Таруно
Еким
- Член од
- 9 јуни 2010
- Мислења
- 2.610
- Поени од реакции
- 2.505
Експерт за авиобезбедност на 19 години? Може - ако си син на „вистинскиот човек“
Деветнаесетгодишниот син на претседателот на Надзорниот одбор на М-НАВ (Македонска навигација, односно Контролата на летање), Драган Андреевски е вработен како експерт извршител во одделението за безбедност во М-НАВ, пишува денешен Вест.
Славчо има завршено средно училиште, како што се барало во условите на огласот, во кој стоело и дека може да биде без работно искуство. Андреевски смета дека нема ништо спорно во тоа што токму син му е и збран за одговорното работно место. Според него, Надзорниот одбор не одлучува за тоа кој ќе се вработува во контролата на летање, туку Управниот одбор.
Спротивно на него, претседателот на Антикорупциска, Воислав Зафировски, е дециден дека „Доколку таткото е претседател на Надзорен одбор и неговиот син е примен на оглас во истата институција, има судир на интереси“.
Извор: Плусинфо
-----------------------------------------
И после некој ќе ми рече учи факултет. Што ќе ми е факултет, ако немам врски !?
Инаку пред 5-6 години и јас конкурирав за контролор на лет. Се полагаше тестови по англиски јазик, после тест на аеродром за кој учиш во истиот момент кога полагаш (имаш 10 минути теорија која ја читаш и одма прашања). Не поминав на тој тест, а тие што поминаа им правеа лекарско и потоа незнам како од 100тина бираа 10 кои ги праќаа во Шведска на обука (мислам дека беше Шведска, не ме фаќајте за збор).
А кускулево оти е на татко му тулето, ни тест ни бутур одма експерт. Браво! Проклета држава со смрден народ врскаџиски.