- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
И јас се согласувам со Kaiser и мислам дека тоа не се спозоруши, што значи се согласувам со твојот став, освен во последниот пасос.Конкретно се задржав на прашањето „зошто девојките се впуштаат во врска со женети?“. Апсолутно мислам дека тие такви девојки се спонзоруши, но не ги обвинувам нив туку мажите кои си дозволуваат таков луксуз, зошто таа не ризикува ништо а тој ризикува брак. Факат слобода во врска или брак се постигнува со меѓусебна доверба и договор, ама таа бре не сака нормална врска, не сака да се договара (сам свој газда) , таа известува батка ...и тоа не однапред, туку ако е затекната некаде а типот ја бара на телефон на пример...И да, опишав девојка која не сака ништо сериозно но со женет, а ако посака некогаш сериозна врска, нема да ја бара од нејзинот женет дечко туку од друг, ерген, разведен како и да е...а доколку ја побара од женетиот, значи му врши притисок да се разведе а тоа е веќе нешто друго, тоа доведува до семејни, брачни трагедии...
Девојка или момче созрева за брак, во оној момент кога ќе посака да ја напушти родителската фамилија и да формира сопствена фамилија. Односно, од девојка да стане жена, а од момче, маж.
Многумина, никогаш не созреваат и стално сакат да бидат деца.
Знам девојки, кои се омажиле само кратко време и набргу наоѓаат изговор да се разведат па се враќаат кај својот татко, сега со дете.
Во моите комшии, живее мајката на еден маж, кој е одамна женет, дури е нешто постар од мене. Тој речиси секој ден доаѓа кај својата мајка на ручек ( сам ). Штом го видам, го закачам: „ Никој не готви така вкусно како мама ...“
Мислам дека тука треба да се бараат причините зашто некои девојки се одлучуваат на врски кои се без перспектива.