на 100 метри од основно училиште, а ветува со години дека ќе се дислоцира.
Само во КВ постои ваква болница на 100м од основно, па децата секој ден преку чашки и игли поминуваат, срамно и жално е. Да ми е страв да си го пуштам детето на локалните лулашки, зошто можно е да се набоде на шприц од овие што кризираат.
Не знам што да ви кажам, па секој малце свесен човек до сега гласно ќе се побунеше на ваква нехумана работа према децата, уште на ланец да ги врзете за да не настрадаат.
 
За уривање бараки ли бараш референдум? Смешно,трагично
Јужен булевар ќе се гради под земја, така да тоа ти паѓа во вода..
А за СК 2014 да има референдум,100% сум сигурен дека ќе помине,барем со 60%
Сосема ги извртуваш работите од незнам која причина. Ако под бараки мислиш на Чичко Стоилко тогаш незнам што да ти кажам.. бараки што треба да ги урнат се оние зад Рамстор - погребална бутел и некое друштво за народни танци. ОК знам дека е јужниот булевар под земја и не ми пречи тоа но зборот ми е дека за објекти кои имаат историско значење и за кои сме емотивно врзани (Чичко Стоилко и Зеленото пазарче во случајов) треба да се направи еден референдум во кој граѓаните од Центар ќе си кажат дали сакаат или не сакаат да се урне дотичниот објект. Така е правично според мене.. Така и би требало да биде во практика
И од каде толку сигурен дека 60% би биле за СК 2014? Без референдум можеш само да си претпоставуваш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom