Сум ја подзаборавил темава... Исто така добив и некојси кинески таблет NoName со исти перформанси како MSI, за упола од цената. Па по 6 месеци користење (двата таблети се користат во комбе, поврзани со принтер и фискална каса), еве ви искуството... првично замислата беше да се оди со Motorola Psion, ама кога ја добив цената на еден таков уред... се одлучив за алтернатива, која испадна многу подобро решение.
Кратко и едноставно, MSI е бренд. Таблетот цело лето помина во комбе, и единствен проблем што се јави кај него е неможноста да се полни ако е загреан над 50 степени. Па кога ќе се испразнеше одеше некое време во фиока со клима за да се излади. Никаков поинаков проблем со него не се јавил, иако 3 пати е паднат од комбе на асфалт (затоа барав SSD диск). Бидејќи намената му е чисто за работа одлично се покажа. Ако е 100% полн, батеријата држи 8 часа малтретирање (музика, клипови, интернет)...
За разлика од MSI, China Shit NoName, е друга прикаска... Најголем проблем е губењето на USB сигналот по кабел подолг од 3 метра. Зошто и јас незнам, ама принтерот ако е поврзан подолг кабел, печати хероглифи (подолг кабел за да се заврти околу вратата и да не се гледа инсталацијата неможи па во едното комбе каблите се мафтаат безвеза). Кулерот почна да бучи по 2 месеци користење. Напрај проблеми со USB портите, престана да ги препознава, па беше на сервис да го “освежат“ (со оглед на условите во кои се користат, можно е да се одлеми нешто). На сервис ги средија и портите и го подмачкаа кулерот, па засега е добар. Цркна напојувањето (во комбето има трансформатор што прави од 12 волти 220 и најчесто и двата таблети се врзани на напон). Батеријата одвај 4 часа со малтретирање...
Сума сумарум, ако ми е за низ дома би си зел кинез. Поевтин е, нема да биди изложен на секојдневни малтретирања а како таблет брка работа и тоа доста солидно. Проблемите со кои се соочив, гарант нема да се најдат во домашни услови.
Но за разлика од тоа, за ~200 евра не вреди да се заебавам и да трчам по комбиња, особено ако се повеќе. Најверојатно од нова година ќе има уште 4 комбиња кои што ќе се приклучат на двете, па ќе треба да се набават уште таблети... ќе видиме што ќе излези според финансиските пресметки, можно е и нешто трето да влета во комбинација... незнам. Мада ако се прашувам јас MSI е веќе проверена и докажана опција која вреди за секој денар инвестиран во него без размислување.