Возачка дозвола на 16 години во Македонија ?

Член од
14 август 2010
Мислења
104
Поени од реакции
22
Се согласувам.

Ај овие поелитните такси компании како што се Лотус, Наше такси и сл. возат убаво, али оние дифтарине се катастрофа, ужасно возат.

Исто и оние со кантите увезени (се извинувам ако некој се препознае) , до вчера возеле некое раскапано Југо па ај присобрале 3.000 / 4.000 евра и увезле уште пораскапан Мерцедес или БМВ, ама важно пред волан да ја гледа значката на Мерцедесот или БМВ_то и ќе се курчат демек види ме возам кола од висока класа и се прават фраери со гас до даска а баш тие увезени канти се ептем несигурни и у секој момент може да ти откаже кочница и да се направи огромна беља во која што за жал можат да погинат и невини луѓе.

Може да се вози кола што има максимум 75 или 80 киловати ... односно тоа би му дошло негде околу максимум 100 коњски сили.
Сами ќе можеме да возиме до 20 часот, а после 20 часот (до 5 сабајле) ќе треба да се вози со родител кој што има возачка дозвола или со лице кое што има возачка дозвола.

И може да возиме кај сакаме, а не само во општината во која што живееме како што беше претходно најавено.
вистина ли е дека може да се вози насекаде (мислам во сите општини)???
 
L

Lu

Гостин
вистина ли е дека може да се вози насекаде (мислам во сите општини)???
Да да, 100% сум сигурна.
Дозволено е секаде да се вози, а не како што беше претходно најавено дека смеело да се вози само во својата општина.
 
П

Пепси_

Гостин
Се согласувам.

Ај овие поелитните такси компании како што се Лотус, Наше такси и сл. возат убаво, али оние дифтарине се катастрофа, ужасно возат.

Исто и оние со кантите увезени (се извинувам ако некој се препознае) , до вчера возеле некое раскапано Југо па ај присобрале 3.000 / 4.000 евра и увезле уште пораскапан Мерцедес или БМВ, ама важно пред волан да ја гледа значката на Мерцедесот или БМВ_то и ќе се курчат демек види ме возам кола од висока класа и се прават фраери со гас до даска а баш тие увезени канти се ептем несигурни и у секој момент може да ти откаже кочница и да се направи огромна беља во која што за жал можат да погинат и невини луѓе.

Може да се вози кола што има максимум 75 или 80 киловати ... односно тоа би му дошло негде околу максимум 100 коњски сили.
Сами ќе можеме да возиме до 20 часот, а после 20 часот (до 5 сабајле) ќе треба да се вози со родител кој што има возачка дозвола или со лице кое што има возачка дозвола.

И може да возиме кај сакаме, а не само во општината во која што живееме како што беше претходно најавено.
Тој сељак ако пред тоа возел југо со 80 и кочел без АБС сигурно нема ништо да ти направе со кола која има АБС. А ти како шо знам имаше ланЦер,шо да не мислиш дека не може нешто да му откаже од електроника или др ? пффффф

сори за оф топикот
 
Работата е што тој сељак (како што ти го нарече) лета во облаци и се прави фраер дека од Југо седнал во Мерцедес.
И ако со Југото претходно возел 80, сега со „новиот“ стар Мерцедес, БМВ и сл. вози 180 и џабе му е и АБС и воздушно перниче и се му е џабе кога се прави фраер и вози како лудак (нормално дека постојат исклучоци).

А мојот Мицубиши Лансер е НОВ од салон земен и шансите нешто да му откаже се многу помали отколку на стара раскантана кола од 90' година, а башка тоа Јапонските коли (во конкретниов случај Мицубиши Лансер) се синоним за квалитетна и прецизна електроника ...

сори за оф-топикот морав да одговорам на прашањето
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Тие што сакаат да возат бесно на 16 ќе возат бесно и на 18 и 20 и 25.
 
L

Lu

Гостин
Тие што сакаат да возат бесно на 16 ќе возат бесно и на 18 и 20 и 25.
Точно така, незнам зошто сите се фатиле за 16 годишниците.
Јас појше би се плашела од старите луѓе бидејќи им се опаднати рефлексите, а башка има и пијани и секакви возат.
 
L

Lu

Гостин
Ај ако сакаш не ми ја навредувај колата. :(
Не ти ја навредувам колата и однапред се извинив ако некој се препознае во мојот пост.
Ако целосно го прочита мојот пост сигурно виде дека јас реков дека шансите да се расипе мојот нов Лансер се мноооогу помали отколку некоја стара раскантана кола од 90' година и тоа го напишав како одговор на поставеното прашање од страна на членот Пепси_.

И ајде доста отидовме оф-топик, слободно можат да се избришат последниве неколку мислења.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
460
Поени од реакции
130
Ако е така јас имам кола од 92 сега кај сакаш одиме ако откажи нешто за тебе ти ја оставам... незначи дека ако е стара колата дека нее исправна .
 
L

Lu

Гостин
Ако е така јас имам кола од 92 сега кај сакаш одиме ако откажи нешто за тебе ти ја оставам... незначи дека ако е стара колата дека нее исправна .
Не реков дека ако е стара колата дека не е исправна, туку реков дека на стара кола (која што не е добро одржувана) е многу поверојатно и полесно да откаже нешто некој дел, отколку на нова кола од салон.
И аман доста више отидовме ептем оф-топик.
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Не ти ја навредувам колата и однапред се извинив ако некој се препознае во мојот пост.
Ако целосно го прочита мојот пост сигурно виде дека јас реков дека шансите да се расипе мојот нов Лансер се мноооогу помали отколку некоја стара раскантана кола од 90' година и тоа го напишав како одговор на поставеното прашање од страна на членот Пепси_.

И ајде доста отидовме оф-топик, слободно можат да се избришат последниве неколку мислења.
Се зезав.
Освен тоа, колата и исправноста на истата не го прави возачот подобар, или полош.16 годишно дете не треба да поседува возачка дозвола. 16 годишно дете треба да се занимава со работи кои што деца од таа возраст и треба да се занимаваат. Гледање серии, играње игри, посетување настава, и бркање девојка/дечко. А не да управува машина која може многу лесно да се претвори во убиствена, ако позади воланот на истата се најде некој неспособен. А самото поседување на возачка не значи дека некој не е неспособен. Имањето возачка не те прави возач кој е спремен за секаков терен, по секакви услови, и со секакви потешкотии да вози. А 16 годишно дете тоа ќе го мисли откако ќе положи градска.

Ама џабе правиме муабет, пошто веќе е донесен законот. Нека ни е Големиот Пингвин напомош.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Знам дека на никој не му се свиѓа (поточно на тие што се над 18 год) ама барем сватете го ова како намалување на скутерчињата низ град, со нив се пикаа и каде ги бери и каде не ги бери, префлаат ленти наеднаш и све то.. Е со кола белким нема цик цак да вози по патон (добро сега со исклучоци на некои бесни, ама тие се такви и на 16 и на 18 и на 25 и на 50)
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
30
bev da se prijavuvam pred nekoj den za redovno zimanje na casovi za polaganje i prasav za noviot zagon no od avtoskolite nekako ne se zapoznaeni bas so ovaa T.e neznaat so kako treba i kako d apostapat DALI VOOPSTO KE E ZAKONOV E PRASANJE ...???
a moze i treba poekje vreme
:))
 
Kajgana Shop

На врв Bottom