Јас воглавно бидејки одам повеќе за пари, не си оддавам многу луксузи. Иначе еве ви некои совети што можат да ви користат ...
Значи ако одите да се вратите со полн џеб оставете ги работите како спасувач на базен, раздавање флаери, и забавни паркови. Парата не лежи на плажите и во елитните квартови, туку во индустриската зона на секој голем град. Е сеа ако си ептен со перфектен јазик, и да знаеш да им се улижуваш и да персираш, и да успееш да се бутнеш како келнер во некој елитен ресторан, е тука веќе си го фатил крупниот дивеч. Ќе штампаш пари од бакшиш, америте обожаваат кога некој ќе ги услужи како господа и кога им персира, дури и кога им го потргнува столот за тие да седнат.
Али многу тешко се доаѓа до ваквите работни места, дури агенцијата и да сака да те намести на вакво работно место нема да може да ти гарантира сигурно, бидејки кога ќе одиш те чека менаџерот на ресторанот со исцрпно интервју кое може да трае и по цел саат, а секако и искуството во угостителството ќе ти го побара кое може да биде и пресудно.
Е сеа како што реков погоре ... Индустриските зони. Обично се наоѓаат на излезите од градовите , ако си некаде во самиот центар може да патуваш и по саат до саат ипол до работното место. Работна позиција во фабрика во која би вршиле некаков вид на потешка физичка работа знајте дека е добро платено, испод 12 долари на час не е , а се работи по минимум 55-60 часа неделно. Може да ви дадат вилушкар и да растоварате камион, а може и да ве бутнат во некој паковен подрум и по цел ден да пакувате роба, па и бел ден нема да видите.
Да не зборувам па за градежните работници колку се платени. Тие што имаат искуство со гаранција ги вработуваат, имаат многу голем недостаток на физичка работна сила, а америте не се нафаќаат да им работат за тие пари, па најчесто некои мексиканци и друг народ од латинска америка се врти низ тие работи, али ги плаќаат обилно. Пристаништа на товарни бродови, проверување и товарење на контењери на бродовите, многу теренска работа , и сите други горе наведени работи ќе ви донесат пари во Америка, нормално ако не се расфрлате на разни луксузи.