Вистинскиот ‘морал‘ на религиите

  • Креатор на темата Креатор на темата IgorChete
  • Време на започнување Време на започнување
А зошто мислиш дека ми летаат искри и дека сум гневен? Зошто мислиш дека се агресивни моите постови?
За потенцираново, тоа е мој став, дека според мене е така......тука ли ја гледаш агресивноста, гневот.....?
Ха,ха,
Оди одмори се малку духовно ти треба одмор,многу се нервираш,многу се гневиш ,искри ти летаат на сите страни.
Да средам за во Пештани може?
Бесплатно, ол инклузив,пиши на ЛП.
10-15 дена духовен одмор.:)
 
Да средам за во Пештани може?
Бесплатно, ол инклузив,пиши на ЛП.
10-15 дена духовен одмор.:)
Немора пештани.....доволни би биле тие 10-15 дена одмор...плус една личност.:(
 
Мислиш на „духовните“ пастири и на „духовните“ земјоделци?
ахаххааа.....ајјј, да не пукнеш! Како ме изнасмеа, камо да можам кафе да ти купам...:pos:
 
Немора пештани.....доволни би биле тие 10-15 дена одмор...плус една личност.:(
Добро,добро ,немој да бидеш тажен................нека дојде и Ева.Сами двајцата одморете.
Само таа може да го смири огинот во тебе.
Еееее.....што ти значи жена.
И после ќе праша некој зошто ја создал бог.
Cry+Baby+Cry.JPG
 
Само не ми е јасно зошто баш Бог креирал жена со спротивен пол од Адам, ако притоа не планирал да има размножување? Зошто не креирал бесполов слуга или партнер (ако веќе Ева е креирана со таа цел)

Бог планирал да има размножување. Заповедта за размножување Бог им ја дал на Адам и Ева уште пред да паднат во гревот и да станат смртни. (Битие 1:28, Библијата)
 
Бог планирал да има размножување. Заповедта за размножување Бог им ја дал на Адам и Ева уште пред да паднат во гревот и да станат смртни. (Битие 1:28, Библијата)
Чекај Чорба сега. Пред да каснат од дрвото на знаењето, мислам дека тие не ни знаеле за секс!
 
Чекај Чорба сега. Пред да каснат од дрвото на знаењето, мислам дека тие не ни знаеле за секс!

Интересно е твоето мислење, ама во Библијата јасно пишува:

„ И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” “ (Битие 1:28, Библијата)
 
Знам, ама после и прочитав дека се покриле и почнале да се срамат еден од друг. Ако не знаеле за своите полови органи па нема да знаеле и за размножување.
 
Чорба, а зошто Бог направил од се по две, а Адама го направил сам па дури после му текнало да му направи „друштво“? :)
 
Знам, ама после и прочитав дека се покриле и почнале да се срамат еден од друг. Ако не знаеле за своите полови органи па нема да знаеле и за размножување.

Од тоа што се покриле не следува дека не знаеле за своите полови органи. Едноставно пишува дека пред тоа не се срамеле од нив, а потоа се срамеле. Ништо повеќе, ништо помалку.
--- надополнето: Nov 21, 2011 11:07 PM ---
Чорба, а зошто Бог направил од се по две, а Адама го направил сам па дури после му текнало да му направи „друштво“? :)

Прашањата од типот „Зошто Бог вака, зошто Бог онака...“ имаат единствено смисла доколку се адресирани директно до Бог. Само Бог може да даде вистински и прецизен одговор зошто постапил вака или онака.
Бидејќи во Библијата не е запишано тоа, јас можам да ти дадам само мое мислење зошто Бог постапил така.
Моето мислење е дека Бог го направил Адам сам за тој сам да ја согледа потребата од еден рамноправен помошник. Бог бил над Адам, животните биле под Адам и немало никој на негово ниво. Затоа Адам се чувствувал осамен и имал потреба од партнерка на негово ниво, со која ќе може да биде Едно, а со тоа и поуспешно да ја отсликува Божјата природа.
 
Ако госпот сакал Адам да ја отсликува неговата природа, ќе му направел не една, туку две партнерки, за Адам да може да се впушти во тн. Света Тројка, аналогна на светото тројство, само со многу повеќе акција и разновидност на пози.
 
Батали тоа, да знаел што правел, ќе го направел бесмртен, асексуален, и ќе му кажел како се прави пиво. :)
Чорбаџи, јас за твое мислење и те прашав, благодарам на одговорот. За мене останува чудно како Бог не сватил одма дека и Адам некако ќе треба да се размножува, али добро, може бил уморен од работа.
 
Штета што не те земал Господ тебе за советник пред создавањето. Далеку ќе стигнел.
Признај си ја грешката што ја направи даваќи мислење за кое не си повикан ниту авторизиран. Ако госпот сакал да каже дека нешто направил вака или онака, поради одредена причина, ќе го направел тоа. Еден ден ќе застанеш пред него и ќе те праша: "зошто на кајгана изнесуваше неосновани шекулации за моите намери"!!! Што ќе му одговориш, о душо грешна, пред да те фрли во огненото езеро?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom