- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
So glad you asked...^ Стар Почетник, не е во ред да се носат а приори заклучоци за непознати лица врз основа на еден пост и цела група луѓе врз основа на професија, сепак е твое неоспорно право демократско нели. Ни па од неколку реченици кои ти се базираат на претпоставки се носи релевантен заклучок за релевантноста и точноста на нечиј исказ, ама нејсе.
Да, ја имав таа среќа да имам библиотекарка од редок вид иако испрашувањето го правеше така што вртеше на крај и ме прашуваше како завршува делото што и не е нешто спектакуларно за изведба ни па требало самата да има целосен увид за конкретното дело,едно и друго - иако повеќето библитекари/ки не би се согласила дека немаат прочитано ни 3 книги, што секако не ме прави склона да верувам дека го исчитале и цел книжен фонд на библитеката. Во секој случај твоево звучи како прилично лоша предрасуда и генерализација кон група луѓе врз основа на заеднички именител во случајов професија, а јас не сум љубител на истите.
Од друга страна ако сметаш дека читам за да се фалам која сатисфакција е фалењето на форум под анонимен ник и тоа без да посочам автори за поткрепа на истото бидејќи фалбаџиите тоа го прават демонстративно повикувајќи се на некој авторитет субјективено проценет од нивна страна како грандиозен, не успевам да одгатнам?! Од проста причина што и немам ни такви аспирации ни мотивација ни па ја разбирам нечија потреба од истото, а најмалку па имам намера да се оправдувам пред тебе или било кој.

Мое неоспорно демократско право е да кажам што сакам, а твое неоспорно демократско право е да ми кажеш да заќутам, ама ти нема да го направиш тоа зашто си многу фина и културна нели?!

Туку, вистина е, мојот исказ е генерализација, затоа што секоја-ебана-генерализација-е-исправна, сме го напишал тоа на форумов повеќе пати од што PurplePuma напишала дека е атеист. А тоа е многу.
Инаку, за твоето прашање зошто би се фалела на форум под анонимен ник. Би се фалела, затоа што тоа форумџиите го прават. Секој член кога доаѓа на форумот и почнува да чита и да пишува, подлегнува на злите сили на Мистичен и Acid коишто се главни администратори. Тие со помош на неколку магични напитоци ги тераат луѓето коишто седат пред своите домашни компјутери да создаваат некое чудно форумско алтер его. Не е дека тие сакаат, во принцип се многу културни, фини, паметни и етички исправни, ама ете, злобното зрачење коешто портокаловите страници го прават, од нас сите прават едни чудовишта тука на мрежата, па од едно надвор се претвораат во нешто сосема друго тука.
Ама не ти, ти си млада и неподложна на овие работи, ти си културна, фина и паметна и пред компјутерот и „во него“. И сите те сакаме... :*
Секако дека дискутирате и дека читаат, но ете, немоќни се да исчитаат сè. Знам, ми кажаа за дискусијата којашто ја имавте за „Јади, моли се, уживај“ и за „Калуѓерот што го продаде своето Ферари“.NightGirl напиша:Библиотекарките немаат ни три книги прочитано во живототКоја генерализација. Не е дека нема такви, како во секоја професија, така и тука има такви кои немаат поима, ама не може да се каже дека библиотекарките не читаат. Поготово што јас кај што сум зачленета работат прекрасни жени со кои секогаш дискутираме за книгите, знаат да препорачаат и ако случајно не ја прочитале книгата знаат да дадат критики од другите читатели кои ги прашале за мислење за книгата кога ја вратиле.
Јас се заљубив во книгите со првата прочитана буква. Од тогаш секогаш читам, колку времето и работата ми дозволуваат. Ама времето поминато со книга ми е незаменливо, ме опушта максимално. Значи, да, читам, сум читала и ќе читам.