во претходниот ни‘ систем, до „даска„ идеолигизиран,
Никој не го спори тоа. Идеолошки комунизмот е ист со религиите. Комунизмот (читај социјализмот, оти комунизам не ни постоеше на ниво на држава освен во некои еврејски кибуци) пропадна финансиски, не идеолошки, како што ќе пропаднат и религиите.
веќе постоеше една „теза„ дека науката (не знаеме која наука, со кои методи и средства и со кој речник) докажала (!!!) дека Бог не постои (!!!).
Наведи ја таа теза која е, кој во тоа време рекол дека дека докажал
Никој не ни‘ кажа барем едно име од некој научник кој „докажал„ дека Бог не постои, освен марксовата теза дека „...корен на човекот е самиот човек...„ што ако „логичен„ заклучок би значело дека Бог не Е Творец на човекот.
Па многу јасно дека нема да каже кој, кога никој и не рекол такво нешто. Непостоење на нештата никој досега не пробал да докаже, ниту па имал потреба да докажува.
Арно ама, истиот тој, до небо марксистички идеологизиран општествен систем, се распадна преку ноќ, со сите последици кои тој систем ги повлече....
Да тој истиот со кој и јас не се согласував, за среќа се распадна. Исто како што за среќа ќе распаднат и религиите.
Доказите се во природните науки, делумно во философиите и делумно во уметностите, оние кои се‘уште се колку-толку здрави. Науките се тие кои ги проучуваат Божјите креации, секоја од нив со свој објект на опсервација. Ако треба да набројувам што се‘ содржат природните науки (не случајно се именувани како „природни„), тоа за мене како пеодинец би бил (пре)тежок зафат.
Науките се бават со се што не опкружува, што и да е тоа. А божја креација е она за што ќе се докаже дека е божја креација. Не само заради тоа што некој египетски роб или налудничасв израелец или педофил арап рекле така.
Значи науките истражуваат се’.
А со Бога, како Креатор, не се занимаваат науките, туку Црквата и нејзиниот катихизис.
Ако црквата се бави само со бог како креатор што тогаш, што има да се меша во науките и во политиката кај што не и е место?
Едно потпрашање за твоја ментална гимнастика. Дали Ватикан не учествува во креирање на науката?
Така, науките имаат свој објект на опсервирање и проучување-тоа е Божјата креација, се‘ што е во Вселенава, а Црквата има свој-Креаторот, онака како Он ни‘ се објави(л).
Науките опсервираат се’. Нејзината се поголема опсервација го намалува просторот за божјо постоење. Божја објава ќе биде кога ќе биде од него објавена, не од „посредници“. Досега имаме човечка објава за бог. Божја сеуште нема. Во последниве милениуми се познати гореспомнатите тројца кои сепак биле луѓе, не богови, кои си умислиле некаква си објава од бог.