После завршувањето на минатогодишното првенство на кое Љуботен беше во најтешката ситуација од своето постоење во кое во прашање беше доведено 92 годишното постоење на најстариот Македонски фудбалски колектив.Се одржа годишното изборно собрание на кое јасно се виде дека старите Љуботенци се будат па во големата сала во Општина Тетово на кое се одржа годишното собрание за првпат по којзнае колку години се најдоја луѓе со кој бевме видно изненадени пред се од посетеноста.Во мирна и сталожена атмосфера нова доверба од клубското собрание добија оние кој само неколку месеци предходно успеаја да го спасат клубот преседателот Мирко Видоески,генералниот секретар Павле Симовски, спортскиот директор Ивица Радоњиќ, подпреседателот Гајур Реџепи и директорот Владимир Билбиловски а дополнително клубот доби и нови два потпреседатела Дејан Савевски и Перо Јовановски додека нови членови на Управниот одбор на клубот постанаа и Илија Белчески,Боби Филиповски и Бранислав Треневски.Изборното собрание помина на задоволство на сите симпатизери на клубот.Но веќе од утредента се почна со работа а најважно беше Љуботен после долги години да се врати во Тетово на домашните натпревари кој ги години предтоа ги играше во соседните села како Брвеница Речица Пирок....Неколку денови пред ова клубот го напуштија 5-6 играчи кој беа стандардни во првиот состав па спортскиот сектор на клубот се впушти во потрага по засилувања па благодарение на Шкендија која ни одстапи дел од својот младински погон кој сезона пред тоа постанаа и шампион на Македонија а за возврат Љуботен во првиот тим на Шкендија го даде екстра талентираниот голман Бесар Нухи кој подоцна беше пуштен на двојна регистрација па настапуваше и за Љуботен и за Шкендија,Договорен беше и Никола Лесендриќ од ОФК Белград како и Нусри Иљази од второлигашот Руфеја.Другиот дел од управата беше сконцентриран кон пронаоѓање на спонзор(и) бидејќи потребно беше да се плати котизација од 50 000 денари а 2 дена предтоа мораше да се пронајде и уште толку бидејќи Љуботен по 15 години направи и една куп авантура со пријавувањето за 1/16 финалето од купот на Македонија каде за противник го добивме тимот на Ринија од Гостивар кој во тој момент беше лидер на второлигашката табела но и покрај потешкотиите сепак се добро се заврши Љуботен играчки се консолидираше а неопходните финансии за стартот беа обезбедени дел од спонзорства дел од продажбата на сезонските карти...И се беше спремно за стартот а тоа беше 1/16 финалето од купот на Македонија против Ринија.Гостиварци во полна форма а Љуботен со 15-тина дена тренинг но како и да е Љуботен се прикажа како исклучително силен па нашиот отпор второлигашот го скрши дури во самиот финиш во 88-та минута.Љуботен не успеа да се пласира во 1/8 финалето но затоа играчите добија огромна самодоверба пред стартот на сезоната која стартуваше 2 недели подоцна.На една недела пред стартот на првенството на ждрепката во Гостивар Љуботен во првото коло за противник го доби тимот на Градец кој имаше нескриени амбиции дека се заинтересирани за влез ранг погоре.Но како што одминуваше времето на овој натпревар се повеќе Љуботен напѓаше а тоа се исплати во самиот финиш кога Енсар Идризи со мајсторски лоб удар го совлада голманот на Градец за конечни 0-1 во корист на Љуботен.Наредното коло на домашен терен го пречекавме тимот на Вардар Ф кој минатата сезона покажаа пријателски однос кон нашиот клуб па така постапи и Љуботен кога ги пречека со овошје како и што доликува еден пречек.На теренот се беше тврдо играта на двата тима беше на високо ниво но на крајот Љуботен беше составот кој славеше со 2-1 .Во 3 коло заминавме во Кичево на градскиот стадион каде игравме против тимот на Гоце Делчев.Но овој натпревар се играше само 45 минути па при водство од 0-2 за Љуботен домашните го нападнаа судијата кој го прекина натпреварот па така Љуботен по само 3 кола го запоседна врво.Во 4 коло на домашен терен го пречекавме тимот на Речица екипа која неколку пати во минатото на Љуботен му излегувала во пресрет со отстапување на својот стадион па така Љуботен мораше домаќински да се понаша впрочем како и што му доликува на Љуботен.На теренот неизвесно до 86 минута кога со удар од бела точка Љуботен го добива натпреварот со 2-1.Во 5 коло гостувавме кај тимот на Ринија Н иако многумина стравуваа од незгодниот тим на Ринија сепак Љуботен како брз воз и со високи 0-4 го совлада домаќинот.Во 6 коло се чини Љуботен против тимот на Кастриоти го одгира најслабиот натпревар оваа есен и одигра само 0-0 но за среќа на Љуботенци тимот на Кастриот во својот состав имаше играч бес право на настап па Љуботен по упатената жалба го доби овој натпревар со 3-0 по службен пат.7 коло и натпреварот со Зајаз ќе му го препуштиме на душа на судиската тројка особено на еден од помошниците кој не дозволи Љуботен да помине центар и покрај таквиот судиски криминал сепак Љуботен извлече бод и одигра 1-1.Во 8 коло пристигна новакот во лигата Братство од Лисичане кој накај дома беше почестен до резултат 4-0 но и покрај ваквиот исход Љуботен доби нови фудбалски пријатели во тимот на Братство.9 коло и гостувањето во Чегране против тимот на Арсими долго Ќе се памети бидејќи Љуботен настапи во состав со играчи родени 92 година и помлади единствено голманот Пишовски беше поискусен бидејќи 7-8 играчи беа повредени но и еден вака млад состав успеа со гол во 90-тата минута после којзнае колку време Љуботен да земе 3 бода од ова тешко гостување.10 коло на домашен терен беше совладан тимот на Лирија Ж со 4-1 но не беше се розово при водство од 1-0 за Љуботен во 20 минута нашиот голман доби црвен картон а на клупата немавме резервен голман бидејки беше повреден па на голот застана Саше Геговски но на крајот се испадна добро за Љуботен.Во 11 коло на ред дојде оној Хорор напревар против тимот на Прпарими во Речане а играчите спасувајќи жива глава извлекоа и како планина голем бод.Во 12 коло на гости ни пристигна тимот на Врапчиште подржани од свои фанови (400-450)мислејќи дека и овојпат ќе останат непоразени како и 11 кола предходно.Но гостуваа кај лидерот Љуботен кој не планираше така лесно да се сибне од врвот па Врапчиште беше торпедиран со убедливи 3-0 после кое беше јасно кој е кој на западот...13 коло Љуботен гостуваше на тимот на Фљамуртари и домаќинот беше почастен со резултат 0-4.14 коло ново гостување кај тимот на Слога З во натпревар кој заврши 1-1 Љуботен едноставно немаше свој ден што се не испромашија играчите на Љуботен па мораа да се задоволат само со 1-1.Но како и на натпреварот со кастриоти и овојпат среќата не посака на зелената маса тимот на Слога настапи со играч со поништена регистрација па Љуботен по упатената жалба натпреварот го доби со 0-3.во последното коло на домашен терен го пречекавме тимот на Шемшово и со рутинирана игра го совладавме со 2-0.Она што е најважно е дека после овие борби Љуботен е прв со 41 бод или 4 повеќе од второпласираниот тим на Речица предност не така голема но во секој случај сигурна.Како и да е најважните битки престојат напролет но веруваме дека со задржување на играчкиот кадар кој ќе биде збогатен со најмалку три нови поискусни играчи Љуботен ќе биде посилен напролет.Ако играчите се веќе на одмор но одсега почнува работата за управата на клубот спортскиот дел да го зајакне составот а останатиот дел да се погрижи за финанската конструкција а дел во промоцијата и маркетингот на клубот кој треба да се врати на нивото и реномето кое Љуботен како најстар клуб во Македонија и го заслужува.Но оваа белешка не би била потполна кога во неа не би се спомнале играчите ХЕРОИ кој 15 кола лавовски се бореа за боите на клубот за Љуботен да биде на врвот оние кој тргнаа со тренинзи на +40 а завршија на -10 но еден ден и нивниот труд ќе биде наплатен играчите и стручниот штаб премногу го задолжија Љуботен но во блиска иднина ЉУБОТЕН ќе им се одолжи...