Ти тврдиш дека бебињата биле крстени затоа што пишувало дека во Библијата пишувало дека се крстил возрасниот заедно со сите негови домашни или целиот негов дом. Ти велиш дека се вклучени и бебињата затоа што пишувало „и сите негови домашни“. Но цитатот со силувањето во градот Содом исто така вели „и големи и мали, целиот народ
ДО ПОСЛЕДНИОТ ЧОВЕК“.
Ако толкуваме буквално во првиот случај, зошто да не толкуваме буквално и во вториот? Само затоа што така ни наложува догмата?
Зошто потребата од два аршина?
Ти велиш дека не е возможно бебе да силува. Се сложувам со тоа. Ако човек го уклучи разумот ќе сфати дека бебето не може да силува затоа што нема капацитет, ниту квалификации да го направи тоа. Но истото важи и за верата и покајанието на бебето. Како што едно бебе не може да силува, исто така и едно бебе не може да верува дека Исус е Божјиот Син Кој дошол на Земјава, пострадал за гревовите на луѓето и воскреснал на третиот ден. Бебето тоа едноставно не го знае, ниту може да го спознае 40 дена по неговото раѓање.
Бебето исто така не може ниту да се покае за гревовите.
Воопшто не алудира на појава на свештенство. Во Новозаветната Христова Црква се спомнати пастири, надгледници (епископи), старешини, учители, евангелисти, служители (ѓакони), но никаде не се спомнати свештеници. Напротив, во Новиот Завет на неколку места се потенцира дека Христос е единствениот посредник, свештеник и првосвештеник Кој има вечно свештенство кое не може да премине на друг. Посланието до Евреите зборува на долго и широко за тоа од 4то поглавје до 8то поглавје.
Христовата наредба за крштевање вели вака:
„Така одејќи, направете ги сите народи
Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!“ (
Исус, ев. Матеј 28:19, Библијата)
Бебињата не можат да бидат Христови ученици додека не потпораснат малку и да имаат капацитет за поучливост. Залудно ќе му зборуваш на едно бебе старо 40 дена. Залудно е и ако со рацете му објаснуваш кој е Христос и што направил за него. Тоа пак нема да те разбере.
„И им рече: „Одете по целиот свет и
проповедајте го Евангелието на секое создание!
Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.“ (
Исус, ев. Марко 16:16, Библијата)
1. Не бебенце е бесмислено да му проповедаш - тоа нема да те разбере.
2. Запази го редоследот на Христовата заповед: „
Кој поверува и се крсти“ Значи повторно Исус е кристално јасен дека прво човек треба да поверува, а потоа да се крсти.
Не ти е познат, затоа што во православните кругови Библијата се наоѓа на крајот од полицата со книги, а напред и на работните маси се наоѓаат литургиските книги, книги од разни свети отци, монаси и сл. Ѓаволот суптилно ги навел православните верници да читаат човечки книги и преданија и со тоа да веруваат дека се хранат духовно.
Повели цитирај го цитатот во неговиот поширок контекст и да видиме дали ќе му се смени значењето. Филип јасно и недвосмислено вели: „
Ако веруваш од се срце - можеш (да се кристиш)“ (
Дела на апостолите 8:37, Библијата)
Не гледаш или не сакаш да видиш?
Прво, дете е широк поим. Според некои дете може да има и 17 години кога се разбира дека има капацитет да го слушне и разбере Христовото евангелие и да поверува во него, да се покае и да се крсти. Може и на помали години, но никако не може 40 дена после неговото раѓање. За ова не ти треба библиски стих. Доволно е човек да биде неиндоктриниран и со чист разум да размисли дека бебето не може да го познае Бог, Исус, евангелието, не може да се покае за гревовите и сл.
Православците знаат за овој доктринален проблем и сосема се свесни за него. Впрочем оттука е измислена и доктрината за кумство. Имено при крштевањето на бебето наводно кумот верувал во негово/нејзино име. Оваа ерес внесува дополнителни проблеми отколку што го решава проблемот, бидејќи според ова следува дека некој друг може да верува за тебе и твоето спасение.
Ако Јован во утробата го познал Исус, тогаш зошто подоцна јасно рекол дека не Го познава?
„Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него.
Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.” И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”“ (
ев. Јован 1:32-24, Библијата)
Ти велиш дека во утробата Јован го познал Исус со срцето, а подоцна и физички. Но зошто тогаш имало потреба од знакот со гулабот? Ако Јован можел во утробата да го познае Исус преку срцето, тогаш можел и подоцна да го познае на ист начин зарем не? Освен ако не веруваш дека срцето на Јован имало супер моќи во утробата, а потоа закоравело па веќе не можело да познава. Гледаш во каква пајажина човек може да се заплетка кога упорно и догматично се држи до нешто што и самиот знае дека е небиблиски и котра-библиски?
Јован крштевал покајничко крштевање и ги упатувал луѓето да веруваат во Оној Кој доаѓа после него т.е. во Исус. Јован имал ограничено познавање на Исус и истото не го добил кога Марија и се приближила на Елисавета (телепатски преку утробата), туку Јован јасно и децидно кажува:
„Јас не Го познавав, но
Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече:...“ (
ев. Јован 1:32-24, Библијата)
Значи Бог кога го испратил Јован да крштева во вода му рекол одредени работи за Исус т.е. му дал одредена објава за Него.
Но како што кажав, тоа е
специфично и УНИКАТНО за Јован Кристителот. Јован е уникатен исклучок Кој ја имал таа привилегија да биде предвесник на Месијата. Јован не е правило, туку исклучок. Кое друго бебе може да се пофали дека Бог го испратило на таква мисија и му дало објава? Кое друго бебе одело, оди или ќе оди во Илиевиот дух?
Понатаму, Јован некои информации ги дознал за Исус во книгата на пророкот Исаија која добро ја познавал. Во таа книга има околу 50 пророштва за Исус и Јован ги знаел тие. Од каде знаеме? Епа и самиот Јован се претставува себе си како „Јас сум глас на оној, кој вика во пустината: израмнете го Господовиот пат,” како што рече пророкот Исаија.” (
ев. Јован 1:23; Исаија 40:3, Библијата)
Дури и Исус знаел дека Јован дознал многу работи за Него преку читање на книгата на Исаија, па затоа кога Јован испратил луѓе да го прашаат Исус дали е Тој Оној Кој требало да дојде или требале да чекаат друг, Исус го потсетува на едно од пророштвата за Него запишани во книгата на Исаија:
„Кога Јован чу во темницата, за делата на Христос, испрати двајца од своите ученици, и Му рече: „Ти ли си Оној, Кој треба да дојде, или да очекуваме друг?” Исус им одговори и рече: „Одете и јавете му на Јована што слушате и што гледате: слепите прогледуваат и хромите одат, лепрозните се очистуваат и глувите слушаат, мртви воскреснуваат и бедните го примаат Евангелието; и блажен е оној, кој не се соблазнува заради Мене.”“ (
ев. Матеј 11:2-6, Библијата)
п.с. За домашна задача ти оставам да го пронајдеш ова пророштво во книгата на Исаија
Кога го добил не знаеме и не е важно. Важно е дека го добил како лична објава од Бог во моментот кога Бог го испратил да крштева со вода. Ваква наредба Бог не им дава на сите новородени бебиња. Тоа било уникатна служба и уникатна објава на Јован Крстителот. Не можеме и не исправно е да се повикуваме на оваа привилегија на Јован и да ја генерализираме дека таа важи за сите бебиња и со помош на тоа да оправдуваме некои јасно небиблиски догми на оние цркви кои што крштеваат бебиња.
Наместо тоа, доколку проучуваш црковна историја, ќе дознаеш кога и од која причина се појавило крштевањето на бебиња.
Но проучувај објективно, не само од православни цензурирани и индоктринирани книги. Читај сестрано, и разумски споредувај. Вистината јасно и лесно се одвојува од лагата, барем за вакви елементарни работи.