Читам од мали нозе од почетокот на основно училиште и не сум престанала воопшто до сега. Дури библиотекарката поради тоа што брзо читав и често читав книги ненаменети за моја возраст почна да ме испрашува сомневајќи се дека навистина сум ги прочитала. Дури и на доста ниска возраст бирав дела на кои и не им бев секогаш дорасната да видам дали ќе успеам да се носам со предизвикот...Сепак тоа ме направи селективен читач низ годините одредени автори и
жанрови ги имам целосно исфрлено од употреба, бидејќи има толку други кои се далеку подобро стимулирање на сивите вијуги...
Зошто читам? Бидејќи читањето ме води во непознати правци ми ја открива човековата природа и ме обликува како личност помагајќи ми да имам полибреален поглед кон светот и луѓето, ме учи т.е. ми дава конкретни знаења за туѓи култури, обичаи и со помош на книгата патувам низ различни временски епохи, всушност го победувам и просторот и времето, фантазирам или анализирам до бескрај, го збогатувам вокабуларот, ги изживувам сите постоечки емоции т.е. плачам и се радувам паралелно со ликовите и тешко се разделувам со завршена книга како со стар другар, на кој се надевам дека пак ќе се навраќам и ќе се сеќавам секогаш радо...Читам бидејќи ги сакам книгите и тие кои мирисаат на ново и чии страници крцкаат и оние кои мирисаат на некое време и имаат посвети и подвлечени пасуси...
Читам при секакви расположенија и дури и во мигови на напнатост и нервоза книгата ми делува како најдобар седатив му ја дава потребната утеха и мир.
Имам скромна сопствена библиотека која ја надополнувам во границите на сопствените можности и секогаш радо издвојувам средства за нова книга. Мечтаам за огромна домашна библиотека каде цел свет е на оддалеченост од пружањето на раката-една од најголемите желби ми е токму оваа...