- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Ова е повторен обид да ги „спинуваш“ фактите. Каде реков дека масонска ложа во СФРЈ постои? Јосип Броз & компанија (а богами бројна е компанијава на предвоени масони кои раководат со СФРЈ) ги злоупотребуваат масонските конекции и инсталираат диктатура, директно спротивна на масонските начела. Ложите не постојат бидејќи на предвоените југословенски масони на чело со Броз власта им била многу послатка отколку масонските идеали.Претпоставував дека ќе ги подигнеш конкретните примери.
Масонска ложа во повоена Југославија не постои. Ложата е приспана пред војната и не е никогаш обновена. Тито и компанија немаат постоечка регуларна ложа, без разлика што биле членови на масонеријата пред војната. Соодветно - не постои начин да злоупотребат со масонеријата, бидејќи - таква не постои. Што се однесува до контактите со западот - повторно - масонеријата нема улога во тоа, туку станува збор за приватни контакти. Масонска ложа не постои, за истата да биде злоупотребена во тој период.
П2 - во моментот во кој Дичо Џели почнува да ги нарушува правилата на масонеријата и да ја води ложата надвор од правилата поставени од неговата голема ложа - целата П2 е исклучена од списокот на масонски ложи (членовите на ложата кои не се согласуваат со Џели преминуваат во други ложи). Ова се случува неколку години пред да се случи било кој од финансиските скандали во кои е замешана П2. П2 се вмешува во скандалите како мафијашка групација, но не и како масонска ложа, бидејќи одамна веќе не е тоа (можеш да провериш, има доста информација за ова - дури самиот Голем Мајстор е принуден година и пол да се крие во илегала, заради смртни закани од Џели, по неговото исклучување, а тоа е повторно - многу пред да се случат јавните скандали).
За Демирел - ќе проверам, ќе пишам, не сум доволно информиран.
Како што реков - обиди за злоупотреби со масонеријата може да има и има. Реална злоупотреба со масонеријата не се случила, од проста причина што при самиот обид членовите (или цели ложи) се исклучуваат веднаш (П2 е многу добар пример за тоа).
Италијанскиот масон и финансиски хохштаплер се вика Licio Gelli -- Личо, не Дичо. Дичо зограф бил еден од легендарните македонски фрескописци. На темата: Секој може да прочита што било и како било со П2. "Благородната" мисија на италијанските масони од Pi Due е обемно документирана. Оваа масонска ложа е ноторен пример за бескрупулозна злоупотреба која пукнала во финансики и политички скандал кој не се пере.
За Демирел приложив линкови од кои еден е масонски: Големата ложа на Турција. Масонот Сулејман Демирел го негирал сопственото членство во масонеријата со документ од ложата (потпишан од неговиот масонски брат) за да добие на избори за премиер. И добил, и тоа многу пати, меѓу другото и поради лажната изјава дека не е масон. Ова е јавна масонска лага со цел еден масон да се докопа до власта. Ова е очигледна злоупотреба на службен документ од ложата.
Спинот кој се обидуваш да го прошверцуваш е дека можеби Демирел имал закани по живот па морал да се крие. Кој политичар во голема земја нема закани по живот? Обама, Саркози, или Меркел имаат такви закани секој ден. За Саркози не знам, ама Меркел и Обама сигурно не се масони. И сега? Ваквиот спин не проаѓа ни поради фактот што Турција е демократија долго време пред Демирел и масоните таму организирано постојат уште пред Кемал Ататурк. Уште повеќе, ваква пракса на изјаснување постоела и во многу други земји, дури и во Британија, колевката на масонеријата. Како што и сам знаеш, во Британија имаше одредба (сега укината) со која луѓето на јавни функции (како судиите, полициските службеници, итн.) требало да се изјаснат дали се членови на масонски ложи. Ова се бара поради конфликт на интереси, заштита од узурпирање на власт и, (шок!) злоупотреба на масонските конекции.
Реална злоупотреба на масонеријата се случувала и е регистрирана бидејќи (знам, шокантно е ова) масонеријата не е совршена. Ти можеш да го негираш ова ad nauseam без никакви аргументи, да си праиш филмови за масонеријата, но не можеш да ги промениш фактите. Затоа, ќе те оставам да уживаш во сопствениот pipe dream за совршеноста на благородната организација на која и` припаѓаш. Секој кој навистина сака да ги проучи овие масонски скандали ќе ги пронајде фактите и ќе дојде до сопствен заклучок. Ти и јас не сме му потребни.