После не знам колку време, решив да се вратам малку на форумов, да разгледам, и дури сум тука, да ставам слика од мојот бајк.. Не дека е нешто посебно, ама купен е, надградуван, и го возам со мерак.
Mongoose Tyax 2009та, Suntour XCM v2, Alivio напред/назад/шифтери, Acera погон и касета, Deore ланец (трпи многу повеќе од претходниот, кој го зезнав по сопствена грешка), Mavic XM-317 Disc обрачи на фабричките главини (ваљда Formula), Avid BB5 кочници (кочат фантастично добро, со најобични алу рачки и најефтини сајли и кошулици, добар другар кој инаку вози Avid Elixir 5 кажа дека се многу поблиску до неговите во однос на перформанси отколку други хидраулични кочници), Velo седиште, алуминиум рогови обмотани со трака за road, платнена, од пред 20 години (поклон од тато
), Ritchey TrueGrip6 грипови, и Mongoose волан, стем и колче.
Поздрав од Охрид